Број 3088  четврток, 17 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter

Фељтон

Контроверзиите и вистините за Тодор Александров (4)

Убиството порачано од бугарската влада

Александров бил убиен на 31 август 1924 година, а неговата смрт десетина дена се чувала како најголема тајна

Виктор Цветаноски

Кој стоеше зад убиството на Тодор Александров. Се знаат имињата на тие што пукале во него на 31 август 1924 година, но кој го порачал убиството веројатно никогаш нема да се дознае со стопроцентна сигурност. Најголеми интереси тој да биде ликвидиран имала бугарската влада на која очигледно не и' оделе во прилог потезите што ги влечел во последните години приближувајќи се кон Советскиот Сојуз, но и Москва, која настојувала моќната и респективна автономистичка ВМРО што ја раководел да ја искористи во ширењето на комунизмот на Балканот. Интерес да го ликвидираат имале и некои луѓе од неговата организација, но, сепак, сите сознанија упатуваат на констатацијата дека убијците биле платени од бугарската влада.

Тодор Александров по откажувањето од потписите на Мајскиот манифест решил да ги среди несогласувањата во сопствената организација, пред се', во Серскиот округ, кој во тоа време требало да одржи конгрес. Како што пишува во своите спомени Кирил Прличев, тогаш член на Задграничниот комитет на ВМРО и близок соработник на Александров, состојбите во Петричкиот округ биле загрижувачки поради самоволијата што владееле таму што ги допуштале тамошните раководители на чело со Алеко Василев, наречен Алеко-паша. Во тоа го поддржувал и Георги Атанасов, резервен полковник на бугарската армија, инаку, несуден зет на Тодор Александров, кој бил свршен за неговата сестра Коца, а свршувачката била раскината. Александров го испратил него да ја контролира работата на Алеко-паша, но наместо тоа, како што тврди Прличев, тој се вклопил во општата атмосфера.

Прличев смета дека Алеко Василев имал причини да се плаши од присуството на конгресот на Тодор Александров, а Георги Атансов сакал да се одмазди за раскинатата свршувачка со неговата сестра. Тргнувајќи на пат, Александров немал посебно обезбедување освен постојаниот придружник Панзо, а Василев и Атанасов му ги испратиле Динчо Вретенаров и Штерјо Влахов за да го пречекаат и, наводно, да го придружуваат до местото на конгресот во планината Пирин. Прличев за самиот чин на убиството не пишува во спомени. За него повеќе детали соопштува охриѓанецот Петар Шанданов, кој во тоа време би секретар на Битолскиот револуционерен округ и еден од луѓето кои во договор со Ванчо Михајлов учествувал во ликвидацијата на Василев и Атансов и нивни приврзаници во Горна Џумаја (Благоевград).

Шанданов во своите спомени пишува дека Алеко Василев откако видел дека на конгресот нема да победи, бидејќи имал помалку делегати што го поддржувале, сметал дека нема друг излез за борба против Тодор Александров, освен да го убие. „Затоа го поканил Тодор официјално да учествува на конгресот на Серскиот револуционерен округ, откако претходно заклучил дека во моментот кога тој ќе оди кон местото на конгресот, ќе треба да биде убиен од двајцата егзекутори Димче Вретенаров и Штерјо Влахов, кои претходно се согласиле со оваа задача. Тие беа испратени да го дочекаат Тодор на падините на Пирин за кон Лапово – месност на Пирин каде што заседаваше конгресот. Тодор и Протогеров на 30 август запреле во Горна Џумаја. За обезбедување со себе го зеле Панзо Зафиров. Во едно од полските села на Мелничко ги пречекале Влахов и Вретенаров и Димче Балкански и Сугарски, кои воделе две маски на кои ги качиле Александров и Протогеров.

