Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Втора страница На прво место Политика Македонија Економија Хроника Едиторијал Мислења Писма Свет Култура Спорт Скопје Забава Некролог Хороскоп Што прават денеска
27.03.2009, 15:47
Web Update

Инцидент на протестот против црква на плоштадот


фото А1

Студентите од архитектонскиот факултет со сила спречени да го изразат својот став против градбата

Насилство со повредени го одбележа денешниот протест во Скопје против изградбата на црквата плоштадот Македонија, на кој се појавила и поголема група контрапротестанти.

Очевидци на случувањата за Макфакс тврдат дека неколку лица биле повредени во инцидентот, додека од полицијата информираат оти до 13 часот немало пријави за повредени.

Според очевидците станува збор за млади лица со повреди во пределот на главата.

Учесниците во протестот против изградбата на црквата, што го организираа Прогресивен млад синдикат и Прва Архи Бригада, на плоштадот се соочиле поголема група луѓе со спротивни ставови по што дошло до кошкање, кое прераснало во физичка пресметка со тупаници и шлаканици.

Протестантите тврдат дека биле нападнати од групата контрапротестанти.

Полицијата соопшти дека дошло до нарушување на јавниот ред и мир помеѓу двете групи, едната помала, која била против изградбата на црквата и друга поголема со спротивен став.

МВР најави соодветни пријави против учесниците, како и побарување одговорност од организаторите на протестот, кој бил должен да обезбеди редарска служба и да го прекине протестот ако е загрозена безбедноста.

Македонската јавност извесен период е сведок на дебата про и контра изградба на црква на плоштадот во Скопје, меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

Инцидентот на плоштадот Македонија меѓу групите, кои се за, односно против изградба на црква, предизвика реакции на политичките фактори од власта и опозицијата.

Премиерот Никола Груевски рече „за оваа страна, за која што претпоставувам сметате дека е од нас политички мотивирана можам да ви потврдам дека не е. Јас лично мислам дека се работи за проект на Мирослав Грчев, кој е директно против сите проекти на Владата. Тој е член на СДСМ, беше градоначалник на Центар во време на СДСМ и се спротивставува на секој проект кој што го прави Владата“

„Тоа е мое лично мислење не мора да е така, но јас сум длабоко убеден во тоа“, додаде Груевски, пренесе Македонското радио.

Претседателскиот кандидат на СДСМ Љубомир Фрчкоски ја обвини владата за напад врз слободата на говорот.

„Ова што се случува денеска на плоштадот е доказ дека се гази слободата на собирање и слободата на говорот. Жртвите на тепањето, полицијата ги испитува кој ги организира. Тоа е нивото на државната интервенција, жртвите се оставени самиот да се снаоѓаат, да одат по лекари и да го пријавуваат случајот во полициска станица, што и ќе го направат секако“, рече Фрчкоски
(Макфакс)

 

Текст од печатеното издание:

Под мотото „Не силувајте го Скопје“, денеска напладне на плоштадот „Македонија“ ќе се одржи првото архитектонско востание против идејата за изградба на црква. Протестот го организира Здружението на студентите на Архитектонскиот факултет „Прва архибригада“, кои заедно со своите истомисленици ќе се соберат на локацијата предвидена за изградба на црквата.

Со жив ѕид од студенти ќе биде оформен периметарот на локацијата, а идејата е означениот простор да го пополнат сите поддржувачи на протестот. „Целта на востанието е да ја кренеме јавната свест за несоодветната, нелогична и произволна поставеност на градежната парцела предвидена за верски објект“, велат од „Прва архибригада“, потенцирајќи дека плоштадот во главниот град е јавен простор кој подеднакво му припаѓа на секој граѓанин. Тие нагласуваат дека ова е мирен протест, без никаква политичка заднина, и ги повикуваат сите учесници да не носат партиски обележја. (С.Н.)

 


Статијата е прочитана 5168 пати.

Испрати коментар



Тито Петковски спречен да влезе во ЈСП
Костовски, дефинитивно, се откажа од трамвајот
Екохепенинг во Градски парк
Ќе остане ли Карпош левичарски?



