Број 3432  понеделник, 15 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Спорт

Судијата Ставрев исклучи тројца играчи на Металург

Не паметиме дека во Првата лига на Македонија некој судија во текот на мечот покажал дури три црвени картони на домашниот тим, па дури и на гостинскиот. Овој куриозитет се случи на саботниот првенствен меч во Автокоманда на мечот Металург - Напредок кога судијата, интернационалецот Александар Ставрев во првите 34 минути од мечот им покажа три црвени картони на играчите на Металург. Малку требаше да дојде до прекин доколку покажеше уште еден црвен картон на домашниот тим бидејќи автоматски, доколу Металург останеше со седум играчи, средбата ќе беше прекината. Во тој случај „железарците“ ќе го загубеа мечот со службен резултат од 3:0.

Уште во 5. минута Ејупи за груб старт заработи заслужен црвен картон. Во 25 минута судијата Ставрев одново се фати за џебот, и повторно црвен картон за Демири поради втор груб старт, а девет минути подоцна теренот мораше да го напушти и Богдановиќ, кој заработи црвен картон поради жесток старт над Марковски. На теренот се создаде тензија, меѓутоа, судијата Ставрев успеа да го доведе мечот до крајот и да ги смири воинствените домашни играчи.

Со двајца фудбалери повеќе на теренот, Напредок во 33. минута дојде во водство со 1:0 со голот на Михајловски, една минута подоцна како што напишавме, Металург остана без уште еден играч, трет по ред по исклучувањето на Богдановиќ во 34 м. Меѓутоа, и со кусок од тројца фудбалери Металург успеа од пенал да израмни во 39 минута со голот на Кралевски. Сепак, бројноста на играчите на теренот придонесе Напредок да постигне уште еден гол - стрелец беше Најдоски во 61 минута . (М.М.)

Металург згрозен од судењето на Ставрев

„Сакаме да ја информираме македонската јавност дека публиката на мечот против Напредок беше сведок на едно срамно и тенденциозно судење со задни намери“, се вели во соопштението на Металург, по поразот од кичевчани 1:2.

Според Металург главниот судија Александар Ставрев своето шоу го започнал уште во втората минута, кога „сосема непотребно го исклучи домашниот фудбалер Музафер Ејупи за безопасен старт на центарот“.

„Но како тоа да не му беше доволно, продолжи со провокативно судење, само со една цел - да ги изритира домашните фудбалери. До 28 минута тој додели уште два црвени картони. Сега, нормално се поставува прашањето: Дали ваквото судење им оди на рака на гласините кои последниве денови беа особено силни, дека наводно еден натпревар од македонското првенство е ставен во игра од обложувачката мафија? Колку за илустрација, коефициентот за пораз на Металург беше исклучително висок“, се додава во соопштението на Металург, кој побара целосно изземање на судијата Ставрев.

Прва фудбалска лига

Резултати од 14. коло: Пелистер - Хоризонт Турново 2:0, Ренова - Вардар 4:0, Силекс - Скопје 0:0, Металург - Напредок 1:2, Работнички - Шкендија 1:1 и Брегалница - Тетекс 1:0

Табела

1. Шкендија 14 7 4 3 22:8 25

2. Ренова 14 7 4 3 16:8 25

3. Металург 14 6 5 3 16:9 23

4. Тетекс 14 6 5 3 15:9 23

5. Хоризонт 14 7 1 6 16:14 22

6. Напредок 14 6 3 5 16:14 21

7. Работнички 14 5 5 4 16:14 20

8. Скопје 14 5 4 5 11:10 19

9. Силекс 14 5 4 5 15:18 19

10. Брегалница 14 6 1 7 13:18 19

11. Пелистер 14 2 2 10 8:26 8

12. Вардар (-1) 14 3 0 11 9:25 6

Идно коло 20 ноември: Брегалница - Пелистер, Тетекс - Работнички, Шкендија - Металург, Напредок - Силекс, Скопје - Ренова и Вардар - Хоризонт


#
Статијата е прочитана 749 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
„Златен гонг“ за Русинот Максим Газизов
Фетел најмлад светски првак во Формула 1
Хеј го нокаутира Харисон
Наместо да ги масакрира „ѓаволите“, Вила спасуваше бод
Триумфално враќање на Гранж
Мехенгладбах го декласира Келн
Металург заврши работа во Шведска
Атрактивен волеј на Јакинта во ремито со Рома
Возбудлива завршница на меморијалот „Таљ“
За Монфилс тај-брејк драмата против Федерер






Parvanov's new project upsets former Socialist colleagues
Mounting pressure to end Macedonian negotiations with Greece
No control mechanism for Croatia after EU entry