Среде пат, среде една убава ливадичка, Протогеров и Александров запреле да поткаснат. Седнале еден до друг, а на страна од нив седнал Панзо. Малку погоре седнале Димче Вретенаров и Штерјо Влахов, а двајцата водачи на маските отишле да ги напасат. Во тоа време Тодор извадил од својата раница печена кокошка и почнал да ја кине и да им дава на Протогеров и на другите. Токму тогаш, откако се разбрале со мимики, Димче Вретенаров и Штерјо Влахов едновремено ги насочиле пушките - едниот во Панзо, а другиот во Александров. Со првиот истрел Панзо бил тешко ранет во градите, но бидејќи бил физички силен, веднаш ја грабнал пушката да стрела, но бил соборен мртов со вториот истрел. Тодор уште од првиот истрел паднал мртов, бидејќи бил погоден одзади во малиот мозок. За тоа време Протогеров се стркалал по тревата и едноставно се онесвестил“, пишува Шанданов.

Според верзијата на Петар Шанданов, кој пред тоа имал закажано средба со Тодор Александров во Ќустендил и напразно го чекал неколку дена, убијците и двајцата водачи на маските, кои веројатно биле упатени во заговорот, се доближиле до Протогеров за да го кренат. По извесно време, Вретенаров и Влахов се оддалечиле од местото на злосторството, а водачите на маските Балкански и Сугарски го кренале Протогеров и потпирајќи го под мишки, го однеле во Лапово каде што се одржувал конгресот.

Убиството на Тодор Александров се чувало во голема тајност. Кирил Прличев пишува дека неколку дена по ликвидацијата, Ванчо Михајлов добил телеграма потпишана со псевдонимите на Александров и на Протогеров во која биле поканети да присуствуваат, тој, Михајлов и уште тројца активисти на ВМРО, на Серскиот конгрес. Во почетокот Михајлов не сакал да оди со образложение: „Мене ме нема таму каде што е Тодор“, алудирајќи на тоа ако едниот загине, другиот да остане жив за да ја води организацијата. Сепак, решиле на конгресот да присуствуваат сите петмина. Стасале во Горна Џумаја каде што преспале, а оттаму тргнале на закажаното место. На пат ги пресретнале Аргир Манасиев и Атанас Маџаров. Ги поканиле да седнат и, притоа, им ја соопштиле веста за убиството. „Молчевме како удрени од гром... Блиску беше црквичката. Непосредно до неа – труповите на Александров и Панзо. Тие веќе беа ставени во ковчези за погреб. Беше дојден и свештеник“, пишува Прличев.

Според сеќавањата на Прличев, веднаш по пристигнувањето во Софија, направиле договор да ги ликвидираат сите оние што сметале дека директно или индиректно учествувале во убиството на Александров. „По неколку советувања меѓу Иван Михајлов, Петар Шанданов, Панчо Михајлов, Јордан Гурков, Георги Баждарев и мене, се' беше договорено, планот и неговите детали, и целосно извршен. Кирил Дрангов го егзекутира Алеко Василев, а Г. Атанасов беше егзекутиран наредниот ден. Истовремено беа убиени Димо Хаџи Димов, Славчо Ковачев, Арсение Јовков, кои во тие денови на возбуда се сметаа за идејни соучесници во заговорот, на кои им се припишаа непотврдени врски со Чаулев, Влахов и виенските болшевици“, пишува во своите спомени Кирил Прличев.

Во тоа време требало да биде ликвидиран и Димитар Влахов, кој за тоа во своите мемоари пишува: „Тие постојано ме демнеа додека бев во Виена, а подоцна и во Берлин и во Париз за да ме убијат. И испраќаа специјални убијци за таа цел, а исто така се обидуваа да дознаат каде се наоѓам јас за да можат да го извршат своето сатанско дело. Тие ги заплашуваа моите добри познати со смрт, ако не тргнат против мене, ова особено се однесува за периодот кога јас живеев во Виена“.