dzole, 28.03.2009 00:15:12
Prva proleterska t.e komunjarska, t e. arhi. HAHAHAHA Kakva prodija
flaster siti, 28.03.2009 00:20:00
Поддршка за акцијата и СТОП за силеџиите од ДПМНЕ. Вечерва на втората по верност вмровска ТВ (се разбира после Сител), еден од медиумските платеници на Грујо на најувулгарен начин ги извреѓа сите оние кои “се дрзнале“ да размислуваат со своја глава и да протестираат против изградбата на црква среде плоштад. Време е некој на таа дебела невоспитана свиња позната како “Јади бурек“ да и поднесе кривична пријава за навреда и клевета. Ми е страв да видам што на еден друг медиум зборува немиениот брадест криминалец, кој само ќе го продолжи делото на Латас и претходно споменатиот. ДЕБИЛИ!!!
Makedonec vo EU, 28.03.2009 00:25:12
Poddrska za protestot protiv ovcarite - neka gradat crkvi vo svoite sela, ne vo Skopje. Vreme e da razberat deka vo zemjata so koja vladeat pokraj potomci na Bukefal, ima i lugje so mozok.
miki, 28.03.2009 00:35:41
sram da vi e...kakvi makedonci ste vie..pred se nie sme hristijani..ne rabotete za tugi interesi..
GASM, 28.03.2009 00:40:19
Ma sto sakaat ocvie odArhibrigadata?.Predlagame predlagam Vladata vo vojot prrodbenicki zanes da izgradi pokraj ovava crkva i edna na platoto pred Vladata edna pred Domot na ARM, edna na amoto Kale,edna pred Aleksandar Palas edna kaj kompleksot Banki i na site drugi slobodni mesta vo Skopje, kade ce se najde prostor. Toa ni e edini izlez , bidejci samo Gospod Bog moze da ni pomogne.Od Organizacijata GASM( Gospode Aman Spasija Makedonija)
Cestitki, 28.03.2009 00:40:34
Iskreno im cestitam na studentite na arhitektura za idejata i hrabrosta da se sprotivstavat na nasilieto na vlasta.
blazo0870, 28.03.2009 00:45:37
a koj toa ke protestira ,vernici ili nevernici.ova samo da go kazes vo grcija,ke te nema,zosto tie si ja sakaat verata.isto vazi i za muslimanite,nema da postois nitu sekunda.a kaj nas samo nekoi udbasi i razni mesetari se nesto im smeta.
aleksandarmkd, 28.03.2009 00:47:53
Sto ne izlegoa da sew buna za Skender Beg, tuku treba da so kloci da se isprata do doma ..
Ведран, 28.03.2009 00:49:06
за изградбата на црква на таа локација се збори веќе точно цела година! кај баш сега најдоа, помеѓу два изборни круга да организираат протести!? Ова е уште една партиски-иницирана манифестација и манипулација. Штета, бидејки има доста за да се реагира за промоцијата на кичот со изградбата на повеќето објекти планирани за централното градско подрачје на Скопје. Овој протест за жал ќе е жртва на политичките партии кои навиваат за него како за уште една алатка за притисок врз владата.
Vodno, 28.03.2009 00:52:23
Makedonija poleka no sigurno se budi, DPMNE e vo panika i pravi nekontrolirani potezi. Za zal narodot go izvlekuva podebeliot kraj. Ne moze grupa seljaci od Vladata da go unakazat Skopje poveke od toa sto go napravi zemjotresot 1963.
ЈАС, 28.03.2009 01:10:45
До "Прва архибригада" кои сме ние, и што сме ? Во комунизмот имаше парола " религијата е опиум на народот". Студенти на Архитектонскиот факултет што се вие ��ИЗИОНЕРИ...,КРЕАТИВЦИ, абе академски граѓани до кога вака ? Утре во Скопје , а во недела во Охрид таму има многу цркви и манастири....немој да заборавите !, Ви ја препорачувам да ја прочитате книгата КАРЛ МАКС И САТАНАТА. Едно да знаете вашите професори(поголемиот број) живееа и работеа и се надоградуваа во некое време не пазнато за сегашноста, го читаа КОМУНИСТИЧКИОТ МАНИФЕСТ на Карл Макс, и сега Ви кажуваа зошто не треба црква? До кога вака ? Имате глави, и со нив размислувајте ! Да се стремиме Скопје да стане милионски град, просторно да се шири, а тој простор со ваши идеи, визии,проекти да го градите, а тоа што е наше да си остане. МИСЛАМ ТРЕБА ДА ИМА ЦРКВА
ферус, 28.03.2009 01:42:29
za Crkva
Жител од Центар, 28.03.2009 02:31:36
Да, ние СМЕ христијани. Но не сакаме сите да се изгради црква токму на тоа место. Живеам веднаш до плоштадот и доста ми е од бучавата што ја прави кој како ќе посака. Сакаме чист воздух, малку зеленило, цвеќиња, можеби понекое дрвце, ...
bojan, 28.03.2009 02:35:26
Abre makedoncite od makedonci patat!!! do koga bre predavnici ke ni se sobirate vie??? utre vo 11h ke gi vidite MAKEDONCITE za podrska na NAJGOLEMIOT HRAM NA MPC!!! Utre ve cekame da dojdete komunisticki bezboznici!!! !!!
Ace od Avstralija, 28.03.2009 02:37:02
Samo na ludje bez mozok kako ocvarot vo EU, flaster vilage i cela sreca okolu 50-60 kako niv vo MKD moze da im smeta crkva.
