Црни прогнози: без ЕУ, Балканот ќе отиде во авторитаризам
Економската криза ќе предизвика националистичка мобилизација
Од нашиот дописник Слободанка Јовановска
Брисел - Американскиот експерт за Балканот, Ленард Коен, ја предупреди Европската унија дека ќе плати висока цена ако ја одложи интеграцијата на земјите од Западен Балкан, како што се навестува од некои држави-членки годинава.
„Рапидната промена на економските услови претставува опасност за регионот, па ненадејниот пресврт во политичката клима ќе предизвика демагошка, популистичка и националистичка мобилизација“, тврди Коен во анализата објавена во Брисел. Тоа, според него, ќе повлече сериозна ерозија во демократизацијата и пазарните реформи, а резултатот ќе биде слабеење на државите и повторно фрагментирање на општествата.
„Тоа ќе испровоцира создавање дефектни демократии кои не се целосно авторитарни, ниту пак навистина демократски. Избегнувањето на таквото сценарио на границите на ЕУ ќе зависи само од лидерите во Унијата што гледаат напред, од софистицираните политички одлуки и од стрпливоста во и надвор од Балканот“, оценува Коен.
Во најлошото сценарио, според него, масовното незадоволство, насилствата и радикалниот национализам можат да доведат до пропаѓање на државите, што може да се спречи со поддршка на умерените политичари и други потези на Унијата. Иако, според Коен, Балканот ќе падне во сенка на настаните во други делови во светот, тој и натаму останува стратегиски важен за САД и за ЕУ, па оценува дека американската администрација ќе треба да работи тесно со Унијата за да ја одржи поддршката кон евроатлантските вредности во овие земји.
Опишувајќи ја актуелната состојба во балканските земји, Коен ја портретира како состојба меѓу надеж и експлозивност. Како најголема причина за тоа ја гледа економската криза и рефлексиите што доаѓаат поради неа од Унијата. „Кредибилноста на целиот безбедносен и надворешнополитички проект е на тест во Западен Балкан. Ако ЕУ не направи навремен потег со проширувањето и ако не обезбеди суштински прогрес во европеизацијата на овие земји, без сомнение ќе плати подоцна висока цена“, смета Коен.
Како најфр��гилни тој ги посочува Косово, јужна Србија, Македонија и делот од Црна Гора каде што живеат малцинства, практично исцртувајќи го албанскиот проблем во регионална димензија. Како изгледа тоа губење на кредибилитетот на ЕУ тој го илустрира со изјавата на премиерот на Република Српска, Мирослав Додик, кој изјавил дека во регионот се величат премногу меѓународните претставници, а да биле навистина такви големи експерти, немаше да имаат ваква економска криза во западните земји.
За Македонија, Коен оценува дека потенцијалот за насилство значајно се намалил од 2001 година, но дека лидерите на главните партии и натаму сакаат да добијат предност со „етнизирање“ на рутинските политички одлуки, а политиката во земјата се' уште се врти околу етничките оски место околу граѓанските интереси. Внатреалбанските пресметки за време на минатогодишните избори, пак, според Коен, покажале дека земјата и натаму е ранлива и дека е лесно подложна на радикализација и нестабилност.
Македонија, смета Коен, не воспостави целосно либерална и граѓанска политичка култура која може да доведе до видлив и одржлив демократски систем.
Najcrna e prognozata za Makedonija, nagore visoko nadolu dlaboko. Grujo izgleda ne sfati, deka pregovorite megju Grcija i Makedonija ne se na ramnopravnoa osnova. Grcija e chlenka na NATO i EU. Grujo ako beshe pameten kje chekashe Makedonija da vleze vo EU, pa posle mozheshe i Skopje vo Pela da go preimenuva. A i neznam shto ima losho ako se vikavme Severna Makedonija, toa samo potvrduva deka ima i Juzhna Makedonija i toa nema nishto vrska so identitetot. Vo Severna Irska zhivet irci, a vo Juzhna i Severna Koreja zhiveat koreanci. A mozhebi Grujo i ne e tolku naiven, tuku raboti na srpskata opcija, Grujo beshe kako shto se sekjavam sovetnik na eden srpski minister.
Од: ljupco,bitola
Датум: 28.03.2009 00:23:26
Само не анализираат од сите страни како да сме експериментални зајаци.Што не ја насочат малку таа своја перцептивна моќ кон себе,па да видат какви дефекти ќе најдат во нивните`демократски` општества.Смачено ми е да читам и слушам вакви `анализи` од луѓе кои се избркани од своите земји како крајно неспособни и неподобни.
Од: flaster siti
Датум: 28.03.2009 00:23:36
Нема врска. И овие се платеници на Бранко. Кај може нам додека е Грујо на власт да ни се случи црно сценарио? Македонија до Токио!
