Број 2948  сабота, 28 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Гласовите на Македонците ќе ја решат трката во Тетово

 
Хазби Лика (ДУИ) или Сади Беџети (ДПА)

Тројцата кандидати од македонскиот блок во првиот круг освоија девет илјади гласа

Гојко Ефтоски

ТЕТОВО - Кандидатот за градоначалник на Тетово за кого ќе се определат гласачите Македонци многу полесно и поубедливо ќе финишира како победник во вториот круг од локалните избори. Во спротивно, „мртвата“ трка меѓу Хазби Лика (ДУИ) и Сади Беџети (ДПА), двајцата првопласирани кандидати кои изборија учество во финалната рунда на 5 април, ќе биде докрај неизвесна, а за победникот ќе одлучи мала разлика во гласови. Се разбира, под услов да се повтори состојбата од првиот круг во кој Хазби Лика води само со 97 гласа пред Сади Беџети. Првиот собра 11.968, а кандидатот на ДПА 11.871. Во повеќето комбинаторики со можните гласачи во вториот круг, предничат оние кои ќе ги придобијат гласовите од кандидатите-Македонци, кои заедно важат како „трет“ кандидат што не влезе во вториот круг. Тоа беа тројцата од блокот партии на Македонците - Бранислав Светозаревиќ (5.389), Зоран Тевдовски (2.906) и Томислав Стојановски-Бомбај со 960 гласа, или вкупно 9.255.

Овде треба да се додадат уште 2.212 гласа на име на Махмут Јусуфи од Нова демократија, или вкупно 11.467 гласа. Уште една бројка од првиот круг во тетовската општина заслужува посебна анализа. Ова се први избори на кои излезноста на граѓаните била само 46,83 отсто. Најчесто овде се калкулирало со излезност која надминува 70 отсто. Кои се причините за вака малиот одѕив на гласачите е прашање што останува отворено, но истовремено како да е надоврзано на проблемите на кои се укажуваше за поранешните гласања - семејно гласање и полнење кутии, што овој пат навистина не е забележано.

Сади Беџети, ректор на Државниот универзитет во Тетово, инаку редовен професор по анатомија, со сите титули до универзитетски професор, вели дека иако е кандидат на ДПА, тој се чувствува како натпартиски човек. Ако избори победа и се пресели во градоначалничката фотелја, искрено жали за ректорската должност, но се надева дека од позиција на прв човек во локалната самоуправа ќе може да направи многу повеќе и за општината и за универзитетот. Беџети вели дека не знае што содржи градоначалничката функција, но смета на соработка со експерти и луѓе кои знаат како Тетово да се направи европски град со задоволни граѓани и каков ќе изгледа по сто години. „Одлуката е во рацете на Македонците. Сметам дека тие мислат со своја глава, ќе ми ја дадат довербата и ќе победам. Резултатите што ги постигнав во мојот град се потврда за успесите. Никогаш луѓето не сум ги делел по национална или верска припадност. Со сите заедно ќе стартуваме на проекти за општото добро на граѓаните, со што ќе ги решиме виталните проблеми - водоснабдувањето, канализацијата, комуналната, но и стопанската изградба и стимулирање на малите и на средните претпријатија“, вели Сади Беџети.

Кандидатот на ДУИ, Хазби Лика, стартува како актуелен градоначалник со четиригодишно искуство на првата општинска фотелја. Дипломираниот филозоф за тетовската јавност е познат од настаните во 2001 година, кога командуваше со 112 бригада во конфликтот. Потоа се најде и на позиција заменик- министер за внатрешни работи. Сега од своите сограѓани го бара вториот мандат за да ги доврши веќе започнати проекти, особено водоснабдувањето и комуналното уредување на Тетово и селата. „Лично сум задоволен од постигнатите резултати, а мислам дека и граѓаните се задоволни од мојата работа. Сега сметам да се насочам во четири развојни правци: туризам, економија, земјоделство и образование, каде што се неминовни организирани и плански активности. Работев за доброто на сите граѓани, па со право очекувам да ме поддржат сите, независно од верската и национална определба“, нагласува Хазби Лика.

