Тест
Вашиот партнер е ваша слика
1. Што ��равите прво кога наутро ќе се разбудите?
а) Ништо особено
б) Го барам партнерот зашто не сакам да бидам сам/сама
в) Го планирам денот
г) Зависи од моменталното расположение
2.Како би го опишале сопствениот имиџ?
а) Се разликува по тоа во какви ситуации се наоѓам
б) Не с�� грижам нешто посебно за тоа, зашто ми е важен позитивниот став спрема другите
в) Сакам во која било ситуација да бидам уреден/а
г) Не признавам никакви конвенции
3. Во што се состои вашата сила?
а) Тешко може нешто да ме испровоцира
б) Многу сум чувствителен/а
в) Мојата сила лежи во мојата прецизност
г) Спонтаноста е моја сила
4. Која од сопствените слабости би ја признале?
а) Покажување емоции не ми е силна страна
б) Мислам дека другите луѓе лесно можат да ме искористат
в) Не дозволувам да ми измислуваат дупки на саксијата во моја близина
г) Никогаш не умеам доволно да се концентрирам
5. Што очекувате од луѓето?
а) Да бидат дистанцирани и да не го пикаат носот онаму каде што не им е место
б) Топлина и поддршка
в) Да стојат на ветувањето што го дале
г) Слободата е најкреативна, па не треба ништо однапред да се дефинира
6. Што мислите за себе како партнер/ка; какви сте за живот во двојка?
а) Секогаш возвраќам со иста мера
б) Делам се' со личноста што ја сакам
в) Партнерството е О.К. но не е се' во тоа
г) Со мене никогаш не е здодевно.
Решение
Најмногу одговори под а)
Дистанца
Вие сте дистанцирана личност, која сака исто таков партнер. За вас авантурата би била – зближување со спротивниот пол, кој не познава и не признава граници. Личноста која од вас бара блискост би требало да внимава да не ја оддалечите од себе инсистирајќи на постојани чувства. Зарем би дозволиле систематичен тип на партнер да го средува вашиот живот?
Најмногу одговори под б)
Близина
Вие припаѓате на тип на човек кој секогаш бара блискост. Дистанцирана личност така би ве средила што не би можеле повеќе да се снајдете. Ни систематичен тип не е за вас, зашто би ве измачил доведувајќи ги во ред вашите чувства. Значи ви останува тип кој бара блискост.
Најмногу одговори под в)
Контрола
Кај вас не постојат случајности, ништо не може да ве изненади од проста причина што се' планирате до детали. Знаете што ќе јадете, каде ќе одите, колку ќе се задржите... Како на лента. Токму затоа партнерите не можат премногу да се задржат во вашиот филм. Најчесто сакате и нив да ги контролирате.
Најмногу одговори под г)
Дезориентираност
Многу често сте дезориентирани, допуштате самите настани да ве водат, па така и не очекувате ништо ниту од себе ниту од другите. Сосема лежерен тип. Проблемите, всушност, доаѓаат кога треба да функционирате во двојка - тука ништо прецизно не можете да кажете, ниту, пак, да се договорите. |