Број 2948  сабота, 28 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Формула 1 повозбудлива од кога и да е

Никој не може да се издвои како фаворит пред почетокот на сезоната в недела во Австралија

Стартот на сезоната во Формула 1 никогаш досега не предизвикувал толкав интерес кај спортската јавност. Многуте нови моменти ја прават крајно непредвидлива, а со тоа и супервозбудлива трката за Големата награда на Австралија, со која в недела во 8 ч. ќе биде крената завесата на годинашниот циркус на четири тркала. Нови правила (КЕРС, враќање на мазните гуми по 11 години, повисоки и потесни задни спојлери, дозволени подвижни крилца на предниот спојлер, секој возач ќе може да користи само осум мотори во целата сезона), нов тим (Браун ГП), нова трка (Абу Даби), нов возач (Себастијан Буеми од Торо Росо). Сето ова, а пред се' резултатите на тестирањата во пресрет на сезоната и на тренинзите пред неделната трка на патеката Алберт Парк во Мелбурн, се гаранција дека речиси ништо нема да биде исто како лани.

Луис Хамилтон, на пример, ќе има ѓаволски тешка задача да ги задоволи апетитите на традиционално мегаломанските британски Ф1-фанови, кои од него очекуваат да стане првиот Британец што ја одбранил титулата. Џеки Стјуарт (1969, 1971 и 1973), Џим Кларк (1963 и 1965) и Греем Хил (1962 и 1968) на првиот црномурен возач и шампион во овој спорт му оставија во аманет да ги репризира подвизите на Аскари, Фанџо, Бребем, Прост, Сена, Хакинен, Шумахер и Алонсо.

„Ако сте алпинист и веќе сте се искачиле на Монт Еверест, тогаш нема да се плашите да го сторите тоа уште еднаш, бидејќи знаете дека можете“, оптимист е првиот човек на Мекларен, Рон Денис. Но, не и Хамилтон, кој изрази стравување дека може да остане дури и без поен во Мелбурн! „Едноставно, не сме доволно брзи“, разочарано ќе изјави првиот возач на Мекларен уште пред катастрофалните пласмани на 16. место на првиот тренинг и 18. на вториот.

Ништо подобри очекувања немаат ни во конструкторскиот првак Ферари. Вицешампионот Фелипе Маса и првакот од 2007, Кими Раиконен, кои завршија на средината од табелата со постигнатите времиња на тренинзите пред трката во Мелбурн. Тука некаде беше и двократниот светски првак Фернандо Алонсо од Рено, кој има најмногу победи од активните возачи, вкупно 21, четири повеќе од Раиконен.

��ва остава простор за другите, кои тоа веќе почнаа да го користат. Да речеме, Нико Розберг од Вилијамс беше најбрз во двете тренинг-сесии во сончевиот Алберт Парк, а Хамилтон 18-ти во конкуренција на 20 возачи што се појавија на вториот тренинг. Само Бразилецот Нелсон Пике од Рено и 20-годишниот швајцарски дебитант Себастијан Буеми од Торо росо беа побавни од Британецот.

Трите тима што користат контроверзни задни дифузери - Браун ГП, Тојота и Вилијамс - покажаа зошто нивните ривали се толку загрижени, пополнувајќи шест од првите седум места во вториот тренинг. Триото беше предмет на протест покренат од другите екипи, кои тврдеа дека нивните болиди се нелегални, но стјуардите на трката ги отфрлија обвинувањата.

Розберг, кој минатата година беше трет во Мелбурн, но во продолжението на сезоната тешко освојуваше поени, го предводеше тимскиот колега Казуки Накаџима во еден-два победата на Вилијамс во првиот тренинг. Неговото најдобро време во втората сесија од 1:26,053 мин. беше за 0,104 сек. подобро од тоа на Бразилецот Рубенс Баричело од Браун ГП и многу подобро од резултатот 1:26,714 мин. на Хамилтон.

Браун ГП најавува чудо

МЕКЛАРЕН

1. Луис Хамилтон (В. Британија) 2. Хеики Ковалаинен (Финска)

Имајќи предвид дека ниту еден британски возач не освоил две титули едноподруго, како и слабите резултати на Мекларен на тестирањата, на Хамилтон ќе му требаат огромен напор и не помалку среќа за да ја одбрани круната. Предност на 24-годишниот првак е неговата способност да извлече максимум од својот болид, но и успехот во минатогодишното првенство, кој симна голем дел од товарот врз неговиот грб. Покрај тоа, тој вели дека е погладен за победи од кога и да е.