do JAS, 28.03.2009 02:54:54
jas mislam deka JAS e mnogu zbunet...tekstot ne gi obrabotuva nitu Sotonata, nitu Karl Mraks... tuku protestot na grupa gragjani koi se resija javno da se sprotistavat na uzurpiranjeto i selendarenjeto na centralen plostad na glaven grad... ne e problemot sto e crkva... i fabrika da bese... i olimpiski bazen... seuste kje bide podednakvo loso! Od dr. str. prepoznavanjeto Sotoni i marksisti vo site gragjani sto nemaat isto mislenje so JAS, e seriozen psihicki problem. Nekoj bi rekol i deka se raboti za paranoja... Jas sepak mislam deka se raboti za polupismenost... Pozdrav.
Marx, 28.03.2009 02:54:56
Gitam nekoj od komentatorite se povikuvaat na mene vo svoite pisanija. Religijata e opium na narodot i toa e prakticno i teoretski dokazano. Nemozete da go razberete konceptot za gragansko opstevstvo dragi moi vernici. Ne stanuva ovde zbor za religija, tuku za siluvanje na eden grad, od imbecili kako vas. Ej ni nema spas od prosta masa sto ne gleda podaleku od nosot svoj. I za kraj, dali zamesala race satanata vo slucajot so "Izgrev," ili e cista covecka strast za pari? P.S: Izlezete masovno da dokazete deka vo Skopje seuste postojat GRAGANI.
djuveza, 28.03.2009 03:41:06
Ne se gradi nisto novo samo se vozobnovuva ona sto vasite pretci komunisti go srusile.Ne se stavajte vo grev mnogu ste mladi
Makedonka, 28.03.2009 05:31:51
Samo napred protiv kicot i nepismenosta na antickata bukefalska vlada. Prestanete vece so Aleksandar Makedonski i pravoslavieto. Treba da postoi podelba pomegju crkvata i drzavata. Denes makedonskata crkva e dovolno bogata (prebogata) za da si kupi privaten prostor za gradenje crkvi i ne smee da se upotrebi javen prostor i parite na gragjanite za nivna izgradba. So Grujo i negovite istomislenici, nema nikogas da vlezeme vo Evropa.
zabegan., 28.03.2009 07:30:16
Зошто бе ЦРКВА дане има уште некој ИЗГРЕВ да се купи? Да приберат некој денар од верниците ФРЛИ темел лапни парички и куписи ХОТЕЛ да не се фатат за бизнис?
Isus, 28.03.2009 08:02:45
Do Jas i do slicnite verski i DePeMeNe-ovski fanatici. Prvo i osnovno, Makedonija (seuste) spored ustavot e sekularna drzava. Za site vas sto ne razbirate, sekularnosta se definira kao odvojuvanje na drzavata od religijata. Site evropski zemji, (vklucuvajkji ja i Turcija, a voedno isklucuvajkji ja Grcija) se po ustav sekularni. Sto ima sega drzavata so moi pari da gradi crkva? Sto e so nas ateistite, muslimanite, evreite i so sekularnite hristijani, nie znaci ne treba da plakjame danok? 2000 godini crkvata ni propoveda duhovnost, istovremeno akumulirajki ogromni MATERIJALNI bogatstva. Ova e krajno mizeren cin i od Vladata i od MPC.
stole, 28.03.2009 08:07:41
Crkvata na skopskiot plostad treba da ja izgradat bidejki Gruevski so negovite pajtasi da imaat mesto kade da baraat proska od BOGA za nivnite zlodela napraveni kon makedonskiot narod, kako primer da gi gleda narodot. Celosna podrska na studentite vo Vas e silata ama silata na znaenjeto, a ne silata na muskulite i kriminalot.
Arhi, 28.03.2009 08:55:41
Inaku za oni sto vikaat deka se vozobnovuva hramot ne e tocno, sednete i proverete. Taa crkva ne se naoga na toa mesto odnosno lokacija, nee so istata golemina ( da ne recam 10 pati pogolema) ne e istata arhitektura (totalno porazlicna) i ne go nosi istoto ime (ne sakam da kazuvam kako ke se vika novoto ime bidejki ste otideni). Pa ve molam da mi objasnite kako e mozno da stanuva zbor za vozobnuvanje na Star hram. I sakam da napomenam nesto, dali ste svesni kolku nasi crkvi i hramovi koi sto se naogaat niz celata drzava i se postari od 100 godini se raspagaat i ne e potroseno ni denar za nivno zacuvuvanje, i ne zboram samo od ovaa vlast tuku od site prethodni, samo vo momentov ova kulminirase. No ako se potrosat tvoite graganski pari za tie hramovi politicarite (bez razlika na koja partija) nema da dobijat poeni kaj graganite. Poglednete gi samo ideiite na kandidatite za gradonalcalnici (ne samo za skopje tuku i za site ostanati gradovi) i bez razlika od koja partija se. Dosta e ve
mkd, 28.03.2009 08:55:56
Sramota.Odite protiv svojata religija i svojot narod.
Vernik, 28.03.2009 09:13:01
Jas kako vernik i pripadnik na muslimanskata religija,predlagam na plostadot pokraj crkvata da se izgradi edna velelepna djamija,isto taka na Vodno do hristijanskiot krst ,da se izgradi simbolot muslimanski.Na toj nacin da se prikaze deka vo Makedonija ziveat golem broj muslimani.I toa so drzavni pari,da se gradi.Zatoa sto smeta ova e sramota i uvreda za muslimanskiot svet vo Makedonija.Nono -stop so drzavni pari se gradat krstovi i crkvi.
