Секој Србин должи 650 евра
Секој жител на Србија должи околу 650 евра, а секој вработен има долг од приближно 2.200 евра. Граѓаните на Србија со пет милијарди евра долг спрема банките се вбројуваат во помалку задолжени, споредено со соседните држави.
Моментно како најзадолжени во регион се истакнуваат Грците и Хрватите, но и покрај тоа овие две земји и натаму продолжуваат да се задолжуваат.
Секој граѓанин во Хрватска должи околу 4.000 евра, додека секој граѓанин на Грција е должен 8.100 евра. (Ек.Р.) |