Број 2948  сабота, 28 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Мислења

Кој прогнозираше крај на капитализмот!?

Филип Петровски

Ние се ситевме на пропаста на капитализмот, а за кризата не' уверуваа дека нема да стаса до нас, односно дека ќе не' одмине со сигурност

Економските информации од големите светски берзи деновиве се повеќе од позитивни. На изненадување на сите (речиси на сите), затоа што последните месеци се изнаслушавме толку многу лоши вести за економијата. Како кај нас така и во светот, што ни стана сосема вообичаено да зборуваме за уште повеќе лоши вести, односно за потребата што поподготвено да ги пречекаме „црните денови“ што се пред нас. Лошите економски предвидувања веќе се дел од нашите животи. Црните наслови веќе не се ништо ново. Насловите веќе и во Македонија се исполнети со бројки што изразуваат колкава е бројката на отпуштени работници во разни индустриски гранки. Сите се натпреваруваат да ја погодат бројката уште колку отпуштени ќе има, односно кога ќе го допреме дното. Па што ли следува понатаму, односно што навистина не' чека, е легитимно прашање.

Истовремено од многу држави до нас доаѓаат слични информации. Истата состојба како да се повторува на ист или на многу сличен начин и таму. Неколку европски држави веќе побараа поголеми суми од светските финансиски институции за да ги дотераат своите биланси. Станува збор за големи суми тешко замисливи за обичните луѓе. Она што се зборува е дека ММФ нема да има толку пари колку што се потребни за да се излезе во пресрет на сите држави кои сега се во неволја. Во таква ситуација која многумина аналитички, преку соодветни примери, ја споредуваат со големата депресија од триесеттите години на минатиот век, се поставува прашањето како ќе се справи светот со последиците од сегашната криза? Овие темни сценарија, односно предвидувања уште повеќе се засилија во почетокот на март оваа година, кога „Дау Џонс“, американската берза, падна под 7.000 поени. Практично, ова беше долна бариера за која се сметаше дека е опасна, односно дека психолошки ќе ги обесхрабри уште повеќе инвеститорите. Во однос на над 14.000 поени кои оваа берза ги имаше во октомври 2007, паѓањето под 7.000 навистина е голема разлика за многу малку време.

Црните сценарија уште повеќе добија на сила, затоа што споредбените податоци со големата депресија од триесеттите речиси се идентични. Односно, ако се споредат индексите, процентот на паѓање, како и периодот во кој тие паѓале. На 3 септември 1929 година, „Дау Џонс“ бил со вредност од 381 поен за по речиси идентичен период да падне на историски ниската вредност од 172 поена во јануари 1931 година. Оваа мимикрија некои аналитичари ги принуди дури да размислуваат да прогласат и „крај на капитализмот“.

Забележав дека ваквите размислувања не им се далечни дури и на некои колумнисти во Македонија. Уште повеќе, ми се чини дека како да се радуваа на овој најавен колапс на финансиските берзи и најавата за долгорочна криза само да се докаже дека претходниот систем во кој тие живееле бил подобар. Притоа мислам на југословенскиот модел на социјализам, во духот на кој дел од тие денешни аналитичари се раснети. Како што се гледа, тоа оставило трајни убедувања против системот во кој денеска живееме, односно кон кој доброволно транзитиравме. Се чини дека тие се и повеќе од задоволни што конечно „ќе се докаже“ дека капитализмот почива на погрешни основи, односно е систем кој навистина требаше да биде заменет со социјализмот, кој на крајот ќе не' доведеше до комунизмот... И така, ние се ситевме на пропаста на капитализмот, а за кризата не' уверуваа дека нема да стаса до нас, односно дека ќе не' одмине со сигурност. Само до пред неколку месеци со една невидена леснотија се одвиваа економските просеци и предвидувањата беа, ако не светли, тогаш со сигурност може да се каже речиси розови.

