Неделен барометар
Слаб на ќерки
Мин��тата недела за Раде Шербеџија навистина беше стресна - се играше вербален пинг-понг со Анџелина Џоли. Првин доаѓа, па се премислува и не доаѓа, а потоа тој и' враќа - не сака да го прочита сценариото за филм што го има напишано г-ѓа Џоли... И сето тоа јавно, проследено од весници и од телевизии.
И најпосле сосема приватна работа што го разнежи сосема хрватскиот актер - ја испрати најстарата му ќерка Милица на студии во Америка. На аеродромот во Риека, каде што сега живее семејството Шербеџија, трите ќерки и сопругата Ленка, Раде тешко се одвои од галеничката.
Татковците секогаш биле слаби на своите ќерки.
Ќе остави само убав персонал
Откако решија дека навистина треба да сменат нешто и да почнат попаметно да се однесуваат со парите, Дејвид и Викторија Бекам почнаа да отпуштаат дел од послугата. Всушност, во становите во Л.А., Дубаи и Париз за нив работеше персонал од 50 луѓе. Сега Пош почна да економисува - доколку градинарот има дозвола, ќе биде и возач. Ако готвачот е вреден - ќе ги добие обврските на собарката...
Важно е да се испочитува само едно правило - персоналот задолжително треба да биде убав. И да е од машки пол.
|