Број 2948  сабота, 28 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Се бара апс и за новите и за старите газди на „Сведмилк“


Моше Баум

Баум им рекол на млекарите дека од него можат да ги бараат парите само за последните два месеца

Битола - Затвор за Моше Баум, но и за поранешните менаџери на „Сведмилк“, побараа вчера битолските кооперанти. Според нив, апсењето на новиот газда на млекарницата, Баум, поради измама од 5 илјади евра за најмен автомобил е монтиран процес, а од друга страна, го помилуваат за криминал од 6 милиони евра, колку што сега им должи на млекарите.

„Полицијата го гони Баум за 5 илјади евра, што украл некоја искршен автомобил. Зошто не ги фатат сите заедно - и бившите газди и новиот сопственик, кои осум месеци ги крадат нашите пари. Каде е министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска. Сега гледаме кој е вмешан во оваа игра. Нека кажат јавно каде се нашите пари“, повика Душко Илевски, сточар од Битола, на вчерашната прес-конференција во регионалната канцеларија на Федерацијата на фармери на Македонија, поддржан од голем број битолски фармери. Илевски вели дека на последната средба меѓу млекарите и Баум, новиот газда им испратил јасна порака дека од него можат да ги бараат парите само за последните два месеца, но не и вкупниот долг, иако Баум ја доби млекарницата за само едно евро, со обврска да им исплати целосно на фармерите.

„Заменик-министерот за земјоделство, Кристијан Делев, не' советува да го тужиме Роџер Оскарсон, но тој заминал во Шведска. Кого да тужиме сега? Моше Баум пред неколку дена ни рече ’одете од Владата барајте ги парите, многу сте ми интересни кога штрајкувате пред Владата‘. Тој ни должел само 2 милиона евра, колку за два месеца. На кого да му се жалиме?“ револтирано рече Илевски.

Сточарите велат дека не се откажуваат од своите мачно заработени пари. Протестите ќе продолжат повторно пред вратите на Владата. А, во меѓувреме бараат начин каде да го пласираат суровото млеко. Се жалат дека двете најголеми млекарници во државата се обидувале да ги уценат и им нудат цена од 13 денари за литар млеко.

Фармерите тврдат дека 80 проценти од млекарите го прекинале предавањето на млекото во „Сведмилк“. Така што сега млекарницата од нив откупувала само 15 тони млеко од досегашните 120 тони. Досега од вкупниот долг спрема фармерите, млекарницата исплатила само 250 илјади евра и тоа само на дел од нив.


Роџер Оскарсон

И додека во Битола фермерите жестоко реагираат поради тоа што не можат да си ги добијат парите, во Скопје беше актуелно приведувањето на новиот газда на „Сведмилк“, Моше Б��ум.

Во Основниот суд Скопје 1, каде беше спроведен со барање за спроведување на истрага за кривични дела измама и за издавање чек без покритие, тој мина не повеќе од два часа. Имено, распитот на сопственикот на млекарницата „Сведмилк“ не траел повеќе од 45 минути, но уште толку време се чекало на решението што го изготвувал истражниот судија и во кое, освен одлука за спроведување истрага, нема и решение со кое на Баум му се изрекува и притвор. За волја на вистината, Истражниот судија донел решение со кое на Моше Баум, инаку странски државјанин, му била изречена превентивна мерка одземање на патна исправа, но нему му е наложено секој ден да се јавува во полиција.

Од она што можевме неофицијално да го дознаеме, осомничениот Баум се бранел со давање исказ дека тој не сторил никаква измама, дотолку повеќе што не приложил никаков банкарскиот чек, туку слип од платинеста платежна картичка. Според истите сознанија, Баум се бранел со кажување дека сумата од нецели 300.000 денари, колку што тој и' должел на рентакар агенцијата „Ни-мар“, е минорна во однос на она што тој во изминатите неколку месеци го плаќал за наем на возила, но и тоа дека никој од агенцијата претходно не му забележал на евентуалното пречекорување на рокот за плаќање, и покрај тоа што секојдневно го гледале во хотелот „Александар палас“. (А.Б.-Љ.С.)


