Реал ги нуди Робен и Снајдер плус 18 млн. евра за Рибери

Перез продолжува да го нервира Платини - сака Суперлига без мали клубови
Продолжува сапуницата околу трансферот на Франк Рибери во Реал Мадрид. Претседателот Флорентино Перез не се откажува од Французинот и на Баерн му понуди две опции - или во кеш 64. милиони евра или во Минхен да „долетаат“ Робен, Снајдер и дополнителни 17,5 милиони евра. Новиот тренер на Баерн Луис ван Гал изјави дека Рибери му кажал дека сака да си замине и дека тоа може да претставува сериозен проблем, кој треба да се реши што поскоро. Реал М. летово донесе четири играчи (Роналдо, Кака, Бензема, Албиола) за кои плати 215 милиони евра, а Перез кажа дека му требаат уште два играча, а истовремено планира да избрка 10.
Инаку, Перез, паралено со тоа што му оди на нерви на претседателот на УЕФА Мишел Платини со астрономските трансфери, отворено ги повика големите клубови да оформат Суперлига без малите тимови, као би можеле гигантите да играат меѓусебно повеќе пати во годината. Сепак, Перез во тие свои планови не ја тргна на страна УЕФА: „Мораме со УЕФА да работиме на основање на Суперлига која би гарантирала дека големите постојано ќе играат меѓусебе. Тоа во моментов не е случај во Лигата на шампионите“, смета Перез.
Првиот човек на Реал тврди дека таквото натпреварување од затворен тип нема да го намали интересот на националните првенства, но во него сигурно би немало место за малите клубови, што сигурно, пак, нема да му се допадне на претседателот на УЕФА Мишел Платини, кој до своето доаѓање во УЕФА сака да направи каков таков баланс на европската фудбалска сцена.
Во КолумбиЈа фудбалер уби навиваЧ
Напаѓачот на колумбискиот Јуниор де Баранкиље, Хавиер Флорез уби еден навивач кој му замери на губењето на титулата национален првак. Флорез е обвинет дека два пати пукал во 27 годишниот електричар од Баранкиље, градот на северот на Колумбија. Фудбалерот по убиството се обидел да попегне, но полицијата бргу го уапсила. Јуниор загуби во финалето од плеј-офот за титулата од Онсе Калдас со вкупен резултат 5:2 и не успеа да се квалификува во Купот Либертадорес, латиноамериканската Лига на шампиони.
Тевез: Не сум предавник, ме избркаа
Карлос Тевез може да се смета за бивш играч на Манчестер јунајтед, а следната дестинација би можела да биде градскиот ривал Манчестер Сити. Во интервјуто за „Пипл“ Тевез жестоко го нападна Алекс Фергусон, кого го смета за главен виновник што мора да го напушти клубот. „Понудениот договор не ми се допадна и се што ми остана беше да заминам, бидејќи беше доведен во прашање мојот напредок во Јунајтед. Првата година на „Олд трафорд“ беше одлична во секој поглед, но втората почнаа да се случуваат некои работи кои не можам да ги објаснам“, вели Тевез.
Како пресуден момент Тевез го гледа мечот со Ливерпул, во која Јунајтед загуби со високи 1:4. „Фергусон по мечот буквално ме игнорираше и ме обвинуваше за тој пораз и покрај тоа што Ливерпул беше подобар и доминираше во текот на целиот натпревар. Подоцна навивачите бараа да добијам поголема минутажа, меѓутоа тој тоа не го слушаше. Тој секогаш знае најдобро“, нервозно коментираше Тевез.
Жирков пристигна во Лондон
Според рускиот „Спорт Експрес“ 25 годишниот репрезентативец на оваа земја Јури Жирков допатувал во Лондон каде треба да потпише договор со Челзи. Овој левокрилен фудбалер ќе биде првото звучно засилување за тимот на Карло Анчелоти. Трансферот на Жирков од ЦСКА Москва, за која игра од 2004 година (на 139 меча во руската Премиер лига постигна 15 гола), е вреден 18 милиони фунти.
|