Александар Македонски влезе и во Белата куќа и тоа, ни повеќе ни помалку, туку лично преку Барак Обама. Таквата чест на новиот американски претседател му ја укажа грчкиот архиепископ во Америка, Деметриос, кој идентификувајќи го Обама со античкиот македонски војсководец, му рече дека во Гордиевиот јазол што тој може да го реши е и „случајот со името“ на Македонија. „Ние веруваме, господине претседателе, дека вие, следејќи го примерот на Александар Велики, ќе можете да го пресечете Гордиевиот јазол“, му рекол грчкиот архиепископ на Обама.
Но, Деметриос превидел дека денес, во 21 век, работите стојат малку поинаку, па новиот Александар ќе мора да го решава Гордиевиот јазол само со дозвола од својата сопруга. „Добро. Колку голема чест. Ќе и' кажам на Мишел дека бев спореден со Александар Велики. Ќе видам дали тоа ќе ми донесе малку повеќе почит. Таа знае дека се' уште е главна дома“, нашега му одговорил Обама. Можеби Деметриос прво требало да се консултира со Мишел пред да го прогласи Обама за нов Александар?
Но, Обама со оваа шега, не само на грчкиот архиепископ туку посредно и нам ни укажа дека она што го третираме како прашање на идентификација и идентитет, врз кое се базира дел од актуелната политика, за што се подигаат споменици и се дели народот на „за“ и против, всушност, е нешто што не се сфаќа многу сериозно надвор од балканските граници.
Можеби со изјавата Обама само сакал да избегне преку вакви грчки „фалења“ да биде индиректно вовлечен во Гордиевиот јазол на грчко-македонскиот спор, но сепак, шегата на сметка на Александар јасно покажува кој е ставот на Обама за расправијата меѓу Грција и Македонија околу тоа кој има поголемо право врз ликот и делото на Александар Македонски, неколку илјади години подоцна.
Greska. Obama ne e Sarkozi, ne se podmituva i tocno go procenil mentalitetot i namerata na arhiepiskopot. Demek ce go isfintiraat i ce napravat budala od nego. Porakata ne e za nas, nitu ce dade poraka za nas. Toj ako saka moze da napravi Grcija da ne postoi na karta i plus nivnoto kupuvanje oruzja, antiamerikanski protesti ... Toa nie ne pravime.
Од: Kole Msngov
Датум: 28.03.2009 07:27:20
Gospogjo,
Negacijata na nasheto istgorisko nasledstvo na Aleksandar Makedonski e negacija na narodni prikazni, negacija na Grigor Prlichev, na Kuzman Shapkarev,na Gjorgija Pulevski, na brakjata Miladinovi i na drugi i drugi istoriski lichnosti.
Grcija ni go negira imeto za da ni go prsvoi istoriskoto nasleddstvo.Da ne nema vo civilizacijata.
Од: eleni
Датум: 28.03.2009 11:10:54
Gradskiot sovet na ljubljana ke predlozi novata obikolnica da se narece Josip Broz Tito zatoa stoo 65% od gragjanite taka se izjasnile.
Potrebno e da se zapre brisenjeto na istorijata i zal mi e sto toa ne se sluci porano,rekol Petar Bozic pretsavnik na poverenstvoto za imenuvanje na ulici
Од: sime
Датум: 28.03.2009 11:30:46
Simpaticen odgovor od Obama,se gleda deka e golem covek,za razlika od arhiepiskopot koj so balkanski finti saka evtino da go "kupi".Nazalost i kaj nas mnogumina nasednaa na fintata deka sme nie potomci na Aleksandra,i tatko mi ja peese taa pesma.To e nas kompleks zato sto sme mali i beznacajni vo globalniov svet.
Од: Aтанасија
Датум: 28.03.2009 17:44:20
Коле Мангов спомнува иминја на преродбеници кои говореле и пишувале на кирилско писмо.А,Прлицев,за да им доскокне на Грците,Сердарот го написал на грчки,и како најдобра поема дојдена на конкурс добива високо признание,а прлицев е прогласен за втор Хомер.Е,дали сега Коле Мангов и неговите пријатели ке казат дека Македонците го носат генот на Хомер?Децата би рекле -смешки со опашки.
Ајде,проговорете на јазикот на Александар Македоски,доказете ги допирните точки со јазикот од лимент Охридски на којшто и Црноризец Храбар го напишал пофалното слово-посветено на св.св.Кирил и Методиј и писмото што му го дале на македонскиот народ.