nik, 28.03.2009 09:21:18
Povtorno sramno ismevanje na intelektot na narodot. "Arhibrigada"- pa Ve molam koj toa moze da poveruva deka toa ne e isto sto i stalinisticka brigada. Makedonija se budi ovde bi go zamenil so " Marksismot povtorno se budi" i Proleteri od site zemji obedinete se.
vernik,ama ne kako ovie antihristi, 28.03.2009 09:26:12
I so crkvi ke perat pari!Kako ne im e stram.Ja bankrotiraa drzavata,go iskradoa narodot,sega lopatasite ke gradele crkva"Sveti Nikola"za da mo- ze Grujo,"familijata" i podgoenite,masni i krmininalizirani vladici i popovi da se molat za spas na svoite crni ,rasipani dusi.Potoa ke se dadat na hradenje na hramovi na Zevs,Apolon,Artemida,kako vo vremeto na Aleksandar.A sto ke bidat prinesenite zrtvi-se znae,onie sto nemaat partiski kniski,bugarski pasosi i vrski so mafijaskata"familija".
Драги, 28.03.2009 09:29:52
Кога е во прашање името, владеачката номенклатура се повикува на гласот на народот,односно референдум.Кога е во прашење изградбата на верски објект,иако голем дел од Скопјените е ПРОТИВ,кој ве прашува Скопјени.Ја подржувам секоја акција,став и лоби против црквизација на плоштадот.
Jas, 28.03.2009 09:42:10
A da mu teknese na nekoj od "intiligentnata" vlada da izgradi PLANETARIUM!!!
Zyna, 28.03.2009 10:18:22
Ja imate mojata ogromna poddrshka! Da bev vo Skopje bez razmisluvanje kje vi se prikluchev. Stop za desekularizacijata na Makedonija! Napred za sekularna i gragjanska Makedonija!
mira, 28.03.2009 10:42:35
a zosto ne protestirat vo karpos kade urni kuca napravi zgrada??????????neli tie samite arhitekti gi polnat dzepovite od toa...a ova e politicki protest....
gragjanin, 28.03.2009 10:44:09
abe lugje, nasite sopstveni deca konecno izlegoa so cisto srce da pomognat i svoeto znaenje da go spodelat so site i mesto da im pomognevte da se realizira nivnata zamisla gi stavivte vo ovaa grdosija od politika, a utre niv ke gi pcuete zasto ne dejstvuvaat. Do sega ne dejstvuvaa tokmu radi se ova a kako sto gledam nema da sakaat vise nikogas da pomognat i posle ova. Ke si izlezat site od drzavava i ke pomagaat kade sto se bara nivna pomos.
Vernik, 28.03.2009 11:22:58
Господе, смилуј се и помогн им на овие млади луѓе да го најдат својот прав пат. Незнаат што прават. Тие се заведени од црвените ѓаволи кои повторно сакаат да завладеат со судбината на народот и Македонија.
Игор, 28.03.2009 12:03:33
Поддршка за протестот. Сељачиштата врмовски нека си градат цркви од свои пари и на друго место, а не на плоштадот. А ако толку сакате црква имате две цркви во радиус од 500м од плоштадот па идете клањајте се таму кретени затуцани.
od goso, 28.03.2009 13:02:50
treba da se gradi crkvata,vie sto protestirate da znaete koga da e GOSPO ke ve kazni svestetese.
dalton, 28.03.2009 13:12:53
Crkvata "Elen i Kostadin" vo koja sum krsten jas i moeto semejstvo e sveto mesto.Protestite na "Prva arhibrigada " me tera da razmisluvam -" Sto bi bilo da bev roden i krsten vo Aracinovo ili Tearce ili Debar" - kade stradaa objektite od vakov vid a pri toa site se potrudivme toa da go izgradime i da go pcituvame.-Dali ovie od "prva "mislat od niv pocnal zivotot vo centar i dali mislat deka e nivno pravo toa da go menuvaat.Za zal site nemozeme da bideme od " povcentar " kako sto velat Ohrigani- megu toa treba pocit kon site kade rastele i ziveat.
ljupco,bitola, 28.03.2009 13:24:43
`Прва архибригада` Ха Ха Ха А кога ќе биде оформена втората за да се придружиме и ние останатите смртници? Кои услуви треба да ги исполнуваме? Или таму не е за секој. Во таа бригада имаат пристап само недокрстените подржувачи на ликот и дел��то на нашиот држалник? Тргна бригадата во предизборен поход по гласови низ центарот на Скопј. Нека им е со среќа ако убедат некого дека не треба да се гради црква ами џамија.
До * dzole*, 28.03.2009 14:14:34
Соборната црква во Скопје ја изградија тие што ти ги навредуваш.
skopjanec, 28.03.2009 14:43:28
ne ugisi gruevski so ovie crkvi manastiri jas nemam nisto protiv crkvite i pravoslavieto iako sum musliman ama se osekam diskriminiran zatoa sto poveke mu posvetuva vnimanie i izgradba na crkvi a za dzamii nikade nisto pa nemoze toa taka plus toa vo plostad da se gradi crkva zarem ne e dovolno toa sto go izgradi pred jsp parkot grand hotel....katastrofa ne se zivee od crkvi i dzamii na narodot mu treba ekonomija silna ...
