Број 3088  четврток, 17 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Уставен суд пресуди во корист на „Фершпед“

Судот вчера укина одредби од членовите 4 и 6 во Царинскиот закон, врз чија основа „Фершпед“ остана
без дозвола

Соња Маџовска

Уставниот суд пресуди во корист на „Фершпед“. На вчерашната седница Судот укина одредени одредби од членовите 4 и 6 во Царинскиот закон, врз чија основа „Фершпед“ пред четири месеци остана без дозвола за работа во шпедитерскиот бизнис.

Сепак, одлуката на Уставниот суд не значи дека компанијата автоматски ќе ја врати лиценцата за царинско посредување, со оглед на тоа што одлуката на Судот важи од денот кога ќе биде објавена во „Службен весник“, а не и ретроактивно. Тоа, пак, претпоставува дека „Фершпед“, како и другите шпедиции на кои Царинската управа им ги одзеде лиценците за царинско посредување на една година, ќе треба правдата да ја бараат пред Управниот суд.

По одлуката на Уставниот суд се претпоставува дека е можно, но многу тешко веројатно, и Царината сама да го повлече решението со кое неколку шпедиции останаа без дозволи за работа. Првиот човек на Царината, Ванчо Каргов, вчера не сакаше да ја коментира одлуката на Уставниот суд.

„Не знам што значи одлуката на Уставниот суд. Веднаш штом ќе ја добиеме, ќе постапиме соодветно. Иако се обидувавме од Судот да добиеме информација кога ќе се носи одлуката, сепак, немавме можност да дознаеме за да присуствуваме на оваа седница“, вели Каргов.

Тој не можеше да каже ниту дали е можно Царината да ги повлече решенијата со кои неколку шпедиции останаа без лиценци. Според него, се' ќе биде појасно откако официјално ќе ја добијат одлуката.

Од „Фершпед“ се задоволни од одлуката на Уставниот суд, но и внимателни во изјавите. Вчера само кусо соопштија дека ќе ги искористат сите правни механизми за да ја вратат дозволата за работа во делот на шпедитерскиот бизнис, како нивна главна дејност.

Инаку, објаснувањето на Уставниот суд е дека овие одредби од Царинскиот закон се укинати поради тоа што тие се нејасни и непрецизни. Укинувањето се однесува на одредбите со кои се уредува што се подразбира под терминот лице со зголемен ризик, а според Судот не е прецизно определен и периодот на последни 12 месеци, во кои одредено лице има направено долг по основ на ДДВ или акциза.

„Укинувањето на делови од овие одредби е затоа што се нејасни и непрецизни дефинирањата на одредени институти, на пример, што се подразбира под последни 12 месеци лицето-вршител на застапување во царинската постапка да не сторило прекршоци. Нејасноста на одредбите овозможува различно интерпретирање и нејзино применување во конкретни ситуации, а различната примена повл��кува субјективизам на применувачите, што не обезбедува владеење на правото. Укинувањето значи дека со денот на објавувањето на одлуката во ’Службен весник‘ укинатите одредби не се дел од позитивниот правен поредок и не можат да се применуваат“, изјави вчера Југослав Миленковиќ од Уставниот суд.

Според него, досегашната примена на укинатите одредби од Законот во конкретни ситуации, не е прашање од надлежноста на Уставниот суд, туку на редовните судови, а се во зависност од специфичноста на одредени случаи.

Што може да преземе „Фершпед“? Според толкувањата на правниците, оваа одлука на Уставниот суд, сепак, е нов факт, кој може да се употреби во постапката за укинување на решението на Царината, со кое компанијата ја изгуби лиценцата за царинско посредување. Но, таа постапка ќе мора да се води пред Управниот суд. Таква постапка веќе води „Фершпед“ пред овој Суд, што значи дека одлуката на Уставниот суд ќе биде само дополнителен аргумент во нејзина корист.

Сепак, Уставниот суд не поведе постапка за оценување на уставноста на делот од член 4, кој се однесува на казната од 10.000 евра, што беше, исто така, еден од аргументите на Царината при одземањето на дозволата.