Ковалаинен, пак, кој лани забележа само една победа, треба да ја подобри својата изведба. Неговиот проблем е во тоа што, дури и болидот да е доволно добар, тој го има токму Хамилтон за тимски колега.



ФЕРАРИ

3. Кими Раиконен (Финска)

4. Фелипе Маса (Бразил)

Раиконен ќе сака да се врати на победничките патеки откако не успеа да ја одбрани титулата освоена во 2007 година, наполно разочарувајќи со формата во минатата сезона. Тој веќе изгледа подобро во болидот што би требало да оди на победа во секоја трка.

Маса го надмина разочарувањето од губењето на титулата минатата година поради само еден поен помалку од Хамилтон. Токму тој би можел да биде фаворитот сезонава, во која би можел да стане првиот Бразилец на престолот по Аиртон Сена во 1991 година.

Тандемот возачи му дава право на Ферари да се надева на одбрана на конструкторската титула.



БМВ ЗАУБЕР

5. Роберт Кубица (Полска)

6. Ник Хајдфелд (Германија)

БМВ си зацрта четиригодишен план кога во 2006 го презеде Заубер и оттогаш наваму ја исполни секоја од поставените цели. Годинава целта е да се бори за освојување на шампионатот и тоа изгледа реално, со оглед на охрабрувачките претсезонски тестови.

Хајдфелд, кој е понизок и полесен од Кубица, има предност во однос на тежината и би требало да се чувствува подобро со мазните гуми по мачењето минатата година. Германецот изгледа како погоден за облог дека ќе ја оствари својата прва победа по деценија обиди, а Полјакот Кубица би требало да ја има својата најголема шанса да се вмеша во трката за титулата.



РЕНО

7. Фернандо Алонсо (Шпанија)

8. Нелсон Пике (Бразил)

Алонсо во јануари изјави дека оди на освојување на двете титули, а за Мелбурн си постави за цел најмалку подиум. Оттогаш наваму тој намали малку од својот оптимизам, ставајќи најмалку три тима пред Рено.

Најголема загриженост предизвикува финансирањето на тимот, откако главниот спонзор ИНГ се повлече на крајот од минатата сезона и остави голема дупка во буџетот во време кога францускиот производител трпи удари од глобалната рецесија.



ТОЈОТА

9. Јарно Трули (Италија)

10. Тимо Глок (Германија)

На Тојота очајно и' е потребна првата победа за да врати барем малку од милијардите потрошени од 2002 година наваму. Јапонскиот произведувач на автомобили ја потврди својата посветеност на овој спорт, но трошењето на кредитот го зголемува притисокот врз тимот, бидејќи уште една неуспешна сезона би можела да значи и дефинитивен крај.

Трули верува дека ќе се борат за врвот, а тестирањата ги потврдуваат неговите зборови откако тимот добро се носеше со Ферари во Бахреин минатиот месец.



ТОРО РОСО

11. Себастијан Буеми (Швајцарија) 12. Себастијан Бурде (Франција)

Буеми (20) е единствениот дебитант и најмлад возач во Формула 1 сезонава. Тој ќе има најтешка задача од сите на патеката, со оглед на тоа дека дури овој месец седна зад управувачот на новиот болид со мотор од Ферари, имајќи ја предвид и забраната за тестирање до крајот на сезоната.

Поранешниот првак во Чемп кар, Бурде, има искуство од една сезона, но неговата форма минатата година не беше спектакуларна. Ќе мора значително да се подобри, ако се гледа себеси во Формула 1 по 2009.

Со заминувањето во Ред бул на Себастијан Фетел, тимот тешко дека ќе може да ги повтори подвизите од минатата година. Понекој поен ќе биде полна капа.



РЕД БУЛ

14. Марк Вебер (Австралија)

15. Себастијан Фетел (Германија)

Болидот РБ5, дизајниран од Адријан Њуи и со мотор од Рено, изгледа дека ќе врши работа, а тимот има и победник на трка во Фетел. Тимскиот шеф на ривалскиот Вилијамс, Френк, во нив гледа јасна закана.

Вебер е еден од најбрзите возачи во еден круг, но истовремено и еден од најмалерозните, а се' уште треба да ја претвори својата брзина во квалификациите во победа на трка.

