Број 3645  понеделник, 01 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Спорт

Флеш-вести

Параглајдерски натпревар во Крушево за Илинден



Од денеска до 5 август во Крушево ќе се одржи третиот претсветски параглајдерски натпревар, на кој ќе настапат 120 натпреварувачи од 18 земји. Организатор е украинскиот клуб „Нијар бирдс“, со техничка помош на Миле Јованоски и на Горан Димишковски, а делегат е Денис Кортел од Франција. Натпреварите во прелети (крос-кантри) ќе се одвиваат секој ден, со полетување од Мечкин Камен и со цел во Пелагонија. Годинава натпреварот се совпаѓа со празникот Илинден, кога учесниците ќе ги поздрави претседателот на македонското Собрание, Трајко Велјаноски.

Англија

Сколс: Очекував Фергусон да се одреЧе од мене пред 10 години


Пол Сколс за една недела ќе го одигра последниот меч во богатата кариера во кој Манчестер јунајтед ќе се сретне со Њујорк Космос предводен од Ерик Кантона. Во меѓувреме открива дека тренерот Алекс Фергусон ќе беше во право ако се одречеше од него пред 10 години.

Сколс ризикуваше да го навлече гневот на менаџерот кога во ноември во 2001 година одби да настапи против Арсенал во меч во Карлинг купот. Јунајтед отпатува во Лондон со резервен состав и беше декласиран со 4:0, а извонредниот фудбалер за врска беше казнет со две неделни плати. Затоа признава дека и натаму чувствува срам кога ќе се присети на тој момент.

„Не знам зошто го сторив тоа. Веројатно не бев расположен. Поради лоша форма не бев во тимот против Ливерпул една недела претходно. Знаев дека во Лондон ќе патува резервниот тим и во себе си помислив дека не сакам да бидам дел од тоа, а тоа беше голема глупост“, се присетува Сколс и додава:

„Бев казнет и морав да се извинам. Фергусон ќе беше во право во целост ако се одречеше од мене бидејќи одбив да играм. Ако го стореше тоа јас немаше да се жалам. Мислам дека ми прости само затоа што секогаш бев мирен и молчелив во соблекувална. Се спротивставував само кога нешто не ми беше по волја. Такво нешто се случи еднаш или двапати“.

ФранциЈа

Пасторе, сепак, во Пари сен жермен за 43 милиони евра


Францускиот фудбалски прволигаш, ПСЖ, потврди дека потпиша договор со Хавиер Пасторе, досегашен играч на Палермо. Според извор близок на парискиот клуб популарните „светци“ на име на отштета ќе платат 43 милиони евра што претставува нов рекорден вредносен трансфер во францускиот фудбал. Претходниот се случи во 2000 година кога Анелка мина од Реал Мадрид во ПСЖ за 33,5 милиони евра.

Во летниот преоден рок досега ПСЖ потроши 84 милиони евра вклучувајќи го договорот со аргентинскиот фудбалер. Пред Пасторе во Париз пристигнаа Салваторе Сиригу, Мохамед Сисоко, Милан Бишевац, Жереми Менез, Бле Матуиди и Кевин Гамеиро. Италијанскиот медиуми наведуваат дека Пасторе потпиша договор на пет години со ПСЖ вреден околу 20 милиони евра.


#
Статијата е прочитана 327 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Македонија во израмнета група
Кошаркарите трети во Бормио
Тошак прв пик за селектор
Лесна стартна победа за Металург
Стефановски на подиумот во Сен Жан
Славеникот Батон победник во Хунгароринг
Лохти со пет златни медали од Шангај
Резултати од првото коло
Светската ватерполо круна за Италија
Жито Прилеп со шампионски амбиции
Нурединоски продолжува во Ростов

"""