Број 3088  четврток, 17 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter

Мислења

Гранични премини и слободно движење

Назми Малиќи

Во денешно време нема потреба од изолација, гранична железна завеса и постоење тампон-зона на границата на Република Македонија со Република Косово

Членството на Република Македонија во Европска унија и НАТО е нејзин стратегиски интерес. Доколку политичарите на Република Македонија ги фаворизираат ЕУ и НАТО-принципите за регионална соработка, во оваа насока треба да бидат и со конструктивни ставови и во однос на создадените околности за економска соработка, во еден нов геополитички модел на мир и благосостојба, безбедност и просперитет на регионот.

Во овој дел од анализата ќе се навратам на една многу значајна, иницијатива, што може да послужи како порака во градењето на регионалната соработка. Охридската конференција за безбедност на границите, одржана на 22 и 23 мај 2003 година, која беше организирана од страна на Европската унија, НАТО, ОБСЕ и Пактот за стабилност, каде што беа направени првите чекори за регионално интегрирано гранично управување, убедливо беа поставени насоките врз кои границите на државите на Западен Балкан - на Македонија, Албанија, Косово, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска треба да бидат според примерот на границите на западните држави, повикувајќи се на транспарентност и на цивилна и демократска контрола на границите.



Во денешно време таквите проекти се многу надежни за надминување на историските спорови на балканските територии со еден нов модел на релативизација на границите меѓу балканските соседи. Документите од оваа конференција станаа познати поради афирмацијата на начелата и политичките цели за: отворени, но безбедни граници во согласност со европските стандарди; унапредување на стабилизацијата во регионот и за поголема блискост со Европската унија; развој на национални стратегии за интегративно менаџирање и координирање на активностите во функција на спречување на илегалната трговија; демократска контрола во однос на безбедносните гранични структури итн.

Функцијата на овие проекти беше тие да се разберат како документи со принципи кои се стремат кон остварување неколку битни цели: наместо конфронтации, неразбирливи меѓудржавни гранични инциденти, граници што го беа погодни за организираниот криминал - преку овозможување услови за балканска гранична соработка во рамките на интегративните процеси во НАТО и Европската унија - да им се даде предност на меѓуграничните билатерални спогодби и да се донесат меѓусоседски и регионални спогодби за слободно движење од типот на оние што постојат во Бенелукс.

Преку факторот регионалната и меѓусоседската соработка, со почитување на севкупното интегрирање внатре во државата и со помош на претходните иницијативи кои произлегуваат од евроатлантските структури, од владините структури и од академските кругови - треба да се фаворизираат идеите за отворени граници, со современи форми на регионална соработка.



Воспоставувањето добрососедски односи е општествен процес кој им припаѓа и на граѓаните, кои преку размена на идеи, контакти и информации, воспоставуваат долгорочни врски меѓу регионите, градовите и населените места. За развој на регионот, за усогласување на развојните приоритети, за аплицирање и користење на европските фондови за прекугранична соработка, треба да следат цела низа активности и проекти. Во овој контекст сакам да ја истакнам потребата и интересот на населението на Карадачкиот регион за отворањето на граничен премин кај Белановце, меѓу Македонија и Косово, што ќе придонесе за развој на регионалната и соседската соработка, како и за поврзување на градовите Куманово и Гнилане. Во денешно време нема потреба од изолација, за гранична железна завеса и за постоење тампон-зона на границата на Република Македонија со Република Косово.

Поконкретно, меѓу Липково и Куманово, поради неизградениот пат во должина од 24 км, нема нормална меѓуградска комуникација. Доколку би се изградил патот и доколку Владата на Република Македонија, пред се', Министерство за транспорт и врски, би имале реална процена какво економско значење има овој регион за државата, жителите на овие два града наместо 120 километри, колку што сега се оддалечени, бидејќи се патува преку Скопје и Блаце, би биле оддалечени само 46 км. Покрај патот што го сече Карадачкиот масив од Слупчане за Белановце, може да се развива сточарство, земјоделство, селски туризам, и така ќе се врати животот во овие погранични села.