Фетел, најголема германска надеж по повлекувањето на Михаел Шумахер, ќе биде најтешкиот можен тимски колега за Вебер. Австралиецот ќе мора да се покаже подобар од него ако сака да го продолжи договорот по завршувањето на сезонава.



ВИЛИЈАМС

16. Нико Розберг (Германија)

17. Казуки Накаџима (Јапонија)

Претсезонските тестирања сугерираат дека болидот конструиран од „Тојота“ ќе може да го исфрли при врвот тимот што имаше разочарувачка сезона 2008. Тимот е голем фан на системот КЕРС, но нема да го користи својот во првите неколку трки. Тие може да очекуваат дека високоценетиот Розберг, кому претходно око му фрли Мекларен, ќе биде на излезната врата на крајот од сезоната ако болидот не им е конкурентен.

Накаџима сега е единствениот јапонски возач, кој со искуствот од една сезона би требало да освои солиден број поени.



ФОРС ИНДИЈА

20. Адријан Сутил (Германија)

21. Џанкарло Физикела (Италија)

Еден од кандидатите за изненадување, со помош на „Мерцедес“ и на Мекларен. Сутил го покажа својот потенцијал во Монако минатата година, но му требаат солидни резултати за сигурна иднина во Формула 1.

Физикела е близу до завршување на кариерата, но се' уште изгледа најверојатен освојувач на првите поени на тимот по празната дебитантска сезона 2008.



БРАУН ГП

22. Џенсон Батон (В. Британија)

23. Рубенс Баричело (Бразил)

Поранешниот тим на Хонда, сега со друг менаџмент, би можел да биде откритие на сезоната ако ја преслика запрепастувачката форма на тестирањата и во текот на сезоната. Хонда ја почна работата врз болидот за 2009 според новите правила пред повеќето други тимови, па Браун може да профитира од тоа. Како еден од трите тима со мотор на „Мерцедес“, тие имаат двајца многу искусни возачи, кои може да се очекува да ја искористат својата шанса.

Долгорочното присуство на Браун во тимот останува неизвесно, а постојаноста може да биде проблем со оглед на недоволниот број тестови.

 

Деби на Абу Даби

29 март - АВСТРАЛИЈА (Алберт Парк, Мелбурн). Должина на патеката: 5,303 км. Кругови: 58. Вкупна должина на трката: 307,574 км. Победник во 2008: Луис Хамилтон (Мекларен). Почеток: 8 ч.

Привремена патека низ парк, но на некој начин се' уште подобра од многу трајни патеки во Европа. Трката ќе почне подоцна од кога и да е заради телевизиските гледачи во Европа, по притисокот што го изврши првиот човек на Формула 1, Берни Еклстоун.

5 април - МАЛЕЗИЈА (Сепанг). 5,543 км., 56 круга, 310,408 км. Кими Раиконен (Финска), Ферари. Почеток: 11 ч.

Големата влажност на воздухот ја прави оваа трка една од најисцрпувачките за возачите. Го следеше примерот на Австралија со подоцнежен старт од телевизиски причини.

19 април - КИНА (Шангај). 5,451 км., 56 круга, 305,066 км. Луис Хамилтон (Велика Британија), Мекларен. Почеток: 9 ч.

Патеката се наоѓа североисточно од Шангај и има капацитет од 200.000 гледачи. Го смени терминот, откако до лани се одржуваше во средината на октомври.

26 април - БАХРЕИН (Шахир). 5,412 км, 57 круга, 308,238 км. Фелипе Маса (Бразил), Ферари. Почеток: 14 ч.

Прва од двете трки на Блискиот Исток, а Абу Даби ќе дебитира во ноември. Опкружена од пустина, Шахир е една од најмодерните патеки, но песокот би можел да претставува проблем.

10 мај - ШПАНИЈА (Каталуња, Барселона). 4,655 км, 66 круга, 307,104 км. Раиконен. Почеток: 14 ч.

Добро позната патека на сите тимови од тестирањата. Во календарот е од 1991 година, но трките често се во поворка.

24 мај - МОНАКО. 3,340 км, 78 круга, 260,520 км. Хамилтон. Почеток: 14 ч.

Најблескав камен во круната и се' уште најгламурозна трка од сите, и покрај конкуренцијата од Сингапур. Квалификациите се клучни со оглед на тоа што престигнувањето е речиси невозможно низ тесните и кривулести улици.