#
Статијата е прочитана 2070 пати.

Испрати коментар

Од: Rage
Датум: 17.09.2009 01:02:59
Tuka e Ustaven za site matni tranziciski firmi! Ma kakov zakon, Ustav, koga ne se bara poteklo na imot! Ustven ne ni mozese poinaku da presudi koga e na platen spisok na Fersped i da ne gi redime drugite se znaat!
Од: vladimir
Датум: 17.09.2009 04:53:00
hehe kako expresno im presudija vo nivna korsit pa drugo i ne se ocekuvase ,a ja za mojata denacionalizacija cekav 5 godini i uste cekam sega dokumentite se vo nekoja fioka vo ministrestvo za finasii! ali ne sum jas sterio nakov ,zato nema nikad da ne bide kako drzava ,samo na moknicite i kriminalcite koi se zbogatia so nasi pari sudot im izlaga vo presret ! Banana drzava!
Од: Уставниот суд работи неуставно
Датум: 17.09.2009 07:35:09
Уставните предавници уште еднаш ја одбранија нивната политичка определба.
Од: MMM
Датум: 17.09.2009 08:35:52
Do onie sto napisale komentari od tipot matna firma i slicno, dali ste svesni sto se sluci na fersped i negovite 1000 vraboteni??? Zarem treba zaradi partiski revansizmi d aostanata lugjeto na ulica???? So godini Fersped e edna od najdohodovnite kompanii vo MK a oni naednas cekaj 10 iljadi evra ne platile i op da ne postoi visse . Zarem mislite deka 10 iljadi evra Sterjo sakal da zaboossti :))))) Nego jas velam bez razlika kako gi dobil parite i na koj nacin toa e minato sega rani 1000 familii i toa e sosema korektno, istoto e i so Trifun coekto kako gi naprail parit ematno ili ne, ne e vazno sega rabotat lugje i toa iljadnici vo negovite firmi sto sepak e OK. JAS PRASUVAM kade se parite n funkcionerite na DPMNE ?????? Na LJUBCOO milionite, Na Paunovski, Lambe i ostanataite???? Kje odgovorite li toa ??????? Ako ukradete stanete gazdi bez pari na nekoja firma ama prodolzete d aja menadzirate kako sto treba a ne da ja zapustite i parite d agi trosite za uzivanje !!!!
Од: jovan
Датум: 17.09.2009 08:39:38
Ova bese povtorno dobro smislena IGRA. Sega Fersped ke ja tuzi drzavata za pretrpena zaguba, Grujo od BUDZETOT ke mu plati na Sterjo osteta, i .... nie ke go krivime Ustavniot Sud. Svesti se narode.
Од: Za Rage, Vladimir i tretata tikva
Датум: 17.09.2009 08:58:28
Дури и Царината знаеше дека одлуката според која постапија ќе падне на Уставни. Ама изгледа таа информација не ја споделиле со вас во вашите партиски штабови.
Од: m-r
Датум: 17.09.2009 09:06:14
Kolku nakrivo nasadeni lugje! Mesto da se bara vina vo Ustavniot sud, pobarajte ja kaj onie koi nosat protivustavni zakoni i odredbi. A cenata za toa pak ja plakame nie gragjanite, bidejki tie milionski steti od protivustavni normi ke mora nekoj da gi plati. Dilentatizam do nevideni granici!
Од: Трпе
Датум: 17.09.2009 09:29:43
Во Македонија треба да се укинат сите државни институци,за да не се трошат непотребно народните пари.Доволно е кај нас проблемите да ги решават ЕПП владата со нивните братја.Тие се способни за се.Другите кои не мислат како нив се најголеми предавници,криминалци,кодоши и се друго.Треба да остане оваа ,кадија те суди,кадија те тужи.Па и така сме една мала земја како некое предградие на некоја метропола поточно кажано еден феудСамо треба уште малку време ,додека овие од сегашната власт се описменат ,со стекнување дипломи од дисперзираните факултетиТаму се запишуват и средношколци без државна матура.Заклушок ке биде дека нема потреба и од државна матура.Доволно е да се пронајдат пријателите на професорите на овие расфрлени државни факултети.
Од: qwerty
Датум: 17.09.2009 10:50:12
Зошто никој не ги спомува 1000 вработени?
Од: читателка
Датум: 17.09.2009 11:21:33
До МММ: Викаш што се случи со Фершпед и неговите 1000 вработени. А што се случи со кожара, стаклара, и сите други фабрики кои работеа низ државава и каде се тие вработени? Повекето од нив изумреа од стресови што им ги сервираа креативците на мафијашката приватизација и сега многу било важно што со нивните 1000 вработени во Фершпед. Така е затоа уставен одма им пресуди а за голоракиот народ-армија во фабриките кои работеа уставен го немаше да го каже нивното мислење зошто меѓу нив немаше нивни пријатели туку само газди кои чекаја да станат директори.
Од: za besnive desni
Датум: 17.09.2009 12:31:31
Само уште фалеше да ја повторите и омилената приказна за полтроните на БЦ од У��тавниот. Сеете магла: за денационализација на одлучува Уставниот, туку за уставноста на одредени законски одредби. Овие одредби ги спореше и самата царина, погледнете ги изјавите на Каргов и ќе ви стане јасно. И новинарите грешат, оваа иницијатива е од Асоцијацијата на шпедитерите, чиј член е и Фершпед. Името на фирмата се спомнува најчесто затоа што, неправедно кон другите шпедиции, дури тогаш се дигна поголема галама. Со право од друга страна, затоа што спаѓа во фирми кои најмногу го полнат буџетот. И има историја. Како и Пивара, Макпетрол, се што ви е трн во око. А Станинов? Се што фати упропасти, толку луѓе на врат и никаде го нема.А??
Од: vlatko
Датум: 17.09.2009 13:12:22
vidi go tipcevo kargov,sakal da prisustvue na sednica na ustaven sud.a bre nepismena bagra e toa
Од: jug
Датум: 17.09.2009 16:29:19
Da znaete deka ustavniot sud go obele obrazot so negovoto rabotenje na celata nasa Makedonija. Za poslednata godina donesoa revolucija vo sudstvoto samo oni funkcioniraat. GOLEMO BRAVO ZA USTAVNITE SUDII prodolzete da kastrete se sto e protivustavno bez da se plasite od vladi ,moknici i bilo koj drugi. Vo vasi raci e ustavot na RM i branete go od site natrapnici.

Најди! во Утрински
Насловна
Измамените лозари повторно на протести
Математиката на Иванов
Контроверзиите и вистините за Тодор Александров
Зденко
Лопати и ветувања како да сме во изборна кампања
Донации за власт и за привилегии
Четворица осуденици побегнаа од затворот „Идризово“
Земјиштето на касарната „Илинден“ се пренаменува без анализа
Гранични премини и слободно движење
Од ЕУ е можна препорака, а датумот зависи од нас
Пропадна проектот „Менхетен“ во Аеродром
Карикатура