Истанбул - Над 25 милиони странски државјани ја посетиле Турција во првите десет месеци од годинава, покажуваат податоците на турското Министерство за култура и туризам. Во споредба со истиот период од минатата година е регистрирано зголемување од 6,3 проценти.
Најпосетувано место во земјата од страна на странските туристи е Анталија, а на второ место се наоѓа Истанбул.
Германија го зазема првото место на листата, со 22 отсто од вкупниот број странски туристи што ја посетиле Турција. По неа следуваат граѓаните на Русија, Велика Британија, Иран и Бугарија.
Најзначителен пораст е забележан во патувањата до Турција на руските и на арапските државјани. Укинувањето на визите меѓу Русија и Турција го активира туризмот и оваа година руските туристи го надминаа бројот на традиционално присутните Британци. Од блискоисточните држави најголем е бројот на граѓаните на Сирија, кои ја посетиле Турција и изнесува 748.035 туристи, што е двојно повеќе отколку лани. Драстично е намален бројот на израелските туристи во Турција, дури 63 отсто. (МИА)
Ова се вика напредок.Некое време во Турција не знаеа што е ТЕЛЕВИЗИЈА.И се чудеа кога ќе дојдеа некои мои роднини од таму.Кај отидоа тие кај сме ние.
Од: emma
Датум: 29.11.2010 15:44:25
izvini koga toa turcite ne znaele sto e tv mislam deka gresis sekoja tehnologija koja doaga vo svetot najprvo doaga vo amerika izrael treta e turcija i koga toa nie sme imale tv a turcite nemale imate pogresna informacija a za toa deka ima i ke ima turisti e blagodarenie na trite morinja koi ja obikoluvaat ovaa prekrazna zemja ....pozdrav
Од: xxx
Датум: 29.11.2010 19:13:58
haha koga turcite imale drzava vie ne ste imale drzava druze .....