k, 28.03.2009 15:30:06
SRAM za MPC so nasilnicki metodi se presmetuva so idnite arhitekti koji se idninata na ovaa zamja neznam dali GORNIOT ke vi go prosti ovoj grev sto go napravivte za vreme na Veligdenskiot post ZALNO I BEDNO e da vidis svesteno lice na celo na tolpa tepaci kako tepaat mladi luge sto razmisluvaat so svoja glava
ГО ПОДРЖУВАМ ЈАС, 28.03.2009 15:52:16
. Читам разни одговори и комплименти. Добро! Можеби се работи за психички проблем, параноја и сл. Или се работи за став или за некоја полуписменост! Манифестот на Карл Макс е психички проблем, ДА. За селандарењето што е тоа? Или ја заборавивме МИГРАЦИЈАТА СЕЛО ГРАД. Селаците што се тие, селаните што го населија Скопје(вашите роднини и пријатери) ТОА ШТО СЕ СЕГА СЛУЧУВА ПРОТИВ ЦРКВАТА, МЕ АСОЦИРА НА КУЛТУРНАТА РЕВОЛУЦИЈА ВО КИНА.( тоа беше младинско движење) Движење против обичаите, адетите,религијата, ВЕРСКИТЕ ОБЈЕКТИ (без разлика на која се религија)традицијата,културните институции:музеи,театри,.....ДАЛИ СЕ СЛУЧУВАШЕ И ТОА КАЈ НАС, а и сега се случува ?Што се случи после земјотресот? ШТО? Во социјализмот дали не се знаеше што е реставрација, конзервација, или архиологија.Се рушеше до темел и се создаваше СОЦИЈАЛИСТИЧКА УМЕТНОСТ
Verag, 28.03.2009 16:18:16
Јас бев на грашанскиот МИРЕН протест против изградба на црква на плпштад. Се случи- дојдоа дивите и ги избркаа питомите. Дојдоа јуришници од ВМРО спремни да ги тепаат демонстрантите,а полицијата шеткаше,како да сакаше да бидат натепани од насилниците од ВМРО. Па ова го немаше во комуњарството,како го нарекуваат социјализмот. Никој не ги чекаше верниците пред црквите за да ги тепа. Ова ли е демократија? Срамота за Македонија,да не може да се изрази поинаков став од тој на вмро-ОВЦИТе.Цкви нека си гради Архиепископијата,наместо да купува хотели,и во нив нека оди кој сака. Во секуларна држава нема право државата да дава пари од сите граѓани за цркви,а посебно не да узурпира плоштади.Не се сите православни,има и муслимани,атеисти,католици,епископалци итн.
Arman, 28.03.2009 16:40:58
Gradite vasi verski objekti vo vase maalo ,a ne vo VLASKO MAALO, OKUPATOTRI!!!
vesna, 28.03.2009 17:18:13
Da, religijata e opium za narodot a kicot e smrt za kulturata i za istorijata. NE ZA CRKVA. DA ZA OBRAZOVANIE.
некој со мозок, 28.03.2009 17:31:38
Кои христијани сте вие што тепате луѓе на плоштад?! Копачи гадни, вратете се назад по селата и таму градете си што ќе ви текне!! Не сте вие за во цивилизација!!!
Илија, 28.03.2009 18:28:14
Срамота партиите го поделија народот. Тој денес се степа во Скопје, вчера децата во Струга. Го гледам прота Стојко дошол и тој да дели лекции на плоштад. Нека каже како успеа во едноумието да изгради манастир во Теово каде сега спеење се наплатува 10 евра. Голем срам за сите
Karposanec, 28.03.2009 18:38:33
Sram da vi e be Fashisti nizaedni, go rushite osnovnoto demokratsko i covecko pravo, tepate studenti intelektualci koi go iskazuvaat svojot stav. Ama ako, da znaete deka tokmu ovie, i uste mnogu drugi studenti ke ja simnat Grujovata Dinastija od vlast. Se budi narodot!
gragjanin na RM, 28.03.2009 19:18:25
Denes se sluci neviden sram, si gi tepavme decata vo ime na nekakva "kvazi religioznost" predvodeni od svesteno lice i izvici "Demoni!" "Antihristi", i ucestvo na grupa siledjii i bogomolki so ikoni i transparenti. Bogami imase i mnogu vozrasni gragjani vo podrska na studentite, i da se razbereme ne protiv crkvata, tuku protiv samovolnoto nagrduvanje na likot na Skopje so sekakvi gradbi. Vo Makedonija ziveat i ateisti (golem broj) koisto se diskriminirani.
Сергеј - http://www.otpor.net.tf, 28.03.2009 20:04:50
Коментариве ги читав по 19.30, значи откако веќе се случи насилието, но гледам дека дел од нив се објавени пред пладне. Во некои од нив се забележуваат јасно искажани закани кон сите оние кои имаат намера да учествуваат на протестот на плоштадот (погледнете го коментарот потпишан со „бојан“). Многу нешто овде од објавеното јасно укажува на тоа дека насилието кон учесниците на протестот е организиран и подготвен, а од кој друг ако не од дпмне и нивниот лидер кој е алергичен на сите кои имаат свој став и свое сопствено мислење!!!. Па после нека кажат некои од тие кои во своите коментари овде не биле потплатени од власта за да овде го величат нивниот фирер Груевски. Секогаш кога тоа ќе го прават - да се сетете дека ве лажат!
nekoj, 28.03.2009 20:16:32