Во ликвидацијата на Василев, Атанасов и на другите во Горна Џумаја учествувала и бугарската војска. Во врска со тоа, Прличев пишува: „Откако помина извесно време и се случија други настани, јас си ги поставив прашањата. Сам и на своја глава воениот министар на Бугарија изрази подготвеност да и' направи услуга на организацијата и против убијците на Т. Александров? Не беше ли Волков истиот кој неколку месеци пред тоа не' притискаше од името на кабинетот за главоболките што ги имаат поради нас? Што означуваше држењето на администрацијата и војската спроти крвопролевањето во Петричко и на други места? Нели бугарската држава, која преку своите министри се спротивставуваше на слични акции во Македонија под српска и грчка власт, имаше решено во сопствената територија да ја спасува револуционерната организација?“, се прашува Прличев, изненаден од таквото однесување на бугарската држава со чија помош Ванчо Михајлов ги ликвидира најголемите имиња на македонската левица.

Физичките убијци на Александров, Штерјо Влахов и Дончо Вретенаров ги ликвидирала бугарската војска. Одредот го раководел полковникот Ил. Крстев, кого некогаш му бил командант генералот Александар Протогеров. Тие биле скриени во една куќа во с. Припечени. Откако војската ги открила на 18 септември 1924 година, побарала да се предадат, и бидејќи не го направиле тоа, ја запалиле куќата во која изгореле. (продолжува)