#
Статијата е прочитана 1810 пати.

Испрати коментар

Од: Makedonec vo EU
Датум: 28.03.2009 00:31:27
Aj da vidime dali nekoj ke se osmeli da ja najde vmesanosta na ovcarot - ili posle sudskiot proces protiv Frcko, slobodnata misla vo FYROM (koja i onaka ne bese kojznae sto) umre.
Од: Хоштаплер
Датум: 28.03.2009 01:05:15
Многу би сакал да знам кој доведува вакви хоштаплери во Македонија? Кој заклучи договор со него за „купување“ на млекарницата за едно евро?!!! Пред лицето на правдата треба да се изведат сите арамии што учествуваа во грабежот на парите на јадните фармери!
Од: lewintijan
Датум: 28.03.2009 01:21:10
sto ce vi se pari g-do farmeri vie uste vi 1-ot krug vo novaci i mogiola si glasavte za tie sto vi go udrijakolbasot sega jadete prski od kravite.potrosivte iljadnici litri na nedolzni gradjani so vasite blokadi vo benzin,nafta a da ne govoram za maltretiranjata na nedolzni ludje po patistata a sega cacko vie kriv .gi izglasavte i ne se bunete!
Од: jimmy1
Датум: 28.03.2009 05:19:19
Do Hostapler: Se znae koj e prodade mlekarnicata za edno evro, toj sto secese lenta, Ovcarot Grujo. Pa zarem ne gledas kakvo stado ovci vodit, sve se ovci roguski. Od kogo ocekuvas da da bide sprovedeno krivicno gonenje koga vo Antikorpciska, Sudstvoto i Policijata sefuvaat partiski poslusnici, i pravat ona sto ke im naredi filerot. Ovie drzavni ustanovi se tie sto treba da bidat nezavisni od vldata bideki tie se sto treba da gi zastapuvaat graganite, bilo vo zastita od korumpiranite, za pravata i slobodata na graganite, za pravedni sudski odluki i red drugo. Celnicite na ovie vitalni ustanovi treba da gi postavuva narodot a ne Grujo. "Mugabe" sudi, nareduva a ovie samo gi sproveduvaat vo delo negovite odluki. Site se korumpirani ali koj VMRO -ovec se pojavil na sud da odgovara za toa, nikoj zosto kaj nas e kadija te tuzi kadija te sudi. Ali za zal slepcive od VMRO ne go gledaat toa, a nemozis nitu da im dokazis. Poarno neka go citaat Latas barem ke im kazuva prikaski za VMRO.
Од: RM
Датум: 28.03.2009 05:25:43
Kriminalot vo zatvorot idrizovo. Proverete go direktorot Mile Mladenovski i negovata firma sestra EURO ARI kompani. Preku taa firma odat pogolemiot broj na nabavki.I vrabotuvanje na svoi rodnini toa se vika nepotizam.
Од: Trajko
Датум: 28.03.2009 08:09:58
Jasno e kako bel den ,deka ovde nema udel na nashiot pastir.Toa e chisto delo , kakvi stranski investitori nosat vo Makedonija.Ista shkola na uchitelot Ljubcho.Toa se nivni familijarni firmi registrirani vo stranstvo.Makedonski narode razbudi se.Zatoa ne pominaa albanija i bugarija.So lazen patriotizam ne se zivee a vo glava sekojdnevni idei za kriminal.
Од: vick oh
Датум: 28.03.2009 08:42:11
zalosno za farmerite....no dali zasluzuvaat da se solidarizirame so niv,koga namesto da gi kaznat tie sto gi ukradoa tie gi nagraduvaat.Mu davaat mandat na izmamnicite uste vo prviot krug.....Cuden narod sme...se povtoruva ona so kuburot....
Од: zabegan.
Датум: 28.03.2009 09:27:27
ЗОШТО бе да го хапсите Човекот што имате врска па ако не платил за рентајње автомобили . Па нели и тие се приватна фирма?? Или е на владата та фирма што издава автомобили на рента? А даве изрента горнион да не висе слушне повеќе ни име.
Од: MILENA
Датум: 28.03.2009 09:35:25