Звучеше добро оваа замисла за држава која економски нема меѓузависност со светската криза. Нешто како познатата Фихтеова книга „Затворена економска држава“, каде што овој филозоф ги разработува принципите на функционирање на една држава која не би требало да има никаква зависност од надворешни влијанија. Перфектна филозофска промисла, невидено убедливо напишани дело. Има само еден проблем, во денешниот свет е неостварливо, односно е утопија. Согласно со ова, ние и тоа како почнавме да го чувствуваме притисокот на светската криза во последните месеци. Се докажа и дека сме дел од светските текови, односно дека не можеме да се надеваме оти со изразување добра волја и немање вина, се' ќе не' заобиколи како да не било.

Светската криза му остана како наследство на Обама. Му ја остави како мираз Буш. Иако за волја на вистината, се сеќавате, тој инјектира околу 1.000 милијарди долари помош на економијата. Без успех. Не беа доволни. Се говори дека од почетокот на кризата на берзите се загубени 28 илјади милијарди долари. Фрапантен податок. Навистина обесхрабрувачки за секој што има намера да се справува со него. Меѓутоа, Обама храбро и без одложување се зафати со помош на економијата. И тој дотури огромна помош за американската економија. Неброени милијарди... Толку многу пари се дадоа што кога потоа повторно немаше некоја особена реакција на берзите, сите започна да ги фаќа голема паника.

Сега доаѓам до поентата на текстот. Токму во тие моменти на најголемо паѓање на берзите, еден мој пријател ми кажа дека американската економија покажува сериозни знаци на закрепнување. Според него, всушност, во партија рулет куќата не може да загуби никогаш. Колку и да изгледа добивката на еден играч (на пример, соперничките економии на САД) во моментот голема, куќата секогаш победува. Затоа што таа ги има во свои раце инструментите на играта. Кога го правевме муабетот, ми беше нелогичен, нереален. Берзите тонеа, крајот не се гледаше. Дури и познатиот Штиглиц го нападна планот на Обама како големо глупирање, затоа што стимулациите биле упатени на погрешна адреса. Па сепак, се сеќавам на пријателот кој ме праша: „Забележа ли дека банките во Америка за март најавија дека нема да имаат загуби“. Додаде дека американската економија ќе се стабилизира наскоро, додека остатокот од светот мака ќе мачи како да се подигне. Колку и да звучи неверојатно, да се вратам во почетокот, берзите деновиве раснат со голема брзина. На тоа може да се приговори дека е краток моментален тренд. Но, податоците говорат дека ова може да биде најдобар месец на берзите дури од далечната 1974. Вкупно околу 20 проценти раст во рамките на само неколку недели. Дури знаци на заздравување покажува и автомобилската индустрија, како и продажбата на недвижен имот. Сето тоа наеднаш, за нас неочекувано.

Ете, толку за крајот на капитализмот.

(Авторот е магистер по меѓународна политика)

http://filippetrovski.blog.com.mk

 


Статијата е прочитана 1619 пати.