#
Статијата е прочитана 2267 пати.

Испрати коментар

Од: Kultiviran Balkanec
Датум: 17.09.2009 00:16:28
Aleksandrov kje ostane negativna lichnost vo MK bidejkji se chuvstvuval bugarin, no lugjeto koi se zalagaa za makedonska nacija vo toa vreme bea mnogu malku i ne bea prifateni od shirokite narodni masi. Kje go citiram Dr. Szobris, slavist i profesor na Hamburgshkiot Universitet: "-Srpskite zdruzhenija "Sveti Sava" i "Srbo-Makedonci" propagiraa makedonski jazik i nacija, no vistinskata namera im beshe da go sozbijat bugarskoto kulturno vlijani vo Makedonija. Isto taka chesto citiranite izjavi na ohridskiot aktivist Tempo Popov, deka nacionalniot duh vo Makedonija go dostigna toj stadium, shto duri ni Isus ne mozhe da gi ubedi makedoncite deka se bugari ili srbi, treba da se zeme so rezerva, bidejkji istiot beshe tesno povrzan so srpski propagandni krugovi."- Isto taka i za Karnegievata Komisija., idejata za slavo-makedonska nacija e eufemizam, stvoren za da se sokrie postoenjeto na bugarite vo Makedonija. (euphemism designed to conceal the existence of Bulgarians in Macedonia)
Од: mitko im se zablagodaruva na Bugarite
Датум: 17.09.2009 01:44:59
Jas ne znam zosto volku tupite so ovoj feljton? Bugarite se stepale so bugarofilite. Zosto samo vo Makedoskiot narod se slavat kako heroi lica koi go negiraat negovoto postoenje? Sto heroj bil ovoj Aleksandrov koga cel zivot vikal deka e Bugar i Mihajlov isto taka. Spored mene bas fino sto gi smackale Bugarite zatoa sto ako toa ne go napravea dosega ke se raspravavme dali sme Bugari ili ne, i nemase da ima Makedonska Nacija. Znaci dlaboko im se zablagodaruvam na Bugarite za likvidacijata na Aleksandrov i za proteruvanjeto na Vanco Mihajlov. Barem nesto asolno da napravat vo svojata istorija.
Од: veles
Датум: 17.09.2009 05:54:44
da pa najlesno e samo krivi gi bugarite deka oni go ubile i skrite ja vistinata kao sto dosega pravevte.E pa g- dine cvetanovski kako novinar ke treba malku poveke izvori da se prebaraat zosto i kako e ubien a zatoa treba da se poseti naucniot arhiv vo sofija koj ima sosema druga ideja koj go ubil alexandrov a ne deka ucestvuvala bugarija.dokazite pokazuvaat deka sovetska rusija e zamesana zaedno so srbija i podkupeni predavnici od vmro.preckata za sozdavanje i priznavanje na makedonskata nacija od kominternata bese alexandrov od prosta pricina i zatoa ne go potpisa majskiot manifest zatoa sto kominternata sirese komunizam i mnogu ne nei bese na pamet dali vo makedonija ke se cuvstvuvale makedonci ili makedonski bugari g-dine cvetanovski apolitikata na kralska jugoslavija bese taa da se asimilira toj narod i ako ne moze da se asimilira poarno ke bide da se izmisli deka e poseben narod.dokazite se tamu samo nekoj treba da gi pobara.
Од: Македонија
Датум: 17.09.2009 07:55:59
Се додека историјата е пишуваат политичарите,Македонецот ке го држат во заблуда.Не се сомневам дека Тодор Александров го предале Македонци,а го убиле Бугарите...или како што пишувате војската го убила,ги запалила убијците на Александров....Оставете е Македонија нека живее..Слобода за Македонија....Скопјани не е само Скопје Македонија..но до кога Македонскиот народ ке ве трпи незнам.Позз до утрински......
Од: Величко Георгиев
Датум: 17.09.2009 09:13:50
Македонската нација денес е реалност, но факт е и дека таа е коминтерновска, голема вистина е дека на сите официјални пописи во сите светски архиви(Виена, Парис, Лондон) може да се види дека најголемиот дел од населението на територијата на Р.Македонија е бугарско.
Од: Bern-CH
Датум: 17.09.2009 09:37:15
Todor Aleksandar i Vancho Mihajlov se najgolemite makedonski sinovi. Site bea protiv niv bidejkji si go sakaa svoeto pleme. Izrodi se Blazhe Konevski, Dimitar Vlahov i Lazar Kolishevski.
Од: Софија
Датум: 17.09.2009 09:37:46
Кога непријателите ги убиват своите непослушни слуги, Македонците Танцуваат. Тешка му земја и ваков изрод никогаш повеќе да не се роди. Амин!!!
Од: Mene
Датум: 17.09.2009 09:58:26
Bravo za feljtonov i cestitki za novinarot! Za onoj "Veles" koj sto go sovetuva novinarot kako treba da se raboti (demek odi vo arhiv) go potsetuvam deka se rabpti za statija vo vesnik, a ne za naucen trud! A feljtonov e povece od korisen bidejci denesnive VMRO-vci se poklonuvaat pred Aleksandrov. Sepak najinteresen moment e onoj koga Prlicev, posle site likvidacii, pocnal da se prasuva zosto bugarskite vlasti im pomagaat vo likvidacijata na onie za koi se somne deka se vmesani vo ubistvoto na Aleksandrov? Klasika, Makedonce, ubij si gi najgolemite revolucioneri, a Bugarinot ce ti pomogne! Pa posle stavi prst na celo i razmisli! Uste ednas ce povtoram, mnogu ineteresen feljton, bas ilustrira kakvi se zapletkani raboti se slucuvale, rakovodeni najcesto od licen interes, a ne od nekoi "ideoloski" celi. Onie so ideoloski celi na prsti se broele!