Mislam deka e redno vreme da izelzat na ulica i ednite i drugite OVCI, selski, gradski (mislam na i na onie od "metropolata" Skopje), i da si izvadat oci megu sebe, zasto toa e nivoto na civilizaciski, kulturoloski, socioloski i kakov uste ne, stepen na razvoj i na ednite i na drugite. Nesto kako revoluciite vo zapadna Evropa od sreden vek; Mislam e fer, zasto i tolku zaostanuva Makeodnija od niv. Samo dovolno e covek da gi pogleda komentarive: pa vie luge dali pripagate na ista drzava?? zosto tolku se mrazite? I zosto tolku navredi? Go gledav i duelot na Frckovski i Ivanovski, pa zar moze ovie luge da se kandidati za predsedatel??? Sega mi e jasno zosto Evropa ne ve saka! Ni jas ne ve sakam. Se sramam od sopstvenata zemja. Zosto ne se rodiv na drugo mesto? :(
Karamanlis, 28.03.2009 20:42:19
Grujo e selak sto znae on sto e urbanizmot sto e plostad podrska za Arhibrigada :)
miki maus, 28.03.2009 21:23:10
nesposobni debili , nemozat da gi sredat kucinjata skitnici i kartonskite tezgi, ama crkva " sposobni" bile da izgradat !?
zoroz, 28.03.2009 21:23:35
КУРБИНОВО. Море фашисти , изроди Македонски , црнокошулци , дали ви значи нешто овој поим. Најстарата црква во Македонија , преку 1 000 ( илјада ) години стара а е во фаза на распагање , има патека до цркавата а најстар иконопис има . Искон е. Не е букафал нормално. И тепате а ајки сте на девојки мавате. Браво букефали едни Кој со меч мава од меч страда . Знаете тој е христијански израз. Анатеми и клетви фрлате а. Кој сте вие . ГОСПОД. Ќе ве чека судот. И горе и овдека .
ilija, 28.03.2009 22:42:59
Do: Goso, Brat,ti si nepismen,,,ti si tipicen chlen na DPMNE!!!
Александар, 28.03.2009 23:31:05
Да живеат анафалбетите! Примена на силата како аргумент, браво. Ова потсеќа на пораката на Џорџ Орвел од романот 1984-та: „Незнаењето е моќ, војната е мир, љубовта е омраза!“ Браво за анафалбетите и џебните лидерчиња од ПЈРМ на чело со ролмоделот Никола Груевски кој си има своја културна револуција од типот на Мао-Це и Сапармурат Нијазов – Туркменбаши. Овој неокомунистички полуписмен чопор на алфа примати веќе се чувствува многу силен и од сега има нова рутина: „ќотекот е образование, толпата е правда, неписменоста е слобода!“ . Во овој случај христијанската религија е само колатерална штета.
Che Gi Varam, 28.03.2009 23:32:51
Policijata treba da go povika na odgovornost Janko jadi burek zosto on gi povika i organizira kontra protestite. Studentite si protestiraa kako sto im dolikuva, mirno, a se znae koj e nasilen vo drzavava. VMRO e zbirstina na isfrustrirani i nesposobni lugje
печалбар, 29.03.2009 00:29:54
Честитки за протестот ! Камо среќа да почнат да се будат интелектуалците и преплашените граѓани во Македонија, па да го изразат своето незадоволство против фашизоидното и шизофрено понашање на партијата која ја подржува неписмена - проста маса. За жал, каков народ, таква власт.
nevernicka, 29.03.2009 01:09:14
Prasanje do Grujo: dali moze da se srusi crkvata koga VMRO ke zamine od vlast? Ako da, togas gradete ja.
LOGO, 29.03.2009 01:53:05
Sramota!!! Aman bre lugje, ne li ja svakate sustinata na ovie slucuvanja ?! Problemot ne e dali da se gradi ili ne, problemot e mnogu podlabok i posustinski.Demokratijata i nejzinoto prigusuvanje.Ostavete ne nas mladite konecno da resime nesto za nasata idnina i da go iskazeme naseto mislenje.Od koga slobodata na govorot se kaznuva so tupanici i pendreci??? diktatura, na nisto drugo ovie slucuvanja ne me asociraat.Znaci,prasanjeto ne e "za" ili "protiv", prasanjeto e "treba li da se plasam da si go iskazam sopstvenoto mislenje, zosto moze da bide kobno za mojot zivot ?" Ako nemozam da pridonesam so moite razmisli,intelekti i idei za mojata drzava i idnina, treba li idninata da ja baram nadvor??? ma ne, ke se boram so site sili, zosto se si ima svoj pocetok i kraj, pa makar i ovaa diktatura
zarko resen, 29.03.2009 03:06:38
ova stvarno e nenormalna rabota sto se slucuva.pritisok i teror na sekakov mozen nacin.se deklariraat kako demohristijanska partija zamislete.ne znam sto e hristijansko da tepas nekoj.za najgolema osuda e ova.sramota
Локација, 29.03.2009 04:49:43
Убаво е да се градат цркви, но многу подобро би било црквата да се изгради на другата страна на плоштадот, кај Поштата, таму има повеќе простор и подобро би се вклопила. Сметам дека треба да се слушне мислењето на станарите од Центар бидејќи се сепак повеќе засегнати од другите кои само понекогаш ќе поминат таму.
Dragan, 29.03.2009 06:00:00
