Број 3088  четврток, 17 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter

Земјиштето на касарната „Илинден“ се пренаменува
без анализа

Владата во август одлучила дел од просторот да го даде за руска и за кинеска амбасада

Билјана Ангеловска



Русија и Кина одговорија на отворената покана на Владата на Македонија упатена до сите кои се заинтересирани за земјиштето во касарните и побараа дел од скопската касарна „Илинден“ за своите амбасади. Со тоа и практично стартуваше реализацијата на владината идеја за пренамена на некогашните воени зони кои со години стоеја неупотребливи.

Завчера советниците во Општина Бутел донесоа одлука за почеток на постапката за изработка на урбанистичко-планска документација за дел од касарната што ќе биде наменет за изградба на амбасадите на Русија и на Кина. Истото тоа утре треба да го сторат и советниците во Општина Карпош. Оваа обврска мора да се заврши побрзо, бидејќи Владата уште на 18 август донела одлука за просторно сместување на амбасадите на овие две држави во дел од земјиштето на касарната „Илинден“, за што ја задолжила Агенцијата за планирање на просторот да ги изработи деталните урбанистички планови за конкретните простори. Се работи за задниот двор на касарната што потпаѓа под Бутел и тоа два дела меѓусебно поделени со римскиот аквадукт, додека од делот што и' припаѓа на Карпош, за амбасадата на Русија треба да се одвојат 1,5 хектари, додека за НР Кина еден хектар.

Тоа дека ова де факто значи мешање на централната власт во ингеренциите на локалната е повеќе од јасно. Бидејќи, со ваквиот потег Владата практично им наметнува на општините што и како да прават со земјиштето од поранешните касарни кое, всушност, им го даде пред само три месеци. Тогаш министерот за транспорт, Миле Јанакиески, најави дека касарните можат да се пренаменат според барањата на инвеститорите во соработка со локалната самоуправа.

За каква соработка говореше, дури сега станува јасно. За екстремно кус рок општините треба да се подготват за новите ДУП-ови што ќе ги изработи Агенцијата за просторно планирање. Без никаква претходна анализа, без консултација, без јавна расправа и без експертско мислење, Владата одлучила дел од огромниот простор на кој се простира касарната „Илинден“ во Скопје да им го даде на Русија и на Кина за изградба на амбасади. Очигледно добрата идеја и намера да се искористи со години неискористениот простор лесно може да се претвори во уште една евтина распродажба на државното земјиште, без да се води сметка за вистинските потреби на општините на чија територија се наоѓа касарната, на Градот Скопје и на неговите граѓани.

Градот Скопје се' уште нема никаква стратегиска идеја што да прави со просторот на касарната. Поточно, такво нешто треба да подготват општините на чии територии се простира касарната, а потоа нивните замисли преточени во детални планови да се усогласат со Генералниот план на Скопје. Во Градот моментно во тек е процедурата за изработка на новиот ГУП. Притоа, како што велат оттаму, целта е да се слушне што имаат да кажат експертите, па затоа не треба да се брза со пренамената на касарните. Сепак, потенцираат дека законската обврска Градот да даде свое мислење за одредена измена на некој план не е обврзувачка за општините, што значи Градот Скопје дава мислење, но не и согласност.

„На наредната седница на градскиот Совет ќе биде формирана комисија за утврдување на границите на ГУП-от, по што ќе следува тендерот за негова изработка. Најверојатно, за околу две години би требало да биде донесен новиот генерален план на Скопје“, вели Неделчо Крстевски, портпарол на Градот, потенцирајќи дека досега немаат добиено барање од Владата за мислење околу пренамена на касарната „Илинден“.

Експертите сметаат дека касарните се наоѓаат на локации кои имаат сериозна вредност за градовите. Токму поради тоа во одлуката за нивната нова намена мора да бидат вклучени урбанистите, но и други стручни луѓе, како на пример социолози. На јавната дебата за новиот ГУП, што беше организирана лани, се говореше дека на просторот на касарната „Илинден“ треба да никне голем станбен комплекс со сите придружни содржини неопходни за секојдневно живеење на околу 25.000 жители.

„Нема да се конфронтираме ниту со Владата ниту со Градот или со кој било граѓанин, односно поединечен инвеститор кои ќе понудат идеи што може да се имплементираат во некое урбанистичко решение“, велат во Општина Карпош, на чија територија отпаѓаат близу 65 проценти од вкупно околу 90 хектари површина на која се простира касарната „Илинден“.

Доделувањето државно земјиште за изградба на странски амбасади несомнено има големо значење за секоја држава. И тоа од неколку аспекти, пред се', од политички и безбедносен, а потоа и од економски и социјален. Меѓутоа, останува впечатокот дека државата повторно набрзина влетува во дилови со земјиштето без да ги стави во преден план потребите на граѓаните, бидејќи и овој пат им наметнува на општините однапред смислена или договорена намена, одбивајќи да го чуе јавното мислење за тоа.


#
Статијата е прочитана 795 пати.

Испрати коментар

Од: zabegan.
Датум: 17.09.2009 06:51:31
кај си бре ТИТО комуњар како те нарекуват се што си градел овие МНОГУ паметниве разграба и распродадоа.
Од: ЛС-Скопје
Датум: 17.09.2009 08:10:50
Брза кучка кучка слепи кутриња раѓа. По површина касарната ,,Илинден„ беше втора во СФРЈ, веднаш по касарната во Пула. Најдобро решение е да се отвори јавна расправа, со учество на стручни и научни работници, бизнис заедницата, граѓанските организации и пред се граѓаните.
Од: Трпе
Датум: 17.09.2009 11:32:13
Не,не ке каже некоја дпмне-овца,нашите не ја раскрчмуват државата.Сигурно тоа се некои други.Но народот што си бараше и тоа си го избра.Кандидатите за градоначалници отворено на митинзите ,кажува дека позади нив стои ЕПП владата.Заклучокот е ,дека на сегашните градоначалници не и треба никаква креативна способност па ниту умот да си го трошат.За нив непа потреба да бидат образовани доволно е само ако се снајдат лично некоја провизија да лапнат.

Најди! во Утрински
Насловна
Измамените лозари повторно на протести
Математиката на Иванов
Контроверзиите и вистините за Тодор Александров
Зденко
Лопати и ветувања како да сме во изборна кампања
Донации за власт и за привилегии
Четворица осуденици побегнаа од затворот „Идризово“
Уставен суд пресуди во корист на „Фершпед“
Гранични премини и слободно движење
Од ЕУ е можна препорака, а датумот зависи од нас
Пропадна проектот „Менхетен“ во Аеродром
Карикатура