Број 3645  понеделник, 01 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Спорт

Лохти со пет златни медали од Шангај

Кинезот Сун Јанг со нов светски рекорд на 1.500 м слободно

Рајан Лохти освои пет златни медали на Светското пливачко првенство во Шангај, но е уверен дека се' уште е втора виолина во однос на репрезентативниот колега Мајкл Фелпс. Своето четврто злато во поединечна конкуренција, вкупно петто на мундијалот, Лохти го освои на 400 метри мешано. Тој водеше од стартот до целта и во ниту еден момент не беше загрозен.

„Ова беа тешки осум дена“, изјави Американецот по трката. „На крајот од неделата успеав и во четвртото финале мешано, па среќен сум што првенството заврши“.

Со последната победа Лохти го повтори успехот од пред две години во Рим, каде што исто така ги освои поединечните титули на 200 и 400 метри мешано. Унгарецот Тамаш Дарњи е единствениот друг пливач што ги освоил двете титули мешано на два шампионата едноподруго.

Лохти во Шангај победи и на 200 м слободно и на 200 м грбно, а беше дел и од победничката штафета на САД на 4х200 м слободно. Тој е, исто така, еден од само двата учесника на првенството со светски рекорд, кој го собори во битката со Фелпс на 200 м мешано. Кинезот Сун Јанг постави нов планетарен рекорд на 1.500 м слободно во вчерашниот последен натпревар на програмата во машка конкуренција.

Лохти, кој ќе наполни 27 години на 3 август, е прогласен за најдобар машки пливач на шампионатот во конкуренција на својот многу поизвикан сонародник Фелпс, меѓутоа голем предизвик за него ќе биде да ја одржи својата извонредна форма и на Олимпијадата во Лондон в година. Фелпс изјави дека не го спровел целосно интензивниот распоред на тренинзи што го имал пред себе и оти фактот дека силно го притиснал својот репрезентативен колега би требало да го загрижи жителот на Флорида, Лохти.

„Не мислам дека сум најдобриот“, изјави Лохти. „Имам цела година за да работам и тренирам напорно. Во најголем дел, не сум многу задоволен од првенството. Да се освојат пет златни медали е извонредно, но знам дека можам да пливам побрзо. За следната година ќе сторам се' да пливам совршено“.


#
Статијата е прочитана 361 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Македонија во израмнета група
Кошаркарите трети во Бормио
Тошак прв пик за селектор
Лесна стартна победа за Металург
Стефановски на подиумот во Сен Жан
Славеникот Батон победник во Хунгароринг
Параглајдерски натпревар во Крушево за Илинден
Резултати од првото коло
Светската ватерполо круна за Италија
Жито Прилеп со шампионски амбиции
Нурединоски продолжува во Ростов

"""