Од: Analiticar na medjunarodnite odnosi
Датум: 28.03.2009 01:47:43
Balkanot, a posebno Zapadniot Balkan se naodja vo paradoksalna polozba. Deklaraciite na EU i SAD za integriranje na zemjite od Z. Balkan vo EU i NATO se licemerni i kontradiktorni! Interesite na SAD sprema ovoj region se celosno sprotivstaveni na interesite na EU. Pri toa treba da se ima predvid razlicnite priodi na EU i SAD sprema zemjite od tn. Nova Evropa, odnosno Istocno-evropskite zemji, koi se naglaseno proamerikanski! Medjunarodnata i geo-politickata polozba na Z. Balkan e, sepak, mnogu pokompleksna i pospecificna, bidejki tuka se sudiraat interesite na znacitelno pogolem broj faktori otkolku vo regionot na Centralna i Istocna Evropa!
Од: Kole
Датум: 28.03.2009 06:39:18
Не Балканот току Македониjа
Од: Kultiviran Balkanec
Датум: 28.03.2009 07:57:41
Na albancite ne mozat granici da gi sprecat za da se soedinat, tie cekaat samo pogoden moment ili pak zeleno svetlo od Washington, a mozebi i Grojo racuna na toa, pa da go prikluci ostatokot od Makedonija kon Srbija.
Од: Asterix
Датум: 28.03.2009 08:14:13
Zosto avtorot pisuva vo idno vreme? Pa toa se slucuva vo MKD vekje 3,5 godini. Samo kopuci kako ljupco od bitola, irina-kavadarci i ace od avstralija nemozat da go vidat toa. Toneme vo totalitarizam....ili kako sto avtorot saka da kaze "defektna demokratija" koja ja sozdavaat defektni politicari.
PS. Za gorespomenative kopuci - Hitler ja imal najgolemata podrska od narodot 44-45, koga na germancite im bilo najtesko. So siromasen, isplasen i neobrazuvan narod, najlesno se manipulira. Zatoa agendata na VMRO e da ne osiromasat i isplasat. I sistemot na edukacija go unistija (koj i onaka ne bese za pofalba, megjutoa daleku podobar od segasniot).
Од: slartibartfast
Датум: 28.03.2009 08:36:05
Makedonija veke ima avtoritarfna vlast. Aj mrdni da te vidam. Uste malku ke staneme kako Severna Koreja, a siguren sum deka takva kontrola posakuva Grujo.
A be koj normalen covek koj sekako drzi do svojot integritet ke glasa za onaa faca Ivanov? Totalen luzer.
I uste nesto, organizirfanosta i nacinot na koj dejstvuva VMRO e ista kako onaa na komunistgickata parftija, samo slepec nemoze da vidi deka edinstveni komunjarik vo drzavava se tokmu vmrOVCITE.
Од: Petre
Датум: 28.03.2009 08:45:08
dosta se fakamae za sekoj sto ke dade nekoja izjava; site tie "eksperti" se pod necie vlijanie, dali grcko ili albansko lobi; od druga strana EU kako struktura e se uste mnogu nehomogena i se navoga vo kolaps; ocigledno e deka pored edna Grcija koja e vo rasulo, pored Ungarija koja e vo bankrot a istiot se zakanuva i na drugi, vleguvanjeto na Makedonija vo EU ne e ekonomski problem za EU tuku se raboti samo za politika na Grcija, t.e. na nejzinite celnici im e potreben problemot so imeto za da gi zamackaat gorlivite problemi vnatre vo sopstvenata drzava; znaci nivnata cel ne e samo kocenje na Makedonija tuku i na Albanija, no tamu ne uspeaja zatoa sto vladee vnatresno edinstvo; koga EU bi i se zakanila na Grcija so isfrluvanje od EU poradi vnatresniot politicka i ekonomski haos, togas bi bila druga pesnata.. no kako jaknee krizata se poveke ke ima ne samo skepticizam poradi prosiruvanjeto tuku i vnatresno nezadovolstvo vo EU, protiv clenkite PARAZITI na tug grb
Од: Kristalna noc
Датум: 28.03.2009 09:21:13
Makedonija i ovde e lider na Balkanot . Nie ne samo sto prvi izgradivme "defektna demokratija" no prvi izgradivne avtoritaren rezim koj vodi kon totalitarizam. I da go koregiram " startbartfast" VMRO vo nacinot na funcioniranjeto, postapkite i odnesuvanjeto, povece nalikuva na nacional-socijalistite vo Germanija vo triesetite godini od minatiot vek, otkolku na komunistite.
Од: nekoj
Датум: 28.03.2009 13:01:28
Pisuva: "не воспостави целосно либерална и граѓанска политичка култура која може да доведе до видлив и одржлив демократски систем.". Nema sto da se dodade poveke! I dosta so tie vasi kritiki kon site ovie politicari! Sepak toa se ogromni zemji so silna ekonomija i iskustvo! Pominale mnogu sto nie doprva ke go odime! Mi se gadi od primitivizmot na nekoi komentari!
Од: VISTINA
Датум: 28.03.2009 15:12:06
Ako Evropa e odamna vo Makedonija,togas i Makedonija e vo Evropa!Tie kaj nas nie kaj niv!LOGICNO.
Од: pero
Датум: 29.03.2009 11:38:27
Кај нас веќе се гледа на дело, се инсталира Грујо со Фамилијата, поопасно од тоа ЗДРАВЈЕ!!?