Број 3088  четврток, 17 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter

Лопати и ветувања како да сме во изборна кампања

Партиските штабови се втурнаа во жестоки меѓусебни препукувања

Светлана Унковска

Судејќи според однесувањето на двете спротивставени партии од македонскиот политички кампус, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, се добива впечаток дека се наоѓаме среде изборна кампања. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ на чело со премиерот Никола Груевски повторно ударнички тргна со лопатите на поставување камен-темелници без оглед дали нешто од тоа ќе проработи, да предава во употреба објекти, а не се откажуваат ниту од популистички мерки и настапи. Завчерашното отворање на академската година заедно со осумте илјади новозапишани студенти што се одржа во салата „Борис Трајковски“ личеше на партиски митинг. Секој ден по еден од градоначалниците од редовите на владејачката партија одржуваат прес-конференција на која се презентира што е реализирано, иако од својот кус потрошен мандат има поминато само пет месеци.

Социјалдемократите, пак, по одржаниот Конгрес, откако ја претстави партиската програма, тргна на терен по градовите. Карванот го започна од Струмица. Како што рече лидерот на опозициската СДСМ, Бранко Црвенковски, тргнуваат од овој град за да ги фати маја, за среќа и за добар почеток и за успех на следните избори. Карванот, на што и да личи, предизборен или партиски, продолжува и по другите градови низ Македонија, а социјалдемократите почнаа средби со граѓаните, се дели новата програма.

Партиските штабови во исто време се втурнаа во уште пожестоки меѓусебни препукувања, а особено забележана беше и војната со флаерите и со телевизиски спотови. Се' на се', атмосфера на жестока изборна кампања. Се подготвуваат ли партиите за нови предвремени избори? Ќе го искористи ли ВМРО-ДПМНЕ моментот со оглед на се' погласните најави на позитивен извештај на Европската комисија, а со тоа и препораката за преговори со Унијата, за во почетокот на идната година да се поентира и со визната либерализација? Од владејачката партија велат дека во нивниот табор не размислувале за вонредни избори, туку дека тоа произлегува од опозиционерите.

„Знам дека прашањето го иницираат колегите од опозицијата, бидејќи за нив е несфатливо да се работи секој ден како да е време пред избори. Но, ВМРО-ДПМНЕ даде изборни ветувања пред граѓаните, има програма според која работи и секој ден ќе работи со ист интензитет како да е еден ден пред избори“, истакна координаторката на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева, во познатиот популистички стил својствен за нив.

Но, се чини дека и СДСМ полека се приклонува кон популизмот како проверена формула која дава брзи резултати, па одлучи „дефинитивно да му се врати на народот и никогаш да не го напушта“. Координаторката на пратеничката група на СДСМ, Цветанка Иванова, вели дека доколку власта одлучи, тие се подготвени за предвремени избори, иако смета дека сега тоа би било само луксуз, кој воопшто не ни треба.

„Тоа еднаш веќе се случи и Груевски покажа дека му е поважен рејтингот отколку државните интереси на Македонија. Наш став за предвремени избори е дека навистина во скоро време ништо не би и' донело корисно“, констатира Иванова.

И од партиите на албанскиот политички кампус не гледаат потреба од нови избори. Министерот за труд и социјална политика, Џељиљ Бајрами, од ДУИ потсетува дека власта имаат четиригодишен мандат и прашања што треба да се решат. „Минатата година имавме предвремени избори и не гледам логика за вонредни избори, особено во моменти кога очекуваме извештај од Европската комисија, значи допрва следува работа за оваа власт“, вели министерот Бајрами.

Ниту Нова демократија, иако е опозициона партија, не гледа причина за повторување на минатогодишната авантура со вонредни избори. „Иако сме подготвени за изборна проверка, на која очекуваме да добиеме двојно повеќе пратенички места, сепак, не гледам реална причина за предвремени избори, затоа што коалиционата влада на ВМРО-ДПМНЕ со ДУИ го има мнозинството во парламентот“, истакнува Бесим Догани од НД.