Vakvi protesti mozea da se organiziraat porano, a ne sega pomegju dva izborni kruga.Koga ednas ce svatite deka demokratija e i da se prifati porazot? Do koga ce pravite opstrukcii na sekoj obid da se napravi nesto od trajna vrednost za Makedonskiot narod? Velite nemalo nikogas crkva na plostadot. Da, zatoa sto 500 god. samo dzamija mozela da se pravi vo naselenite mesta.Zatoa site Makedonski crkvi se nekade vo planini,na tesko pristapni mesta, daleku od ocite na Osmanliite.Denes toa vreme e minato i red e da ima i edna crkva na mesto kade sekoj Makedonec od kade i da e koga ce dojde vo Skopje ce moze da ja vidi. Velite na sto lici Crkva na plostad? Site pogolemi gradovi imaat svoj religiozen objekt na plostadite, ili pesackite ulici koi se simbol na gradot. Belgrad ima crkva na Kalemegdan, na kraj na Knez Mihajlova, Novi Sad ima Katedrala na plostadot, Zagreb ima Katedrala na plostadot, Sofija ima crkva na plostadot... Zatoa prestanete vece so vakvi provokacii,nemate kredibilitet k
Срамота!, 29.03.2009 07:06:09
За жал и кај нас Талибанците излегооа на улиците! Разулавените фашистички фаланги охрабрени со бесплатен сендвич и превоз почнаа да ни го канализираат размислувањето. Што е следно? Има ли начин оваа разулавена кутра диригирана банда, да си го најде својот нормален пат? Ќе и помогне ли тука Црквата зад која се кријат или ќе ги искористи за да може и хотелите да си ги изгради? Тешко за нас!
Aleks, 29.03.2009 08:43:03
Срамота,демократија на ниво,причини за светски срам колку сакате!!!!!!!! Премиеру ниту Македонија е Русија,ниту Скопје е Москва!!!!
Rezigniran, 29.03.2009 09:42:50
Treba da ima atmosfera vo koja kje se slusnat dvete strani.... bez ogled dali imalo manipulacija so nekoja strana. Treba da se slusnat dvete strani!! A policijata mora da reagira.... i da gi pribere tie sto napagjaat, bez ogled koi se.
Восхитен, 29.03.2009 09:48:42
Браво за верниците на плоштадот. Душата ми се полни со радост кога ги слушам нивните зборови полни со христијанска љубов и разбирање: „Пичка ви матер, бегајте од тука“. Не сум ја читал библијата, ама претпоставувам дека таму е запишано дека Исус Христос така им се обраќал на Римјаните кога проповедал. Се надевам дека наскоро ќе ни изградат многу цркви, ке ни го воведат данокот за неженети и немажени и ќе забранат абортус. Едвај чекам да се сетат и да донесат закон за забрана за здружување на повеќе од 3 лица на јавни површини, освен во случај кога лицата спонтано се здружиле за да каменуваат некој неверник. На Македонецот долго време му требаше ваква прекрасна и родољуба влада. Па секако дека потекнуваме од Александар Македонски. Чекам уште да го отворат прашањето за чистото македонско потекло на Исус Христос, Ајнштајн, Њутн Наполеон, Колумбо, Луј 14-ти, Бикот кој седи и Маркиз Де Сад. А за овој последниов ептен сум сигурен дека бил Македонец.
ПРИЈАТЕЛ НА ШУТРАЦИТЕ, 29.03.2009 10:44:48
Просто човек да не поверува во она што се случуваше вчера во Скопје,градот што е престолнина на Македонија ваков примитивизам да има некаде во поблиската и подалечна околина.Студентие изманипулирани од опозицијата(што не демонстрираа пред 2-3 месеци) наспротив нив православни екстремисти кој повеќето од нив незнаат да се прекрстат а на челу колоне поп кој изгледа му се отвори работа пратен од црковната врхушка која заглибена во корупција(хотелот Изгрев) ги подгреја најприземните страсти божем во одбрана на крстот.Капак на се ова се меѓусебните обвинувања на власта и опозицијата а посебно иритира изјавата на новиот потпарол на СДСМ односно кавкаџијата од ,,еднооки,, кој власта ја обвини за Фашизам.Му препорачувам да бара азил во некоја од амбасадите затоа што имам информација дека Гестапо денеска на ручек ќе го апси.На крај незнаев дека на толку луѓе сум им пријател како во насловот.
IH, 29.03.2009 10:52:06
Ova scenario, dlaboko izrezirano od SDSM i nivniot Grcev ne im dolikuvase na ovie akademski gragjani. Prvo, verski objekt t.e. crkva se podiga samo na SVETI temeli (pretpostavuvam deka studentite od arhitektura toa veke go znaele), a ne proizvolno kako sto se sirea informacii deka Vladata go pravi toa. Toa e edna golema nevistina koja sto se sirese pomegju narodot. I kaj bea studentite pred 20 meseci da go kazat svoeto amatersko mislenje, a ne sega koga nivniot patron Frcko bara sekakov nacin da dobie bar 5 glasa povekje? Mizerija !
dr minev, 29.03.2009 12:55:36
