Девојките сакаат старт со победа на ЕП во Охрид
Со убедливата победа на Португалија над Австрија 71:46 вчера во Охрид стартуваше европското првенство за кошаркарки до 20 години. Најефикасни кај Португалија беа Родригез со 15 коша и Дјаси со 13. Кај Австрија тоа беше Такач со девет коша, а по неа следеа Копл и Шичл со осум. Во скок играта на Португалија доминираше Брага, која имаше 10 скока од вкупноте 38 на Португалките.
Покрај овој натпревар вчера требаше да се одиграат и мечевите меѓу Грција и Велика Британија и Унгарија и Белгија, исто така од групата А.
Како што е познато, вечерва од 21 часот македонските кошаркарки го играат својот прв натпревар од групат Б против Изреал. „Едвај чекаме да почне мечот. Атмосферата е одлична. Овие денови во Охрид ги искористивме за отстранување на некои слабости. Девојките се подготвени, ќе биде многу важно да се победи Изреал. Ги повикуваме гледачите во што поголем број да ни дадат поддршка“, изјави селекторот Александар Петровиќ. |