Број 3374  петок, 03 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter

Џамијата во Лажец повторно ги зовре страстите

Ако објектот се изгради на влез��т, селото ќе го изгуби христијанскиот предзнак, велат Македонците

БИТОЛА - Одлуката на Советот на Општина Битола џамијата во Лажец да биде изградена на самиот влез во селото, повторно ги зовре страстите меѓу жителите од македонска и албанска етничка припадност. Македонците категорично велат дека со изградба на џамија на влезот селото ќе го загуби христијанскиот предзнак. Во Лажец живеат 120 Македонци и осумдесетина Албанци. Македонците предлагаат џамијата да се гради во близина на црквата.

Одлуката на Советот не сакаат да ја коментираат жителите Албанци. Од битолското муфтивство велат дека со оваа постапка на локалната власт се надминува и се решава проблемот во Лажец за изградба на верски објект за потребите на муслиманското население.

Долгогодишниот горчлив проблем на жителите на селото Лажец каде да се изгради џамија пред три дена на седница на Совет беше набрзина решен.

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициски партнери дигнаа два прста за одлуката да се изработи локална урбанистичка планска документација за изградба на џамија во Лажец во месноста Средно Поле на влезот од селото. Советниците од СДСМ беа воздржани, а против оваа одлука единствено гласаше ЛДП. На седницата присуствуваа и жители Македонци од селото, кои крајно разочарани од изгласувањето на одлуката, иронично ги нарекоа советниците на ВМРО-ДПМНЕ „внуците на Гоце“.

Лажани сметаат дека за локацијата се договориле ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ на највисоко ниво без да го слушнат ставот на жителите. Револтирани и незадоволни од постапката на локалната власт во Битола, Македонците од Лажец ја бојкотираат наставата. Два дена десетте ученици Македонци не одат на настава, а така ќе биде се' додека не се измени одлуката на Советот на Општина Битола, се закануваат родителите.

„Децата нема да одат на училиште додека тие горе манифестираат самоволност. Нека слушне и премиерот. Оваа работа треба да се реши на маса. Дотогаш децата нема да седат во училишните клупи“, предупредува Васил Поповски од селото Лажец, поранешен претседател на Месната заедница.

Македонците од Лажец бараат поништување на одлуката на Советот.

„Итно да се свика вонредна седница на Советот и да се прогласи за невалидна одлуката донесена на 31 август. Жителите треба да ја одредат локацијата за џамија, а не политичарите“, побара Орце Дандушевски, претседател на МЗ во селото Лажец.

Последната одлука на Советот на Битола е силен удар врз соживотот на Македонците и Албанците во Лажец, сметаат дел од жителите на ова село, напоменувајќи дека едвај успеале по долги години кавги и расправии со своите соседи во последната година да ги релаксираат односите.

„Таман се спушти топката и тргна работата повторно почнаа да се разгоруваат страстите меѓу Македонците и Албанците. Велат дека локацијата за изградба на џамија била договорено на највисоко ниво, меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Каде сме ние? Зошто жителите не се прашани? Македонците не се против џамија. Може да се гради веднаш до нашата црква, на сретсело или од другата страна на реката. Но, не на влезот од селото каде што сите куќи се на Македонци“, истакна Поповски.

Лажани се крајно разочарани не само од партиите туку и од Преспанско-пелагониската епархија.

Од друга страна, пак, од битолското муфтивство велат дека локацијата е избрана со претходно постигнат договор меѓу повеќе фактори во државата. „Направени се отстапки со цел да се зачува соживотот во селото. Во Лажец имаме потреба од џамија. Не е битно каде, важно е да се изгради во селото. Со оваа одлука на Советот на дело се покажа демократијата. Се урнаа табуата и се' што било мрачно и црно. Едноставно се надминува проблемот“, потенцира муфтијата Плуми Велиу. (А.Б.)