Испрати коментар

Од: Itar Pejo
Датум: 28.03.2009 00:16:48
Gladen kapitalist proso sonuva
Од: Regaconi
Датум: 28.03.2009 00:34:21
Ne mi e jasno otkaj detevo sega stana ekspert i za ekonomija. Zosto takvo lutanje vo oblasti koi ne mu se svojstveni. Ovaka izleguva deka e vazno samo nesto da se napise za da se opravda cenata na tekstov. Filip Petrovski poznat kako nemiren duh ja izgubi svojata prepoznatlivost i originalnost pa i simpatiite , pliva vo vodi koi ne mu se svojstveni
Од: Malku koci
Датум: 28.03.2009 01:15:31
Filipe nemoj da istrcuvas premnogu so svoite pausalni procenki, posebno vo oblasti koi ne gi poznavas dovolno. Pocekaj najprvo kako ce zavrsi samiotot na grupata G-20 vo London pa posle vikaj OP. Zarem ne pratis deka site drzavi od ovaa grupa nemaat izgradeno zaednicki stavovi.? Naprotiv nekoi od stavovite ime se dijametralno razlicni. Ako samitot ne uspee vo izgradba na zaednicka strategija moze da ja vturne svetskata ekonomija vo dlaboka kriza , a site tvoi prdviduvanja da padnat vo voda. A da te prasam : Od koga toa vo kapitalizmot drzavite kupuvaat privatni banki i vlozuvaat enormni pari vo privatni kompanii?
Од: Ekspert za MEO
Датум: 28.03.2009 01:27:24
Lesno e so kompiliranje da se napise edna vakva kolumna. Medjutoa, treba, pri toa, dobro da se poznava problematikata za koja se pisuva kako tekstot bi bil izdrzan! A, problematikata okolu aktuelnata ekonomska i finansiska kriza e mnogu kompleksna i tesko razbirliva za eden politolog, koj poradi skokot na amerikanskite berzi vidi ozdravuvanje na neunistiviot kapitalizam! Kolku i da zvuci paradoksalno tokmu globalizacijata ke go dokusuri kapitalizmot, kako sto perestrojkata dovede do raspadjanje na socijalizmot, no, i na Sovetskiot Sojuz! Aktuelnata svetska ekonomska kriza e samo epizoda vo procesot koj ke sledi!
Од: Ace od Avstralija
Датум: 28.03.2009 02:45:33
Jas rekov 1000 pati vo ovoj vesnik deka ce propadne i toa na golemo. Ludje koi ziveat vo kapitalizam so godini ili rodeni, ako analiziraat i gledaat realno, ce vi kazat i zosto... A vaka Filip i mnogu, mnogu drugi, ce me izvinite, ama ne ste zapoznaeni so ovaa pojava kapitalizam, ZA ZAL seuste.
Од: pane
Датум: 28.03.2009 03:45:11
Najgolemiot nauchnik do 20 vek, pred 140 godini pishuva: Sopstvenicite na kapitalot ke ja stimuliraat rabotnichkata klasa da kupuva poveke i poveke skapi proizvodi, kuki i novi tehnologii, a za shto ke zemaat se poveke i poveke skapi krediti se do momentot koga nivnata zadolzenost ke stane neizdrzliva. Neplatenite dolgovi ke dovedat do bankrotiranje na bankite, a koi za da se spasat ke bidat nacionalizirani od drzavata koja ke bide prisilena da zeme nov pat koj eventualno ke vodi vo komunizam. Dali ova ti zvuchi poznato?
Од: Aleks
Датум: 28.03.2009 05:03:44
da, poslednite brojki za DOW, NASDAQ i S&P500 se pozitivni ama doprva ke go ocekuvame krahot tuka (mislam vo USA), zatoa sto ovie se premnogu alcni. Parite od bailout-ot otidoa na konto na debelite i nezasitni menageri, bonusi se delat vo AIG kako lokumi (firmata ne bankrotira blagodarejki na parite od bailout-ot), prethodno istoto go napravija CEO-te i Senior Manager-ite vo GM i Chrysler (istite tie bea vo Upravnite i Nadzornite Odbori na propadnatite Feny Mac i drugata Mej ili sl. i Latherman Brothers ili slicno, golemi Investicioni Kompanii i Kreditori). Krajot doagja poleka no sigurno, a parite za pomos na Amerikanskata ekonomija go iscrpea i skoro go unistija Penziskiot Fond (401k) i Socijalniot (Social Security). Uste eden bailout i otide Amerika vo Kina
Од: stefan
Датум: 28.03.2009 06:42:24
samo sakam da sekoj oj vo minatoto sakal da bide nesto neka sega go pokaze toa, zboruvam ako patriorski si se borel za Makedonija kako mlad , sega prodolzi nemoj preku dopisi vo odredeni vesnici da dobivas honorari i so toa da se zadovoluvas