Од стручна анализа, се смета дека досега работите се движеа според логиката на снежна топка. Изборните успеси на владејачката партија ги намножи нивните „пријатели“, затоа што секој сака да се прикачи на успех, бидејќи тоа ветува добивка. Но, има една психолошка и безбедносна точка, кога сите оние што се чувствуваат загрозени ќе започнат да се обединуваат како опозиција. Тој момент можеби доаѓа или е дојден и се должи на мобилизацијата, пред се', на СДСМ, која ако не покаже дека може да мобилизира, ќе биде уништена од политичкиот противник.

„Сега веќе борбата не е само политичка, туку станува и лична. Има елементи на вендета, на луѓе кои се или ќе бидат уапсени и осудени од власта. Тие сега се бранат со стратегија која на македонската политичка сцена ја лансираше популизмот на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е да се оди меѓу народот,’народот да не се напушти никогаш повеќе’, збивање на редовите на партијата, дисциплина и лојалност на лидерот, слепо верување во моќта на пропагандата и на програмата (без оглед на која партија припаѓа), пред која сите треба да се поклониме“, вели професорката по политички науки Мирјана Малевска. Таа, сепак, смета дека не е лошо „што се размрдала опозицијата“, бидејќи е потребна како контрола на власта. „Владејачката партија може да биде исплашена од евентуалниот успех на опозицијата, но, сепак, таа смета дека е рано да се каже дали и кои фактори ќе одлучат за предвремени избори“, смета Малевска. (Св.У.)


