Ова би можело да биде наградно прашање достојно за квизот „Милионер“. Обидете се да наброите барем двајца членови на Антикорупциска комисија, а ниеден од нив да не е претседателката Мирјана Димовска?
Тешко прашање? Секоја чест за доброупатените, особено на оние ретките што ќе стасаат барем до бројката три. Проблемот не е само до препознатливоста на агилната претседателка која, еве, го троши третиот мандат на чело на Комисијата и успева во исто време да биде директор и во МТВ. Дури ни во безличноста на останатите членови, чии имиња тешко се паметат, па дури ни во институциите од кои доаѓаа. Проблемот е во нешто друго, многу посуштинско! Во капацитетите и компетентноста на државното тело кое треба да биде контролор и главен замаец во борбата против корупцијата, а не нејзин кочничар. Во професионалноста на антикорупционерите, кои не смеат да си дозволат двојни аршини, а уште помалку политизација.
Државното тело за борба против корупцијата успеа толку многу да се девалвира и да го изгуби своето значење како регулаторно тело што се' почесто и поотворено се поставува прашањето за неговото натамошно постоење. Молчи кога сите очекуваат дека треба да реагира, а блокира иницијативи кога ќе процени дека се во спротивност со владината политика. Подолго време функционира како владина експозитура, со што го губи основното значење и станува нерелевантна институција. Демократски декор кој е потребен да се пофалиме како држава, дека правиме се' за спроведување ефикасна борба против корупцијата.
Веќе стануваат смешни изговорите на антикорупционерите кога на прес-конференции се правдаат зошто нема видливи резултати од нивната работа. Во време на избори, кога и на мало дете му е јасно дека владејачката гарнитура на најбескрупулозен начин ги користи сите методи за политичка корупција и за саморекламирање, антикорупционерите гледаат молчешкум –и се допишуваат со Владата. Кога од нив се бара да се изјаснат за јавни признанија за поткуп или за незаконски активности на кандидати, тврдат дека не сакале да влијаат на избирачите.
Бараат одговори од Владата дали со тоа ��то во екот на кампањата владиниот ударнички тим секој ден фрла лопати и сече ленти се кршеле законите. Чекаат, чекаат извесно време, па ќе упатат уште некоја писмена ургенција! А не гледаат дека премиерот и министрите немаат време за пишување. Ги чека тешка теренска работа, митинзи, убедување на гласачи, поставување камен-темелници, за спортски сали, културни објекти. Кој ќе губи време за одговарање кога и без тоа однапред ги знаат одговорите.
И без тоа Антикорупциска ќе најде дупка во законот и исклучокот ќе го направи правило. Ќе излезе со став дека власта не го кршела законот, бидејќи тоа биле однапред започнати проекти, зацртани во владина програма и проектирани со финансиски средства во буџетот. Аферим машала! Дали тоа преродбата не смее да запре, дури ни за тие дваесет законски дена, додека трае официјалната изборна кампања? Не гледа и не ги интересира зошто се лутат другите учесници во изборната трка кога тврдат дека ги ставаат во нерамноправна положба. Се фалат за минорни работи кога треба да кажат дека не треба да се избира ректор на информатичкиот факултет. Многу се ревносни кога е во прашање градската власт и се закануваат со кривична одговорност за скопскиот градоначалник доколку не се откаже од проектот за трамвај. Нели и тоа му е зацртано во програмата на градоначалникот Трифун Костовски? Но, кој го прашува!
Вака како што функционира државното тело за борба против корупцијата нема никаква функција и се претвора во гротеска. Една Словенија си дозволи пред неколку години да ја укине сопствената антикорупциска комисија, бидејќи не успеала да го пронајде своето вистинско место во системот. И тоа во време кога на чело на европската институција ГРЕКО беше Словенецот Драго Кос. Чуму ни е тогаш нашата и ваква Антикорупциска.
Ajaja uste so nema da se napise...ne mi se veruva!!
Од: boban.b
Датум: 28.03.2009 00:27:46
a vasiot gazda ehpozitura na crvenkovski.
Од: Probudi se
Датум: 28.03.2009 00:43:17
Baba Zumbulo good morning !!! Probudi se i bekni nesto
Од: libertator
Датум: 28.03.2009 01:03:44
tesko na ovaj narod i drzava so vakva antikorupciska komisija i sovet za radio difuzija.ovde vece ne se dishe!goco ti si odlicen novinar analiticar!
Од: Anti
Датум: 28.03.2009 02:02:05
Kako pretsedatel na Antikorupciskata M. Manevski prezede ,,energicni merki,, so koi dokaza deka 4 stana na premierot se kupeni so pari na majka mu i po ,,kazna,, bese naznacen za minister za pravda! Aktuelnata prva violina na Antikorupciskata tajno e ,,kazneta,, so naznacuvanjeto za direktor na MRTV, kako stimulativna merka za ,,energicno rascistuvanje,, na aferite na vladata! A bre komu i zosto mu sluzi vakva korumpirana ,,institucija,,?
