Број 3432  понеделник, 15 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Спорт

Металург заврши работа во Шведска

Женскиот ракометен првак на Македонија, Металург, практично е во осминафиналето на Купот на ЕХФ благодарение на победата од 27:20 над шведскиот вицешампион Хевде на негов терен во првиот натпревар од третото коло. Реваншот е в недела од 18 ч. во салата во Автокоманда.

Со пристапот кон играта во мечот одигран пред 400 гледачи во Хевде, тимот на Крсто Петрушевски се рехабилитира за шокантниот пораз во првенствениот дуел со Жито Прилеп пред една седмица. Само почетокот на средбата му припадна на домаќинот, кој поведе со 2:0 и со 4:3 со трите гола на Каролина Аронсон, користејќи ги трите исклучувања во противничката екипа. Но, откако во 16 мин. израмни на 6:6, Металург ја презеде иницијативата и до крајот на мечот ги диктираше и играта и резултатот. Првото водство беше 9:8, нешто подоцна зголемено на 11:9, за на паузата да се замине со минимална предност од 11:10.

Победникот беше решен на самиот старт од второто полувреме, кога со серија од четири гола Металург стигна до 15:11, принудувајќи го тренерот на Хевде, Магнус Фриск, да побара тајм-аут. Од тоа немаше никакво фајде, бидејќи во продолжението гостинските ракометарки стрелаа прецизно од дистанца од бековските позиции, па нивното водство достигна максимални 22:14.

За резултатското одлепување придонесоа голманката Тања Андреева, која одбрани два седмерца, како и бековите Даниела Новеска, Мирјета Бајрамоска и Елена Ѓорѓиевска. Новеска со своите шест погодока, од кои пет од пенал, беше најефикасна на натпреварот, Бајрамоска постигна пет, сите од игра, а Ѓорѓиевска четири. По три пати противничкиот гол го погодија Митрова и Душица Ѓорѓиевска, по два пати Пешевска и Мечевска и по еднаш Гроздановска и Ана Десподовска.

Ерика Видел, Линда Кадарио и Каролина Аронсон се издвоија во домашниот тим со по четири гола. Ларсон постигна три, Валтер два и Хенриксон, Рос и Олофсон по еден.

Резултати од другите мечеви: Букстехуде - Есбјерг 29:25, Леон - Мар Сагунто 24:24, Вац - Елда Престижо 38:30, Патрас - Браила 21:22, Жил Еанес - Амстердам 30:34, Лада - Шпоно Нотвил 37:24, Спарта - Олимпија 26:24, Залау - Заечар 29:25. (Р.Д.)


#
Статијата е прочитана 487 пати.

Испрати коментар

Од: ZIVRA
Датум: 15.11.2010 16:08:53
Hehe..slatka pobeda na Metalurg,bev na mecot,super mec bese,Metalurg se nadigra sebe si,Petrusevski izvonredno ja vodese ekipata do kraj,i normalno rezultatot ne izostana.Cestitki za Metalurg i im posakuvam ponatamosen uspeh

Најди! во Утрински
Спорт
„Златен гонг“ за Русинот Максим Газизов
Фетел најмлад светски првак во Формула 1
Хеј го нокаутира Харисон
Наместо да ги масакрира „ѓаволите“, Вила спасуваше бод
Триумфално враќање на Гранж
Мехенгладбах го декласира Келн
Атрактивен волеј на Јакинта во ремито со Рома
Судијата Ставрев исклучи тројца играчи на Металург
Возбудлива завршница на меморијалот „Таљ“
За Монфилс тај-брејк драмата против Федерер






Parvanov's new project upsets former Socialist colleagues
Mounting pressure to end Macedonian negotiations with Greece
No control mechanism for Croatia after EU entry