#
Статијата е прочитана 2742 пати.

Испрати коментар

Од: Kolo Diamantot
Датум: 17.09.2009 03:09:14
SDSM ne smeat da pravat mitinzi niz drzavata dokolku nema objaveno predvremeni izbori. Nese oni fudbaleri pa da odat na pripremi toa e sprotivno na zakonot.
Од: strav od Branko nadvladea vo VMRO-DPMNE
Датум: 17.09.2009 04:40:01
Gruevski i lani vikase deka ne pravi vonredni izbori pa na kraj se ispostavi deka LAZE. So istoto se sluzi i ovoj pat. Za da ima izbori veruvam deka ke ima i toa najkasno do Mart-April. Ocigleden e haosot i stravot kaj Gruevski od vrakanjeto na Branko Crvenkovski pa zatoa od momentot na Sabotnata vecer koga SDSM go odrza Kongresot za predastavuvanje na programata DPMNE i Gruevski voopsto ne spijat pa duri denonokno pecatat i po zgradite rastuiraat letoci-flaeri so sodrzina kontra Crvenkovski. Toa e ocigleden FAKT deka stom tolku panicno rabotat toa se bazira na STRAVOT OD NEGO. Duri ne pocekaa ni 24 casa barem da ja procitaat programata a tie odma vo nedelata vecerta veke imaa spremni ispecateni flaeri koj LAZNO ja predstavuvaat programata na SDSM i docna vo nokta sekoja vecer gi stavaat vo sanducinjata po zgradite. Na site vesti VMROVCITE ne priznavaat deka toa oni go pravat ama jas licno nokeska nacekav mladi deca koj licno gi poznavam kako clenovi vo stabot na VMRO-DPMNE.
Од: zabegan.
Датум: 17.09.2009 06:42:16
удрите бе немајте гајле.СДСМ нуди програма со надеж дека ќе се врати на влас???.ГВУЈО нуди ЛОПАТИ ко и обично.АМА најака понуда муе со СИРОМАШКИТЕ продавници,Ќе можело да се купува секој месец по 5000 илјади,А социалата едвај зема по 2000 илјадарки.Па се прашувам кај ќе најдат уште 3000 илјадарки да ги посетат овие продавници?. А каде се тука другите трошкови струја,комунали,и да не набројувам се што треба за едно домаќинство.Но за овој НАРОДЕЦ ДОБРО добро муе ко е глуп.Да те вози некој во запрежна кола а да те фарба дека те вози во МЕРЦЕДЕС,глеаш а веруваш.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 17.09.2009 07:25:43
Точна е потполно констатацијата да фотографијата опишува повеќе нешто што 1000 зборови неможат да опишат.Гледаме една стисната песница лево,десно две а во средина ниедна.Прашање кој е тука одмерен во ставовите.Ова е трет напис за уплавот на опозицијата од превремени избори изгледа ќе ги има безброј.Смешне а и комично да женско т.е координаторката на СДСМ покажа поголем кураж кон изборите од паничние мажи ( Бучковски и др.) кој инаку се далеку повоинствени кога нема избори,а се спомене тој фамозен збор тотално ,,одлепуваат,,.Мој совет е што е пишано ќе врви чувајте го здравјето.
Од: Ќе пукнете од мака
Датум: 17.09.2009 07:27:01
За разлика од напишаните ветувања и желби без извори на сретства и рокови на СДСМ, ВМРО гради фабрики!!!! БРАВО за Груевски!
Од: od citatel
Датум: 17.09.2009 08:37:48
Od lopatite na Grujo veke ni se gadi. A od fabrikite sto bozem gi gradi pocnavme i da povrakame. A ne pomalku zaostanuva vo lopatite i Koceto Trajanovski. Ocigledno e deka toj ke bide noviot lider na VeMeRo_to. Cestito Makedonija mozebi nekogas i ke se "prerodis".
Од: Ајван Доктор®
Датум: 17.09.2009 09:01:13
Не ги гледате успесите на „нашите“ градомоч... началници!? Поминете поред кејот! Таму се највидливи! Наскоро ќе поминува од таму и Аце на Букефалус! Да не говорам за „спомениците на културата“: музејот на борбата против Комунизмот, зградата на Нушиќевиот Македонски Народен Театар, од Армиран бетон (токму онаква каква што била и порано:), новата зграда за Македонскиот уставен суд, државна администрација,(намената и е повеќекратна) сместена на местото каде што некогаш имаше Улица... Црква, Џамија, Крстот што ни го турија, оној, на Водно... Ново-Стариот Камен Мост (кој веќе не личи на Симболот на Градот)... Па, (змиско) Око Мостот... (Ни фали уште... Октопод Мост). Големината на нивните успеси е видлива и во Соцреалистичките Големини на „нашите“ Кичфигурини! Ако сето ова не го гледате (бидејќи „ќе пукнете од мака“) позајмете Очила од Комитетот - портокалово - orange - црвено - црно - бели... ги имаат во сите бои и премази и се со бакелит на визирот, за да можете поубаво да прогледате!!
Од: gledacka
Датум: 17.09.2009 09:31:14
