Број 2948  сабота, 28 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Словенија даде виза за Хрватска во НАТО

Партијата на словенечкиот народ не успеа да собере потписи за референдум

ЉУБЉАНА - Претседателот на словенечкиот парламент, Павел Гантар, вчера го потпиша Законот за ратификација на Пристапниот протокол за влез на Хрватска во НАТО, а по него тоа го направи и словенечкиот претседател Данило Турк, така што Законот ќе биде објавен во „Службен весник“ и Пристапниот протокол ќе стапи во сила.

„Го потпишав Законот за ратификација на Пристапниот протокол за влез на Република Хрватска во НАТО и го испратив до претседателот на државата, а истовремено Законот е објавен и во електронското издание на „Службен весник на Република Словенија“, изјави вчера Гантар во кратката изјава за новинарите. Гантар изјави дека со тоа се стекнати сите услови за конечна ратификација на Протоколот, што овозможува Словенија навреме да го испрати својот документ за ратификација до владата на САД како депозитар на Атлантската спогодба, за да може Хрватска идната недела на самитот на организацијата да учествува како полноправна членка.

Законот за ратификација на Пристапниот протокол го потпиша и претседателот на државата, Данило Турк, најавувајќи дека Пристапниот договор уште во текот на денот ќе се најде во словенечкиот „Службен весник“.

Законот за ратификација на Пристапниот протокол за влез на Хрватска во НАТО словенечкиот парламент го ратификуваше пред еден и пол месец, но постапката не можеше да се изведе докрај поради иницијативата парламентарната ратификација да се оспори на референдум. Меѓутоа, маргиналната Партија на словенечкиот народ (ССН) наместо потребните 40.000 потписи за својот предлог за референдум, до истекот на 35-дневниот рок собра само 1.087 потписи.


Статијата е прочитана 700 пати.

Испрати коментар

Од: Makedonec vo EU
Датум: 28.03.2009 00:29:06
Eve kolku traat sporovite vo civiliziranite zemji. Mesec-dva, a ne decenii. Ama Hrvatite se pametni, imaat cel i strategija - ne se glupiraat zboruvajki deka se potomci na starite Rimjani...
Од: makedonce
Датум: 28.03.2009 04:53:41
ti sto komentiras gluposti das ti kazam hrvatska e od 1991 godina vo eu koga za rasipani tenkovi germancite sto im gi davaa im gi kupija site hoteli vo hrvatska ...ziveev tamu pa znam sto se slucuvase i plus ne i treba na hrvatska 25 km breg na jadranot koga IMA IJLADA KILOMETRI DOLZ CEL JADRAN... a ne odosto se civilizirani tuku interes i hrvatska ne ja tera nikoj da smeni ime jazik i istorija..
Од: Kultiviran Balkanec
Датум: 28.03.2009 08:06:40
Hrvatite i Slovencite se karaat za granici, a nie otkako ja izgubvme Egejska i Pirinska Makedonija sme na siguren pat da ja izgubime i Zapadna Makedonija, bidejkji ne vodi jak politicar.
Од: do makedonce i Kultiviran Balkanec
Датум: 28.03.2009 09:03:21
jako mesto ke izgubite ako go daete golema dandana ke izgubite izguben vie cel zivot vas a sega geldate na mesto ostavite be tiee muabeti
Од: may
Датум: 28.03.2009 14:00:26
aj vie Azilanti edni, ti od Eu i ti mn kultiviran so se pravis , sto ne si se vratiti vo Mk i mozete da mlatite prazna slama po cel den po kafikite vo Mk ama i kutek debel ke izedete spored ovie komentrari sto gi davate...
Од: blagoj
Датум: 28.03.2009 18:12:16
hrvatska ne e prinudena da si go smeni imeto i da se otkaze od identitetot i jazikot , i shtom sve nokoj od vas tolku pametni kazeti kako sakate da se vikame od denes natamu ili izjasnetese site preku peticija ili kako sakate deka veke se otkazuvate i od ime i od se i ne barajte vina na druga adresa , poshto shto da prezeme grujovski pak on ke bide vinoven za se a vie tresite gluposti a im vi iska em nevi stiska , nemame veke nikakov kredibilitet poshto osven da se plukame neznaeme drugo a najmalku za EDINSTVO i cel svet gi vide nashite slabosti i se igra so nas!!!
Од: zoro
Датум: 28.03.2009 21:26:42
Браво за Хрватска. Излезе од калта Балкансак а нас ГОСПОД нека ни е на помош. Она што го правеше Хитлер е ништо што ќе не снајде нас со нашите хитлерчиња букефалски.
Од: svesna
Датум: 28.03.2009 23:55:27
e da... i Sloveneckiot narod e pameten... gragajnite javno zboruvaa i pisuvaa protov blokiranjeto na Hrvatska ... a nie kje se istepame na plostad edni so drugi .... izgleda sepak sami sme si krivi
Од: nekoj
Датум: 29.03.2009 12:34:58
Tokmu taka "Makedonec vo EU". Civiliziranosta se gleda po rezultatite. I toa e. Bravo za ova, im posakuvam na Hrvatite sto pobrgu da gi primat i vo EU. Eve Blagoj jas ke ti odgovoram, mene ne me interesira KAKO tuku KOGA vlasta ke go resi sporot. Za toa KAKO, treba da si najdat resenie sami, ako ne znaat, ke si odat. Samo me faka strav, ako ovie si odat, koj bi gi zamenil? Nie nemame treta opcija.

Најди! во Утрински
Насловна
Антикорупциска стана владина експозитура
Лопатите станаа синоним
Формула 1 повозбудлива од кога и да е
Македонската економија се издишува, Владата задоволна
Гласовите на Македонците ќе ја решат трката во Тетово
Протест против црква на плоштадот
Аце од Белата куќа
Кој прогнозираше крај на капитализмот!?
Бошкоски бара од Груевски да ја напушти ВМРО-ДПМНЕ
Црни прогнози- без ЕУ, Балканот ќе отиде во авторитаризам
Узбекистанската принцеза - пајак во мрежата за бели робје
Фармерите бараат апс и за новите и за старите газди на „Сведмилк“
Карикатура