Нурединоски продолжува во Ростов
Македонската репрезентативна „единица“ и досегашен чувар на мрежата на кипарски Етникос Ахна, Един Нурединоски, во наредните четири години ќе биде меѓу стативите на рускиот прволигаш Ростов. Сумата во договорот се држи во тајност, но според неофицијалните информации од Русија, многу веројатно е дека Нурединоски е најскапиот македонски голман досега. Своја улога во реализација на трансферот имал легендарниот Бугарин Христо Стоичков, кој неодамна беше именуван за спортски директор на Ростов. Не е исклучена можноста Нурединоски наскоро да добие македонско друштво, бидејќи Русите се загреани и за Дарко Тасевски од Левски.
Ростов лани заврши деветти во рускиот шампионат, а моментно е претпоследен со 13 бода, само два повеќе од „фенерџијата“ Крилја Совјетов. |