Од: ЦК СКВМРО®
Датум: 17.09.2009 10:00:06
Б`лгарофилите кои (како и нивниот идеал Александров) секојдневно се трудат да ни докажат дека Македонизмот и Македонската Нација се измислица на Србите и Коминтерната! Секое спомнување на посебноста на Македонската нација за нив е „србско масло“! Секој помен на длабоката реална замешаност на Бугарската држава во крвавите настани во и околу Македонија (иако се до гуша во крв) се прогласува за српско-комунистичко-советско масло! Наградно прашање за читателите: Како во Македонија („под српско ропство“) успеа да се регистрира Б`лгарска организација која е крстена според псевдонимот на најголемиот крвник Иван Михајлов: „Радко“?
Од: Spasitelot
Датум: 17.09.2009 10:53:41
Vo site komentari do sega (osven mojot) ja osekam bolesta na makedonecot (samounisuvackiot virus). Prestanete da se plukate sami sebe. Dobri ili losi, nasi se. I nie ke si gi slavime zatoa sto se makedonci a ne bugari.
Од: Pavle
Датум: 17.09.2009 12:51:50
Алал да му е на Александров,а на неукита кои повеке гледаат према Србија поучени од Колишевски,Конев(ски) и другите,им смета (за нив болна) вистината.Човекот си го занел својот корен,а многумина што и сега лутаат барајки ги корените 2400год, наназад,нормално за нив тој е предавник,а тие „победници“.Само занајте не се сложуваат сите во оваа земја со оваа „антиквизирање“, и тоа што го прават да не го прават од имете на целиот народ.
Од: Projko
Датум: 17.09.2009 13:00:33
Татко ми, Бог да го прости, роден 1913, на прашањето што си, одговарал – човек! Ако речеш Србин (во српско време), можда те прашува Бугарин; ако речеш Бугарин, можда те прашува Србинч значи, како и да речеш, ти отиде главата. А за да се кажеш Македонец, не доаѓаше предвид, оти ТОА ПРАВО НИЕ ГО НЕМАВМЕ ДА СЕ КАЖЕМЕ ШТО СМЕ!!! Тоа си го знаевме дома и межу селаните, но внимававме пред кого отвораме таков муабет, оти шпиуните веднаш пренесуваа... и многу луЃе зедоа на душа! И, сега, сме биле Бугари по сите документи и архиви. ТОА ИМ СЕ СЛУЧУВА САМО НА НАРОДИ БЕЗ СВОЈА ДРЖАВА, А КОН МАКЕДОНИЈА БЕА НАСРЧЕНИ СИТЕ: и Срби, и Бугари, и Грци! Во наШето село во 1906 година заклани се 20 души од Андартите...
Од: Makedon
Датум: 17.09.2009 13:12:29
Prostete no jas,potomok na makedoncite,taka se čuvstvuvale i bile moite mnogu generacii,ne možam da prifatam nekoi "kultivirani balkanci" so "eufimizam" i slični novokomponirani i blagonadežni blgarski teorii da go opravduvaat svojot stav,svoeto istorijsko prodavanje.Koga velam makedonec,ne mislam na antičkite,mislam na "tukašnite",segašnite,vistinskite.A Todor ostajte go,sekoj vo zavisnost od sopstvenoto ubeduvanje,go pravi vakov ili takov.A tie togaš,kako i segašnive za svoite interesi,rejtinzi i čekmeđinja se golemi makedonci no ja sotrea Makedonija.
Од: KOLE MANGOV
Датум: 17.09.2009 14:12:26
Jovan Babunski bil srbiziran,sluzel na Sbija, ubival Makedonci.Kote od Rulja bil grciziran,ubival Makedonci.Todor Aleksandrov bil bugariziran i sluzel na Bugarija, ubival i ubival Makedonci. Mnogu i mnogu Makedonci. I Grcite go ubile Kote od Rulja.Kote od Rlja go ubil i vojvodata i poet Lazar Pop Trajkov.
Од: Оливер
Датум: 17.09.2009 14:57:36
Само за оние кои не читаат, Тодор Александров е негативна личност, а за оние што читаат и литература од Европските Држави и Америка знаат дека тој е еден од најголемите Македонци што се борел за независна Македонија и балканска федерација по кој терк е направена подоцна Европската Унија. Само за србоманите е оправдано да мислат така бидејки не ја дозволил Србската асимилација на Вардарскиот дел од Македонија.

Најди! во Утрински
Насловна
Зденко
Лопати и ветувања како да сме во изборна кампања
Математиката на Иванов
Измамените лозари повторно на протести
Донации за власт и за привилегии
Четворица осуденици побегнаа од затворот „Идризово“
Уставен суд пресуди во корист на „Фершпед“
Гранични премини и слободно движење
Земјиштето на касарната „Илинден“ се пренаменува без анализа
Од ЕУ е можна препорака, а датумот зависи од нас
Пропадна проектот „Менхетен“ во Аеродром
Карикатура