Kakvi stranski invenstitori, toa se firmi na grujo i na negovata kompanija KRIMINALCI registrirani vo stranstvo, a se drugo e prikazna za mali deca. A bidejki neme koj da stavi red vo ovaa drzava taka ke prodolzi i ponatamu za ZAL.
Од: goran germanija
Датум: 28.03.2009 09:51:15
ne sum partiski opredelen posto vo makedonija ne postoi partija sto ke gi zastapuva interesite na svojot narod, no sakam da dadam eden komentar vo vrska so aktuelniot problem ili skandal so svedskata mlekarnica ,za koj vo edna normalna drzva dosega vladata ke padnese,interesno bese slucajot so zoran zaev ,prethodnata godina,kolku brzo reagirase vladata expresno,napravi spektakl za javnosta ,go uapsija so lisici na racete pred tv kamerite,a sega kaj ovaj problem si stoj nastrana,iako na povidok e golem kriminal ,vo koj se vmesani funkcioneri od vladeackata garnitura..se nadevam deka ke go objavite mojot komentar ....
Од: intelekt
Датум: 28.03.2009 13:30:35
more privedi,uapsi zatvori toa kriminalci edni!!!toa treba!sramota!sramota!sramota!!!ne bil vinoven mose baum,a koj e vinoven baba mi mara???!!!idioti!
Од: Митре од Кривогаштани
Датум: 28.03.2009 14:46:28
Се враќа филмот како од Газда Језда каде сите со полни куфери пари одшетаа преку граница!, нема што право Африканско сценарио. За жал ниеден лоповлук не е казнет и нема завршница ниту во еден процес. Обратно! Се еден криминалец од Шведска или САД нема каде би се сокрил на оваа топка дека тој криминал не застарува и завршува со комплетно конфискување на имотот и едно 600 год, Идризбург!
Од: mihajlo
Датум: 28.03.2009 15:54:44
Vo nekolku navrati po odnos na ovaa tema go kazav svoeto mislenje.Za zal toa se obistini.Ne postoi stranski investitor.Ne postoese Svedska firma i predi toa.Setete se samo vo denovite na prodazbata na koj lopov bea 32,5% akcii.Liceto so ime i prezime se vika Zore Temelkovski-magaricata(toa mu e prekarot od detstvo).Hostaplerot sto za 24 casa go donesoa od Izrael e eden obicen bednik koj za sitni pari odrabotuva kriminalno dejstvie.Firmata swedmilk e na makedonski vagabonti.Problemot e sto vo ovoj totalitaren rezim nema moznost vistinata da izleze na videlina.Setete se i na eden drug slucaj.Prodazbata na makedonskiot brend-Alumina.Firmata ja prodadoa na Izraelska kompanija( tie se izraelci kolku sto sum jas spanec).Kade se sega Izraelcite.Otidoa i nema da gi vidime.Taka e i so swedmilk.Covekot nema nisto ukradeno.Ima zemeno dva milioni evra za dva meseca,parite gi dade na pravite gazdi.Za rentakar voziloto plati 5000 evra i naskoro ce si zamine.Da zivee skoevecot Ivanov .
Од: Verag
Датум: 28.03.2009 16:33:09
Тоа што Владата не реагира на очигледниот криминал на старите газди,како и на овој 9што го донесе Грујо) е доказ дека итекако е инволвирана во ова. Нажалост,кај нас полицијата испитува криминал само на припадници на опозицијата. Од каде ли изникна овој Моше? И тој ќе да е глумец,како оној што го донесе исто ВМРО,за газда на Бучим.Хонорар што е договорен е парите што ги зеде за овие два месеци.
Од: Zoran
Датум: 28.03.2009 16:52:59