Таквите поволности за економски развој кои ги нудат ридско- планинските погранични места, особено ако се поврзани и со патна инфраструктура од регионален карактер, наедно ќе значат и вклучување на конкуренцијата за добивањето проекти кои се нудат од Светска банка, ИПА-фондовите на ЕУ итн.

(Авторот е универзитетски професор)

 


#
Статијата е прочитана 839 пати.

Испрати коментар

Од: Kultiviran Balkanec
Датум: 17.09.2009 00:36:51
Porano ili pokasno granicite megju Albanija, Makedonija i Kosovo nema da gi ima.
Од: Ace od Avstralija
Датум: 17.09.2009 00:42:40
Za sverceri na droga i kriminal treba da ima ne zelezni, tuku cementirani granici. Avtorot se gleda deka nejce da se ima granica so Kosovo, bara patista od vladata... Kosovo nema ekonomija, nitu perspektiva od nekoj drug agol, kako i Albanija, koi ziveat od kriminal i pomos od Islamski zemji, Makedonija poradi ova ne moze da odi napred i od drugite komsii. Tekstov e proziren, ama barem Nazmi si kazuva sto mu lezi na srce i 50% mu e opravdano.
Од: Kire USA
Датум: 17.09.2009 01:29:27
Tode tode sto te bode. Kade e istocna i juzna Makedonija ili tamu nema interest za Albanija??
Од: Deniz
Датум: 17.09.2009 03:08:54
Косово и Македонија наскоро ќе воспоставуват дипломатски односи, тоа што сме го слушале од компетентите од влада на РМ Косово и Македонија немам никакви меѓу гранични проблеми. вашето мислење за изградба на пат кога ќе ко поврзува Куманово со Гилане е одлична идеа. Дениз од Скопје
Од: do avtorot
Датум: 17.09.2009 08:46:39
od koj univerzitet e diplomata? Sorbona,Harward..?ma neeee,tie ne vadat kapaciteti kako univerzitetit ne Prishtines.komandant li bese i ovoj.a do toj odgledaniot(ako ti e albanija mila,pali za tirana),i germanija "kultivirano" mu vlegla na polska 1939
Од: gostivarcanec
Датум: 17.09.2009 09:26:21
Ej Ace, Ace, koj te pase, ako navistina si od Avstralija togas sigurno zivees tamu nekade vo avstral.savani i negledas i necitas nieden vesnik. Ti jaden, pojma nemas za Kosovo a uste pomalku za Albanija. Pa nesi ti kriv, kengurite taka te ucat
Од: Dragan
Датум: 17.09.2009 11:02:28
Malici ima edna granica .Toa e Srbija!
Од: Малешевец
Датум: 17.09.2009 12:02:34
СЕ согласувам. Но, да се има ист третман и за Македонците во соседните држави. Дали знаете дека комуникацијата меѓу Македонците од Малешевијата и од другата страна на границата во П. Македонија во регионот на Сандански, Симитли и др. комуницираат преку граничните премини Црна Скала кај Делчево и Ново Село кај Струмица, одноно до премините им требаат по 80 и повече км.
Од: verag
Датум: 17.09.2009 13:38:26
Ијас мислам дека не треба да има граница во интерес на трговија со дрога и оружје, за која Албанците предњачат во регионов.(наку оној од Гостивар треба да знае дека ова е констатирано од инстутуции кои се борат со трговија со дрога ,како и дека е познато насекаде.Впрочем, сите уапсени за дрога кај нас исто се Албанци.
Од: sonce
Датум: 17.09.2009 14:21:39
neznam zosto ne sakaat da bidat bez granici so Srbija?

Најди! во Утрински
Насловна
Измамените лозари повторно на протести
Математиката на Иванов
Контроверзиите и вистините за Тодор Александров
Зденко
Лопати и ветувања како да сме во изборна кампања
Донации за власт и за привилегии
Четворица осуденици побегнаа од затворот „Идризово“
Уставен суд пресуди во корист на „Фершпед“
Земјиштето на касарната „Илинден“ се пренаменува без анализа
Од ЕУ е можна препорака, а датумот зависи од нас
Пропадна проектот „Менхетен“ во Аеродром
Карикатура