До: ќе пукнете од мака. Еве пукнав од мака, само кажи ми кои се тие фабрики што ги изгради Грујо. Без работа сум па да видам можеби ќе објават некој конкурс за вработување. А бе вам, членови на ве-ме-ре-то да не ви даваат и некоја дрога со партиската книшка?
Од: pacca
Датум: 17.09.2009 09:36:18
Наскоро треба да се селам во ново станче. Па да прашам: дали треба да чекам некој од Владата да пресече лента пред прагот или може без тоа да си се вселам? Да си прашам со време.
Од: IKI
Датум: 17.09.2009 09:38:11
Tocno deka sme vo predizborna kampanja pa luge moi GUJO od 2006 godina e vo predizborna kampanja polna im e ustata so obvinuvanja protiv SDSM a posebno e preokupiran i umira od strav od vrakanjeto na BRANE vo SDSM sega dodeka vikaa SDSM nemal programa sega koga SDSM najavi deka ke ja promovira Vladata i VMRO so kritiki deka programata e losa a uste ja nemaat ni procitano,za razlika od ova tie nokna mora im e BRANKO pa pobrzaa na televiziite da prestavat platena politicka programa 15 septemvri i toa deka BRANKO lazel ALOOOOOOOOOOOO akoj nekoj laze vo ovaa drzava zatoa na pinokio mu e dolg nosot a uste ke mu raste e premjerceto GRUICA .poraka do GRUJO nemoj da si igras so narodnite pari toa ke te boli.
Од: Mene do Vas
Датум: 17.09.2009 10:12:24
Eden del Somunjari e za stariot sistem. Tie da kazuvaat i objasnuvaat kako drug da drzi lopata, a profitot odi vo privaten dzeb. Otpecatija instrukcii za prerodba vo drzenje lopata. Dodeka premierov prakticno vi pokazuva kako se drzi lopata vo 100 lekcii. Pa izborot e vash.
Од: Никола
Датум: 17.09.2009 11:13:27
Што да се прави народот слуша и се чуди ; - Некои сонуваат за нови избори кои можеби и така малкуте пратеници ке го зголемат бројот со уште некој свој мафиоз. - Другите гледаат сегашниот број да си го задржат додека можат и мирно да спијат до моментот кога ке морат пофторно да се соочат со првите.И се така во круг за народот нема баш многу разлика. А оваа со лопатите па не ни лошо подобро сега отколку три дена пред избори . Сега ќе има време да видиме до 2012 година што ќе има завршено па ке одлучиме. - Најважно е партиите да посветат внимание на излезеноста на гласање бидејќи на народот му е скиснато од фалби и може да се случи да не излезат на избори па ќе останат само партиите сами за себе да си гласат и да пропаднат изборите или ќе донесат закон со излезеност од 10% да се валидни изборите. Напред политичари Тријте му го носот на тој наивен народ додека мо��ете.
Од: јас
Датум: 17.09.2009 11:38:44
Абе Коло , пастирчено твое е во предвремени избори и митинзи од 2006 наваму , цело време со турнеи по МК.Најстрашното е што тоа го прави со мои, твои , народни пари, а не со сопствени .На рацете плускавци ( веќе закрвавени му останаа), а лопати ни за лек нема во МК, сите ги зеде..А твоите истомисленици на полна уста тврдат дека градел фабрики.Кај се тие фабрики , ај речи таа и таа фабрика ја направи пастирот .П.С. Не се рачуна СВЕДМИЛК, знаеме како заврши , и подобро такви да не гради..
Од: meto
Датум: 17.09.2009 11:47:35
Vie od SDSM ne ste naviknati da se fakate za lopati duri ste na vlast toa go pravite samo pred izbori i zatoa sega vi e cudno sto vladata celo vreme raboti kako da ke ima utre izbori, taka treba sekoja vlada da pravi, da se vidi sto i kako raboti a ne da se na tv samo pred izbori...Bravo za Grujovski
Од: verag
Датум: 17.09.2009 13:33:06
Па госпоѓо Бонева, навистина ДПМНЕ работи интезивно, како и секој ден за овие три години, но на кампањи и популизам со државни пари.
Од: tebe
Датум: 17.09.2009 14:11:22
super ke ima izbori,ke se potrosat desetici milioni evra od cebot na graganite,tv ke se ofajdat,pecatnici,ke se vrabotat honorarno mladi za plakati,ke slusame bajki,koj e kako nas.jas sum sekoja godina da ima barem ke slusame samo kako ke ni bide vo idninata a ne sega.preporaka do vlasta-neka bidat izbori i toa e za narod.

Најди! во Утрински
Насловна
Контроверзиите и вистините за Тодор Александров
Зденко
Математиката на Иванов
Измамените лозари повторно на протести
Донации за власт и за привилегии
Четворица осуденици побегнаа од затворот „Идризово“
Уставен суд пресуди во корист на „Фершпед“
Гранични премини и слободно движење
Земјиштето на касарната „Илинден“ се пренаменува без анализа
Од ЕУ е можна препорака, а датумот зависи од нас
Пропадна проектот „Менхетен“ во Аеродром
Карикатура