 


Статијата е прочитана 1248 пати.

Испрати коментар

Од: R.R.
Датум: 28.03.2009 00:12:24
Nikoj ne si igra so nicii glaosvi! Narodot sam ke si odluci komu bi go dal svojot glas!
Од: filip
Датум: 28.03.2009 00:34:14
kako samo ubavo si pisuva...''komanduval so 112brigada'' (ubival makedonci bil protiv nasata drzava) i kako nagrada za toa...opaa...zamenik minister i posle gradonacalnik...lelee Makedonijo kaj otidee...
Од: od Makedonec
Датум: 28.03.2009 00:48:33
Preporaka do site Makedonci od Tetovo: Glasajte za onoj kandidat sto ne zel oruzje vo race za da ja brani demokratijata vo edno opstestvo vo 21 vek, bez razlika dali toa opstestvo e so nedostatoci. Samo za Gruevski i Crvenkovski teroristi mozat da bidat vo isto vreme i teroristi i demokrati a naskoro nema da me iznenadi ako nekoj od ONA dobijat i nekoja nobelova nagrada za mir.
Од: tetova
Датум: 28.03.2009 00:57:16
Izlezenost 2005: 49%; Izlezenost 2006: 51%; Izlezenost 2008: 57% Od ova sledi deka recenicata: "Најчесто овде се калкулирало со излезност која надминува 70 отсто. Кои се причините за вака малиот одѕив на гласачите е прашање што останува отворено, но истовремено како да е надоврзано на проблемите на кои се укажуваше за поранешните гласања - семејно гласање и полнење кутии, што овој пат навистина не е забележано." e cisto neprofesionalna i tendeciozna analiza na faktite.
Од: igor
Датум: 28.03.2009 17:58:08
Ako makedoncite glasat za covek koj vo 2001 godina ubival makedonci, togash za mene site se prodadeni-predavnici.Ne mozhe Gruevski da bara od nas vo Tetovo da glasame za komandant na UCK-terorist.Zatoa treba site da glasame protiv Lika.
Од: Albanec
Датум: 28.03.2009 19:53:36
Mora da glasate ako sakate da zivete vo Tetovo, i uste edno prasanje do site tetovcani...Kazete dali vi zivete mnogu podobro vo tetovo otkolku vo istocna makedonija....\realno
Од: tetovec
Датум: 29.03.2009 12:52:24
kakva logika ima da glasam za dui?????????????na grujo mu e za vlast i pari da glasam koi tetovo sakat da go napravat grad vo albanija????????tudjo zname,jazik,himna koristat sakat ovie tri raboti da ni gi promenat pa mora da sum padnat od nebo ako glasam za dui...............
Од: korco
Датум: 29.03.2009 17:35:12
Eve vi sega braka makedonci sansa da im vozvratite so ubavo na sograganite albanci. Kakvi im se nivnite baranja takvi neka se i vasite tamu vo zapadna MK. Pa neli sme site ednakvi?! Bidete istrajni vo vasite baranja kako sto bea i tie. Samo i sega ako si ja podviete opaskata e togas.....

Најди! во Утрински
Насловна
Антикорупциска стана владина експозитура
Лопатите станаа синоним
Формула 1 повозбудлива од кога и да е
Македонската економија се издишува, Владата задоволна
Протест против црква на плоштадот
Аце од Белата куќа
Кој прогнозираше крај на капитализмот!?
Бошкоски бара од Груевски да ја напушти ВМРО-ДПМНЕ
Црни прогнози- без ЕУ, Балканот ќе отиде во авторитаризам
Словенија даде виза за влез на Хрватска во НАТО
Узбекистанската принцеза - пајак во мрежата за бели робје
Фармерите бараат апс и за новите и за старите газди на „Сведмилк“
Карикатура