Me interesira koj IDIOT potpisal dogovor so ovoj prevarant ?! Se dava li fabrika za 1 evro na zimi majka ? Poglednete sto pisuva na nivnata web strana http://www.fenixenergy.org • Fenix Energy USA LLC. Has over 25 years of experience that spans over import-export activities, Logistics, international negotiation, government service, commodity, and general business project management capabilities. Dokolku poglednete na http://whois.domaintools.com/fenixenergy.org ke vidite deka web sajtot e registriran pred nepolna godina na ime Mike Baum Created: 2008-05-26 Expires: 2011-05-26 Updated: 2008-10-31 Treba li uste ponatamu da napisam nesto ?
Од: glupendra
Датум: 29.03.2009 09:32:16
Mlekarite i bitolcani dokazaa deka Vladata e vo pravo. i izglasaa svoj VMRO-vski gradonacalnik. Vo Strumica kako najgolem zemjodelski grad vo Republika Makedonija zemjodelcite si izglasaa SDSM -vski gradonacalnik kazuvajki mu na Gruevski kolku se zadovolni od subvenciite vo zemjodelieto so koe nesto najmnogu se faklea. Taka da se si ima svoja cena . Ke dojde SDSM na vlast i ke se apsat pa VMRO-ovci. Mmozebi cirkusot ke go gledame uste naesen, ako se obedinat i napravat zaednicka platforma Crvenkovski, Boskovski, Selmani, Andov, i ostanatite opozicioneri, normalno za izlez na Makedonija od corsokakot vo koj ja dovede Graevski.
Од: Јас
Датум: 29.03.2009 10:17:17
Абе незнам како не ви е јасно кој го донел. Па секако СДСМ. СДСМ е многу моќна партија и е крива за се што се прави криминал во државава дури и кога не се на власт. Само владава се зезна со Заев, прерано му го отвори процесот и Бранко го амнестира. Сега чекаат да го постават својот претседател и ќе тргнат во борба против целиот криминал и ќе докажат дека Моше и Бранко се трети братуцеди по мајка. Стрпете се само малце, све ке се среди :). Само млекарите треба да излезат и гласаат за Ѓорѓе :)
Од: Sami si barate
Датум: 29.03.2009 14:20:10
Voopsto ne gi zalam mlekarite. Toa sto baraa toa i dobija. Pa ovie slepci i pokraj neplacanjeto na mlekoto uporno go predavaa na ovaj hokstapler . a istiot e vo ocigledni vrski so visoki strukturi na vlasta, Toa e povece od jasno., ovie slepci vo Mogila i Pelagonija na istite tie koi go organiziraa ovaj grabez mu gi davaat svoite glasovi. Ma neka ve ......... koga ste zaslepeni. Samo nemoj povece da ne maltretirate nas obicnite gradjani so blokadi i sl. gluposti. Ako sakate pari odete kaj tie stoi vi gi ukradoja i tamu bolkirajte, a ne nas da obicnite gradjani da ne maltretirate,. Navistena ste prosta i nepismena raja
Од: koki
Датум: 29.03.2009 15:19:58
Кој го донесе тој глумецот од Америка во Бучим??? ВеМеРовцит��... Кој го донесе Моше Баум во Сведмилк??? Повторно ВеМеРото!!! И то на чело со Грујо, Тања бумбарката заедно со Митре од Битуше, Македонка од Велес, Алаксандал Од Тлиангла и останала ВМРО интелегенција истурија КУП БЕЛИ БУМБАРИ, ама млекарите си го папаа... остваруваме ќе рече на тоа Грујо...

Најди! во Утрински
Насловна
Антикорупциска стана владина експозитура
Формула 1 повозбудлива од кога и да е
Лопатите станаа синоним
Македонската економија се издишува, Владата задоволна
Гласовите на Македонците ќе ја решат трката во Тетово
Протест против црква на плоштадот
Аце од Белата куќа
Кој прогнозираше крај на капитализмот!?
Бошкоски бара од Груевски да ја напушти ВМРО-ДПМНЕ
Црни прогнози- без ЕУ, Балканот ќе отиде во авторитаризам
Словенија даде виза за влез на Хрватска во НАТО
Узбекистанската принцеза - пајак во мрежата за бели робје
Карикатура