Возбудлива завршница на меморијалот „Таљ“
На Шахријар Мамедјаров (рејтинг 2763) му требаше само половина поен против претпоследниот Борис Гелфанд (2741) во синоќешното последно коло за триумф на 5. Меморијал „Таљ“, шаховски супертурнир од 21. категорија во Москва. Азербејџанецот во претпоследниот круг славеше со бели над колидерот Ванг Хао (2727) во Дамин гамбит, варијанта на Рагозин, а третиот што го делеше врвот, Левон Аронјан (2801), брзо ремизира во идентично отворање против Александар Гришчук (2771).
Алексеј Широв (2735) ја забележа својата прва победа на турнирот, совладувајќи го Павел Елјанов (2742) со блескаво одигран Каро кан , а цел поен освои и Сергеј Карјакин (2760) во Руската одбрана против Владимир Крамник (2791).
Хикару Накамура (2741) и Борис Гелфанд (2741) го поделија поенот во Дамин Гамбит.
Табела: Мамедјаров 5,5 поени, Аронјан и Карјакин по 5, Гришчук, Накамура и Ванг Хао по 4,5, Крамник 3,5, Широв 3, Гелфанд 2,5 и Елјанов 2.
Мамедјаров - Ванг Хао 1. д4 Сф6 2. ц4 е6 3. Сф3 д5 4. Сц3 Лб4 5. Лг5 х6 6. Л:ф6 Д:ф6 7. е3 О-О 8. Тц1 д:ц4 9. Л:ц4 ц5 10. О-О ц:д4 11. е:д4 Сц6 12. Се4 Де7 13. Де2 Тд8 14. Тфд1 Лд7 15. Лд3 Ле8 16. Лб1 Ла5 17. Сц5 Лб6 18. а3 Л:ц5 19. Дц2 ф5 20. Д:ц5 Д:ц5 21. Т:ц5 Тд6 22. д5 Лх5 23. Тд3 е:д5 24. Тц:д5 Тф6 25. б4 Лф7 26. Тд7 Лц4 27. Тд2 Те8 28. х4 б5 29. Тц7 Се5 30. С:е5 Т:е5 31. Кх2 а6 32. г4 Ле6 33. г5 х:г5 34. х:г5 Тф8 35. Те7 Те1 36. Ла2 1-0 |