Број 3432  понеделник, 15 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Спорт

Мехенгладбах го декласира Келн

Во дербито на днот�� Борусија како гостин славеше со 4:0. Мајнц на Новески поразен дома од Хановер 0:1.

Фудбалерите на Мехенгладбах со задоволство му го препуштија последното место на табелата на лутиот ривал од Келн откако во дербито на дното и големиот локален двобој како гости славеа со 4:0. Мечот на стадионот во Келн уште еднаш потврди дека домашните имаат најголеми проблеми токму во мечевите со Мехенгладбах. Иако Келн беше фаворит, тимот на Михаел Фронцек заслужено ја запиша втората победа во сезоната и остана непоразена и овој викенд откако минатиот ремизираше со Баерн - 3:3.

Голеадата ја отвори Раул Бобадилја по пет минути игра во вториот дел, а 20 минути подоцна репрезентативецот на САД Мајкл Бредли зголеми на 2:0. Разнишаната екипа на Келн до крајот ја средија Игро Де Камараго и повторно Бобадилја кои погодуваа во 82. односно 90. минута.

Дерби меч, додуша според тежината на тимовите,а никако според моменталниот пласман одиграа и Волфзбург и Шалке кои ги поделија бодовите - 2:2. Графите и Џеко за половина час игра обезбедија големи 2:0 за „волците“, но надежта на гостите ја врати Еду во 35. минута, а голем бод донесе Јан Хунтелар 15. минути пред крајот на мечот.

Уште поголем подвиг оствари Кајзерслаутерн во мечот против Штутгарт. Гостите по 50. минути игра водеа со 3:0 и се чинеше дека ништо не им стои на патот до победата, се' до последните половина час игра кога Мичански, Илчевиќ и Абел на „ѓаволите“ им донесоа бод рамен на победа.

Во последниот меч на саботната програма Мајнц на нашиот Николче Новески продолжи со лошите резултати откако на свој терен беше поразен од Хановер со 1:0, четврти пораз во последните пет меча. Против Хановер не искористија и играч повеќе откако во 68. минута поради втор жолт картон беше исклучен Стив Черундоло.

Бундеслига, 12. коло:



Вердер - Ајнтрахт 0:0, Волфзбург - Шалке 2:2, Келн - Мехенгладбах 0:4, Сент Паули - Леверкузен 0:1, Кајзерслаутерн - Штутгарт 3:3, Мајнц - Хановер 0:1. Вчера играа: Ховенхајм - Фрајбург и Баерн - Нирнберг.

Табела: Борусија (Д) 31, Леверкузен 24, Мајнц 24, Ајнтрахт 20, Хановер 19, Хофенхајм (-1) 18, Нирнберг (-1) 18, Фрајбург 18, Баерн 16 (-1), Волфзбург 14, Сент Паули 13, Штутгарт 11, Кајзерслаутерн 11, Шалке 10, Мехенгладбах 10, Келн 8.


#
Статијата е прочитана 386 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
„Златен гонг“ за Русинот Максим Газизов
Фетел најмлад светски првак во Формула 1
Хеј го нокаутира Харисон
Наместо да ги масакрира „ѓаволите“, Вила спасуваше бод
Триумфално враќање на Гранж
Металург заврши работа во Шведска
Атрактивен волеј на Јакинта во ремито со Рома
Судијата Ставрев исклучи тројца играчи на Металург
Возбудлива завршница на меморијалот „Таљ“
За Монфилс тај-брејк драмата против Федерер






Parvanov's new project upsets former Socialist colleagues
Mounting pressure to end Macedonian negotiations with Greece
No control mechanism for Croatia after EU entry