Македонска берза повторно бележи зголемен промет. За два и пол пати поголем берзански промет е реализиран минатата недела во однос на претходната и при тоа се истргувани 2,1 милион евра. Од тргувањето, 58 отсто беше со обврзници, а 28 отсто со акции. Најмногу се тргуваше со акциите на „Алкалоид“, Комерцијална банка, „Телеком“, Стопанска банка – Битола и „Топлификација“. Акциите на Стопанска банка-Битола имаат најголем раст од осум отсто, а најмногу, и тоа за четири отсто, падна вредноста на акциите на ОХИС.
По седум отсто од прометот отпаѓа на јавни берзански аукции и блок- трансакцијата на „Бетон-Штип“, со која беше остварен промет од над девет милиони денари. (Ек.Р.)