Летовите на „Скај вингс“ и вчера беа откажани. Управниот одбор на А.Д. М-НАВ во саботата донесе одлука за привремено приземјување на авионите на „Ер лифт сервис“ поради ненамирени обврски во износ од 133.506 евра. Ненамирените обврски се однесуваат за периодот од 2009 година до 15 ноември 2010 година. За оваа одлука М-НАВ испратила и официјална воздухопловна информација до сите субјекти инволвирани во воздухопловството.
Од Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) ги информира патниците на авиокомпанијата дека, согласно Законот имаат обврска да ги информираат патниците за нивните права и каде да се жалат. (МИА)