#
Статијата е прочитана 1794 пати.

Испрати коментар

Од: senegal
Датум: 03.09.2010 00:06:07
daj svestete se rabotava odi nadolu i nadolu, svestete se pred da e pokasno.kolkavi vernici ste ta ednite ta drugite ta se glupirate bez veze. Svestete se.
Од: goce bitola
Датум: 03.09.2010 00:46:35
Kakvi vnuci na goce kakvi bakraci obicni profiteri se i nisto poveke. Kolku braniteli od bitola zaginaa branejki ja nasata drzava a tie ni so eden spomenik ne najdoja za potrebno da im se oddolzat .ZIV REZIL SE.
Од: Kalo
Датум: 03.09.2010 01:41:50
Браво ДПМНЕ, браво! Така кај македонските куќи. Следната година не мора да правите попис во Лажец. Нема да има Македонци.
Од: bitolski vmro-vec
Датум: 03.09.2010 07:22:40
Koga na eden sostanok na mesniot komitet go zaprasavme Taleski zosto vo Bitola od minareto na djamijata vo samiot centar se slusa preglasno peenjeto na odjata,toj ni odgovori deka moral da popushti za toa zaradi toa sto vo lazec ne mu davale da izgradat djamija.sega koga taleski i klapata od vmro se soglasi na djamija,go prasuvam javno gradonacalnikot dali ke prodolzi odjata da pee od minareto seuste? iskreno se sramam sto sum vmro-vec.nemam lice da izlezam pred moite sopartijci i sogragani. ova e golem sram za Bitola
Од: mende
Датум: 03.09.2010 07:39:22
BRAVO za DUI i VMRO DPMNE taka se resava sozivoto.Koga moze vojna zosto ni e mir .
Од: aminta
Датум: 03.09.2010 08:12:19
Dzamijata vo Gorna belica Strusko e podignata iako vo seloto nema nitu eden pripadnik od muslimanska veroispoved.Istoto se slucuva i vo Lazani i na mnogu mesta vo Makedonija. Krajno vreme e da se zamislat odgovornite koi gi odobruvaat vakvite eksperimentalni proekti. Neka vidat kako toa se resava vo Avstija, Germanija i Svajcarija...
Од: don kihot
Датум: 03.09.2010 09:45:58
Znaci vaka,vo Germanija poslednite crkvi se gradele vo sedumdesetite godini.Otamu navaka nema veke novi.Sto znaci toa, ili vo drugite razvieni zemji kako Svedska , norveska Kanada i dr, ne e tolku bitno sto seka nam ni e mnogu bitno(religii) i veri.Zosto e toa taka, kade se oni, a kade sme nie(ekonomski) .Peenje na Ogi i Popovi , vistinska vera ili profiterstvo(koj vo makedonija go forsira islamot i zosto)mislam deka se krijat nekoj drugi nameri od obicno i cisto veruvanje vo boga.
Од: А1 оваа вест ја кажааа ли
Датум: 03.09.2010 11:30:16
А водовод или пат имаат ли.
Од: bitolcanec
Датум: 03.09.2010 13:49:09
se prasuvam kako et mozno tolku da se velica pravoslavieto i islamot vo makedonia za ovie 20 god se poztaveni tolku krstovi i tolku zami sto prosto covek ne moze da poveruva na umot duri od inaet mu kladoja krst i na saat kulata vo bitola sto site turisti sto idat od stranstvo ni se smeat posto vo ni edna metropola ne klavat krstovi po sat kulite posto tie set umetnicki dela i kako takvi ostanvat pozzz do utrinski

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Кои пратеници имаат интегритет
Призна и жали за прогонувањето на хомосексуалците
Слаб на ќерки
Стари коли веќе не се толку барана стока - цените ќе паѓаат
Убиство на Охрид
Словачки испит за македонската зрелост
Нацртани секси убавици
Лобист за една употреба
Атина бара објаснување од САД за Рикер
Груевски и Црвенковски се гледаат само на телевизија
Може ли некој да го замени Меркјури?
Булшитери
Утринско кафе со поглед на морската шир
МПМ подарува книги за училишни библиотеки
Славните пред објективите на полициските фотоапарати
Кога сум гладен, тогаш сум опасен - гризам!
Вашиот партнер е ваша слика