Од: mene
Датум: 28.03.2009 07:31:28
Се сеќавам бледо на едни времиња кога во некои партизански филмови се пееше песната...Америка и Енглеска биќе земља пролетерска. Но тоа не се случи.И за жал некои луѓе, родени многу подоцна од тие времиња, сеуште веруваат во трулоста на капитализмот. Но тоа е само тактика да се одвлече вниманието од трулата транзиција, која беше изведена на најкриминален начин и никој немаше и нема сила да се справи со неа. Дури и напротив, кој како доаѓа на власт се здружува со транзиционите тејкуни, наместо да ги гони за пљачка, за купување на фабрики со безвредни парчиња хартија.Капитализмот ќе опстои, ќе се модифицира. Но до кога ќе трулиме ние со нашата бесконечна транзиција, пренесувајќи ја радосната вест дека еве и на други во светот им се случува невработеност, отпуштања, затворање на фабрики...како утеха.
Од: petko
Датум: 28.03.2009 07:51:19
A zarem ne vi e jasno deka krizata planski ja predizvika tokmu amerika za da gi srusi na kolena site ostanati ekonomii i so gotov plan za zakrepnuvanje da pokaze deka amerika e vetenata zemja i ekonomija , a drugite koi i veruvaa trba doprva da se oporavat zosto nemaa sopstveni strategii tuku ja sledea amerika . I ne e cudo sto se sluci koga za predsedavac so svetska banka se eksperti kako Stavreski . Kade ke se fati makedonceto se propagja zosto nie imame prpertm mobile .
Од: Viktor Soposki,Tetovo
Датум: 28.03.2009 08:29:21
Zemja so vakvi "komentatori"(Ace,Aleks) ne treba da se plasi za svojata idnina.
Од: Petre
Датум: 28.03.2009 08:32:59
moze si magistar po megunarodna politika ama Ekonomijata Ne priznava Politika.. ne samo nasata kvazi komunjarska, tuku Ekonomijata im udri Samar i na nivnite planovi za zakrepnuvanje, site Bailoti otidoa vo Bunar bez dno.. no treba da se znae deka NEMA drzava koja ne funkcionira na kapitalistickiot ekonomski model; pomina vremeto na izigruvanje na tnr komunizam zasnovan na iskoristuvanje na prirodnite resursi na drzavata.. toa sto go pravi Kuba i sega Venecuela e samo izolirano i funkcionira parazitski.. ..znaci mozeme da zborime za propasta na Ekspanzivnata svetska Ekonomija a vo polza na Ekoloski razmisluvanja za zasteda na prirodnite Resursi.. ovoj koncept koj se nametnuva ke bara i korekcija na Natalitetot, posebno vo prenaselenite giganti Indija i Kina...
Од: Сафет
Датум: 28.03.2009 09:01:29
дополнение: ... а Јапан и Канада биќе земље удруженог рада Bruce Lee - Тито да Живее!
Од: analiticar1
Датум: 28.03.2009 09:34:58
Navistina vakov seznako kako Filipce nema niukoja zemja, osven makedonija, blazesii sto ce rece nasiot narod.Cas vo megjunarodna politika, cas vo domasna, cas vo ekonomija i toa koja, megjunarodna, a po nekojpat bogami i za IT tehnologii pisuva.Kritikuva kako ce stigne, favorizira isto taka, plitko oranje bi rekol. Sto se odnesuva na komentarot na gospodinot sto se potpisal kako Pane, da pojasnam deka tekstot sto go citira e originalen, od Marks od 1867 godina.Aktuelen e Filipce kako vcera da e napisan, ne pred 140 godini.Filipce mnogu uste treba da zrees za da setas od tema na tema.
Од: Nekoj
Датум: 28.03.2009 09:36:51
За >>pane<< Цитатот од Маркс што го прикажуваш (кој не бил научник, туку политиколог-основач-револуционер) е пласиран во период во кој не знаеле за Debt Collection и Receivable Management. Од таа основна приказна за основниот капитал со основните задолжувања, е едноставно основа. Од тогаш наваму милион промени доживеал капитализмот. Ера на пост-капитализам, кој во како сегмент на своето економско уредување прифатил и политичко уредување на мала доза на социјализирано однесување.