7 јуни - ТУРЦИЈА (Истанбул Парк). 5,338 км, 58 круга, 309,396 км. Маса. Почеток: 14 ч.

Една од трите патеки во шампионатот по која движењето е спротивно на стрелките на часовникот. Другите две се Интерлагос во Бразил и Сингапур. Наликува на Спа поради брзината и претерано долгата поставеност, патеката се наоѓа на азиската страна од Истанбул.

21 јуни - ВЕЛИКА БРИТАНИЈА (Силверстоун). 5,141 км, 60 круга, 308,355 км. Хамилтон. Почеток: 14 ч.

Годинашната трка ќе биде последна на патеката на која се одржа првото гран-при во Формула 1 во 1950 година. Од 2010 трката за Големата награда на Велика Британија се сели во Донингтон Парк. Патеката е една од најдолгите во Ф1.

12 јули - ГЕРМАНИЈА (Нирбургринг). 5,148 км, 60 круга, 308,863 км. Хамилтон (во Хокенхајм). Почеток: 14 ч.

Секоја година се менува со Хокенхајм како домаќин на Германското гран-при.

26 јули - УНГАРИЈА (Хунгароринг, Будимпешта). 4,381 км, 70 круга, 306,630 км. Хеики Ковалаинен (Финска), Мекларен. Почеток: 14 ч.

Прва трка зад „железната завеса“ и се' уште единствена во Источна Европа. Бавна патека, тешка за престигнување.

23 август - ЕВРОПА (Валенсија, Шпанија). 5,419 км, 57 круга, 308,883 км. Маса. Почеток: 14 ч.

Лани го имаше своето деби во Формула 1 како најздодевна трка во сезоната. Втора улична патека во Европа и втора трка во Шпанија.

30 август - БЕЛГИЈА (Спа Франкошамп). 7,004 км, 44 круга, 308,052 км. Маса. Почеток: 14 ч.

Најдолга патека и втора најбрза трка во календарот, како и една од најголемите во историјата, и покрај слабата посетеност и финансиските проблеми. Временските услови се непредвидливи. Лево-десното движење во О Руж е помалку возбудливо одошто беше, но се' уште е голем тест за храброста.

13 септември - ИТАЛИЈА (Монца). 5,793 км, 53 круга, 306,720 км. Себастијан Фетел (Германија), Торо росо. Почеток: 14 ч.

Најстарата и најбрза трка. Поставена во кралскиот парк североисточно од Милано, на патеката се развиваат брзини од над 360 км/ч и во просек повеќе од 240 км/ч по круг. На ниту една друга патека не се одржани повеќе трки.

27 септември - СИНГАПУР. 5,067 км, 61 круг, 308,950 км. Фернандо Алонсо (Шпанија), Рено. Почеток: 14 ч.

Имаше спектакуларно деби минатата година како прва ноќна трка, а патеката е околу областа Марина Беј. Прва улична трка во Азија.

4 октомври - ЈАПОНИЈА (Сузука). 5,807 км, 53 круга, 307,573 км. Алонсо (во Фуџи). Почеток: 7 ч.

Патеката е во сопственост на „Хонда“ и по две годишно отсуство е алтернатива за Фуџи што ја поседува „Тојота“. Многу брзата Сузука е омилена кај возачите.

18 октомври - БРАЗИЛ (Интерлагос, Сао Паоло). 4,309 км, 71 круг, 305,909 км. Маса. Почеток: 18 ч.

Лани со неа заврши сезоната, а во последните четири сезони беше сведок на решавањето на титулата. Максимално посетена од локалните пасионирани Ф1-фанови. Дождот секогаш е ризик.

1 ноември - АБУ ДАБИ (Јаш Марина). 5,554 км, 55 круга, 305,470 км. Почеток: 13 ч.


Статијата е прочитана 741 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Антикорупциска стана владина експозитура
Лопатите станаа синоним
Македонската економија се издишува, Владата задоволна
Гласовите на Македонците ќе ја решат трката во Тетово
Протест против црква на плоштадот
Аце од Белата куќа
Кој прогнозираше крај на капитализмот!?
Бошкоски бара од Груевски да ја напушти ВМРО-ДПМНЕ
Црни прогнози- без ЕУ, Балканот ќе отиде во авторитаризам
Словенија даде виза за влез на Хрватска во НАТО
Узбекистанската принцеза - пајак во мрежата за бели робје
Фармерите бараат апс и за новите и за старите газди на „Сведмилк“
Карикатура