Од: Marx
Датум: 28.03.2009 02:59:25
Pa tie se formirani da bidat vladina ekspozitura za zamajuvanje na javnosta.
Од: jimmy1
Датум: 28.03.2009 07:06:11
Gordana ti cestitam, odlicno kazano. Ama koko mozis toa da e go dokazis na Irina od Kavdarci. Site vesnici veke nekolku dena pisuvaat kako se odnesuva antikorupciska, a kutrata Irina seuste ne veruva. Pa posle se lutat koga nekoj ke im kazi deka ne svakaat nisto, i deka nemozat da e vidat realnata slika na makedonija, do kade ne dovede ovaa VMRO-ovska sekta.
Од: petko
Датум: 28.03.2009 07:33:33
Ajde bre vmro ovcinja za vakvi i slicni temi imate samo komentari , akade vi se komentarite za svedmilk . Vi pocna krajot , brat ljube ke vi go izbrka ovcarot pa ke vi ja donese baba zumbula za pretsedatel .
Од: sv.Naum
Датум: 28.03.2009 07:35:11
Netočnost vo statijata! Slovenskata bivša vlada proba da ja raspušti antikorupciskata komisija, bidejki i beše trn vo oko. No na sreka vo toa ne uspea. Komisijata seušte relativno uspešno raboti.
Од: asterix
Датум: 28.03.2009 08:55:19
Од А до Ш е апсолутно вистинито, Антикорупциска да се преименувави АСАФ Антикорупциска - со амин од Фамилијата
Од: Драги
Датум: 28.03.2009 09:20:32
Ниедна антикорупциска комисија до сега не ја оправдала придавката која и е дадена,бидејќи секогаш го работи спротивното.Избрана од властодржците,најчесто со корупција на свеста и совеста,само ја продолжува,поддржува па и учествува како лобист во немилосрдно растурање и трошење на парите на даночници обврзници.Таа небулоза,поради која се крие најголема злоупотреба на народните пари треба да се укине.
Од: nik
Датум: 28.03.2009 09:32:03
Ne bi go smetal za los i tendenciozen komentarov koga urednickata vo naredniot broj ke pisuva za nasiot ni " Nevladin sektor" koj samo istomislenicite ne go prepoznavaat deka e ekspozitura na SDSM
Од: gv
Датум: 28.03.2009 09:33:23
Jas predloziv da se raspusti ADK koga besa izbrana Mirajna bidejki nema da ima efet.Slovencite ne glupi da trosat sredstva koga nema uspeh vo edna rabota.
Од: spektator
Датум: 28.03.2009 10:15:27
koja antikorupciska, koj bakraci be. kako ne im e sram . opulejte si gi ocite, zatoa sto nekoj drug ke vi gi opuli. .... btw... opulejte si gi ocite znaci otvorete gi ocite... siroko
Од: abc
Датум: 28.03.2009 11:14:09
(do Irena Kavadarci)
Za ovie 37 bukvi i 5-te znaci sto gi napisa kolku te plakat; evro od bukva ???
Daj, te molam, ostavi gi lugjeto da napisat nekoj normalen komentar a ne ti da dezuras po site vesnici i da pisuvas gluposti. Imas li familija voopsto ili ne? Ili go ucis deteto da ne odi na uciliste oti "Komitetot" ke go vraboti ? Daj, zasrami se. Te znaeme koja si od Kavadarci !
Од: terezija
Датум: 28.03.2009 13:40:15
So koj moze da se manipulira i "mesi kako testo"kako sakash..? Se razbira samo so AMORFNA i PROSTA MASA, koja za zal na ovie prostori otsekogash ja imalo i ke ja ima .Bez uvreda i nenamerni 'niski udari-'Partijata koja e na vlast predvodi vo toj pogled,za razlika od segashnata opozicija (a i koga beshe vlast )iako mozebi pomalubrojna sevbrojuva i PRIPAGJA NA INTELEGENCIJATA.So prostata masa samo LESNO se vladee , no ne e i garancija za ispravno i dobro vladeenje ,dodeka dodeka so intelegencijata e OBRATNA sostojbata..
Од: toni
Датум: 28.03.2009 15:16:23
a jas se prasuva cumu ni se vakvi izduvani tekstovi i napisi. zarem za ova se plaka.
Од: Verag
Датум: 28.03.2009 16:24:22
Државна антикорупциска комисија е ОКСИМОРОН.А за кампањата да дообјаснам- на една жителка од Аеродром и олесна дека победило младото момче- вели сега општината ќе добие пари од владата.
Од: Трпе
Датум: 28.03.2009 19:16:39
Како може да постои АД антикорупциска,кога е составена од корумпирани акционери.Под итно да се носи во стечај ова АД,да не ги троши непотребно народните пари.На корумпираните,народот сам ке им пресудува.