Predlagam na sred plostad da se podigne najvelicestveniot zaednicki spomenik na Svetite Kiril, Metodij,Kliment,Naum,Angelarij,Gorazd,Sava, odnosno da se ovekoveci slovenskata civilizacija koga slovenskiot jazik stana cetvrtiot po latinski,grcki, evrejski. Go prasam g.Grcev, zosto ne go socuva so protesti golemoto prostranstvo megju Zeleznicka, Hadivasilev,Vodnjanska i Povoznik stvoreno od Boga za monumentalen park i drzavni palati(juz.bulevar pod zemja) i dade tamu da ima Ramstor?
tatjana, 29.03.2009 14:15:21
Za mene e nepristojno koga slobodnite gragjani koi imaat svoe mislenje premierot da gi povrzuva so nekoja partija. Toa e poveke od navreda. Moeto mislenje go formiram jas i ne dozvoluvam nitu edna partija da vlijae vrz nego. Baram moeto mislenje da se pocituva kako izraz na mojata slobodna volja. Toa ne e rezultat na nikakvo vlianie. Toa ne go dozvoluvam. Baram premierot javno da se izvini za navredata nanesena na site slobodni gragjani koi ne dozvoluvaat partiite da go formiraat nivnoto mislenje. Zaradi toa, bravo za Prvata arhibrigada. Taa e dokaz deka postoi polet i ambicija na mladite cij entuzijazam za kreiranjeto na ambientot vo koj ke ziveat gi nadminuva partiskite granici. Nasilieto pri vakov cin e nedozvolivo. Ako na mladosta i go skratuvame entuzijazmot i buntot, krilata da poletaat kon novite celi, kade sme site nie togas? Avangarda protiv najreakcioneren poredok! Sramota! Zamelete avangarda
Марија, 29.03.2009 16:37:56
Леле, леле, се изначитав секакви муабети, сотони, црвени ѓаволи. непатриоти, предавници и што уште не. Зошто тука никој не го поставува прашањето за кршење на законите и демократските принципи? Прво, како што некои споменаа, Македонија е секуларна држава и како таква недозволиво е да се трошат државни пари, пари кои ги давват сите граѓани, за градење верски објекти. Второ, до кога секој како што ќе дојде на власт ќе го менува Деталниот Урбанистички План? Не се работи тука за тоа дали треба или не треба било што да се гради. Тука се работи за почитување на законите, принципите и стандардите. Тешко нас со вакво беззаконие!
bl, 29.03.2009 20:07:27
pop mu e majkata sigurna rabota :)
M. Poposki, 29.03.2009 20:16:37
Пишувачот на написот точно не нагласува за која ДЕМОКРАТИЈА зборува, одземени и срушени се од поранешниот систем многу цркви, на верниците му е забранувано да одат в црква, да извршуваат секакви религиозни обреди. Отпуштани се од работа луѓе кој сакале да ја манифестираат религијата, на свештенството му било забранувано изведување на веронаука и во самите црковни простории и уште што ли не е преземено против ЦРКВАТА и БОГА. Црквата и земјиштето токму на местото каде сега треба да се прави новата Црква, биле сопственост на Македонската православна црква.За време на земјотресот 1963 год. црквата беше во голема мера оштетена, но ја урнаа силеџиите на државата. Во колку не ја урнеше државата таа сигурно досега ќе беше изградена од донации. Државата е должна да ја финансира изградбата бидејќи ТАА - ја срушила. На младите идни архитекти организирани од црвените ѓав.многу им се чудам. Зарем не слушнале и невиделе, дека највелелепните архитектонски зданија во Париз, Прага, во градовите на Герм
spikovec, 29.03.2009 22:29:29
pa ovie VMRO vci samo crkvi gradat .lugeto nema sto da jadat oni so gluposti se raspravaat.Amoze bi toa e i politika na vladata .ce napravi skandal za da moze da ja polni kasata so pari od prijavi za da ja pokrie dupkata sto ja napravija so izborite.
Makedonec, 29.03.2009 23:37:30
mnogu mi e zal sto nevernicite ke gorat vo pekolot.. kakov e toj covek sto e protiv izgradba na crkva ne znam?
Petre, 30.03.2009 00:01:22
ne se slagam so tie sto ziveat blisku i im smeta guzvata.. nikade vo svet ne se zivee vo strog centar; tamu ima samo delovni prostorii i javni gradbi... ako im smeta guzvata da se preselat pod itno vo periferija na gradot...
marjan, 30.03.2009 01:10:08
umre komunizmot so drugarot TITO koga kazuvavte dali ke se gradi crkvi ili ne dojde nase vreme ida gradime i voobznvuvame crkvi sto vie ste gi rusele i palele so zivi vernici vo natre sram da vi e ke gorite vo pekolot
27.03.2009, 18:35

Претходен број

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, -6°C

Слаби снежни врнежи

Четврток
Слаби снежни врнежи
Макс: -1°C, Мин: -6°C

Петок
Мешавина од дожд и снег
Макс: 3°C, Мин: 0°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Втора страница | На прво место | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Едиторијал | Мислења | Писма | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Некролог | Хороскоп | Што прават денеска |