Број 3645  понеделник, 01 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Спорт

Стефановски на подиумот во Сен Жан

Поп Ацев шести на пливачкиот маратон од Гран-при серијата на ФИНА

Ветеранот Томи Стефановски го освои третото место на пливачкиот маратон на езерото Сен Жан во Канада, шеста трка од годинашната Гран-при серија на ФИНА, со награден фонд од 40.000 американски долари. Една недела откако заврши петти на истата локација, но во рамките на Светскиот куп на 10 километри, 40-годишниот Стефановски стигна трет на целта на патеката долга 32 км, на која победи Бугаринот Петар Стојчев, а второто место го освои домашниот пливач Сајмон Тобин. Третиот Македонец што го преплива каналот Ла Манш пред две години оствари време од 6:46,31 часа на 57. маратон во Сен Жан, заостанувајќи 10:01 минути зад Стојчев.

Во конкуренција на 21 учесник што ја заврши трката, од која тројца се откажаа и во која настапија осум пливачки, вториот македонски претставник Евгениј Поп Ацев го освои шестото место. На езерото на кое пред една седмица беше седми на 10 км, тој растојанието од 32 км го преплива за 6:55,11 ч.

Поп Ацев го задржа третото место во вкупниот поредок со 33 бода, а Стефановски се искачи на шестата позиција со 21. На листата фигурира уште само Игор Димовски, кој има десет поени. Води Андреа Волпини со 62, пред Стојчев со 51.

Стефановски и Поп Ацев остануваат во Канада, каде што на 6 август ќе настапат и на маратонот на езерото Магог. на патеката од 34 км ќе се плива за награден фонд од 25.000 долари. (Р.Д.)


#
Статијата е прочитана 429 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Македонија во израмнета група
Кошаркарите трети во Бормио
Тошак прв пик за селектор
Лесна стартна победа за Металург
Славеникот Батон победник во Хунгароринг
Параглајдерски натпревар во Крушево за Илинден
Лохти со пет златни медали од Шангај
Резултати од првото коло
Светската ватерполо круна за Италија
Жито Прилеп со шампионски амбиции
Нурединоски продолжува во Ростов

"""