Од: od amerika
Датум: 28.03.2009 20:21:31
Абе другарче дали во животот си фатил некој работа да видиш што е мака, па тогаш да кажуваш за капитализам.Едно дујќанче да отвориш и тоа ќе пропадне.Нетреба прикаски треба работа.Кога дојдоја сите филозофи да ни кажуваат како треба , ГОСПОД нека ни е напомош!
Од: USA e ekonomsko cudo
Датум: 28.03.2009 21:29:00
USA e ekonomski, voen i politicki djin. Taa e predvodnik na tehnoloskite inovacii. Ako nekoj opstane vo svetskata kriza toa ke bide USA, zatoa ne se grizete mnogu za niv, tie znaat sto pravat, tuku nie dali znaeme sto pravime!
Од: Brian, Canada
Датум: 28.03.2009 22:20:48
Covek da se iznasmee na komentarite. Srce komunjarsko ne moze da isdrzi da ne gi pokaze simpatiite za propasta na kapitalizmot. Znaete ima eden dobar izraz za neukost, a toa e "neinformirani ligje". Toa se najgolemiot broj od denesnive komentari. Mnogu sum ljubopiten koj e toj "prijatel" na g-dinot Petreski. Mislam deka e izmislen, odnosno e prenesen od amerianskiot pecat. Podatocite se tocni, ovaa nedela e mnogu poveke od oprimisticka, besrzite vrtogavo ripnaa. Megjutoa, moram da kazam, ameriaknskiot kontinent ne e drug kontinent,tuku druga planeta. Nikakvi komparacii so Evropa ne drzat voda. krizata vo Evropa e nemerlivo pogolema odkolku na amerikanskiot kontitnet, osobeno toa se odnesuva za Kanada, vo koja nemase nikakvi potresi vo finansiskiot sektor. Problemite i krizata se prelea poradi komplementarnosta na dvete opstestva. Prognozite se deka Amerika kon krajot na godinata i fakticki ke pocne da se oporavuva od krizniot udar. Nemam poveke prostor da go zavrsam komentarot.
Од: vane
Датум: 28.03.2009 23:19:14
paganjeto na ceskata vlada ne e slucajno posle izjavata na topolanek deka americkiot plan e "road to hell" koj trebase naskoro da bide poseten od samiot Obama vo Ceska 'uste eden citat od spomenikot na Karl Marks "the philosofers have interpreted the world in varios ways but the point is however to change it" vo sto se slozuvam i jas svetot e ziva materija nisto ne e vecno Rimskata imperija propadnala togas koga najmnogu se rasirila a sto i davaza pravo amerika da postoi vecno poglednete go ovoj film http://www.zeitgeistmovie.com/ mozebi ke go promeni vaseto mislenje za idniot svet
Од: некого
Датум: 29.03.2009 06:11:58
Ако ништо друго, мислењето на г. Петровски, иако не е од доменот на неговата стручност, предизвика некакво внимание и реакции од читатели со различни погледи и познавања на економските текови и случувања. и тоа е позитивен резултат. Се согласувам дека самити на ��20 во Лондон ќе има доста големо влијаније во понатамошниот правец во кој ќе се одвива оваа економска криза. Да се надеваме дека ќе најдат сили да се договорат, бидејќи во спротивно, последиците ќе ги осеќаат уште долго не само тие 20 , туку сите држави во светот. А нашата држава...е како едно кајче во океанот на глобалната економија. Се надевам дека некој размислувал навреме за „појаси за спасување“...
Од: Do Aleks
Датум: 29.03.2009 12:34:17
Aleks, Komentarot za GM i Chrysler e totalno nevistinit. Pozdrav od vraboten vo USA avto industrija poveke od 15god.

Најди! во Утрински
Насловна
Антикорупциска стана владина експозитура
Лопатите станаа синоним
Формула 1 повозбудлива од кога и да е
Македонската економија се издишува, Владата задоволна
Гласовите на Македонците ќе ја решат трката во Тетово
Протест против црква на плоштадот
Аце од Белата куќа
Бошкоски бара од Груевски да ја напушти ВМРО-ДПМНЕ
Црни прогнози- без ЕУ, Балканот ќе отиде во авторитаризам
Словенија даде виза за влез на Хрватска во НАТО
Узбекистанската принцеза - пајак во мрежата за бели робје
Фармерите бараат апс и за новите и за старите газди на „Сведмилк“
Карикатура