Број 3374  петок, 03 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter

Нацртани секси убавици

Се' започна од Бети Буп - носеше тесно црно фуста��че, подврски на чорапите, а Џесика Ребит ја исфрли од игра

Тие се убави, со женствени облини и секси погледи. Единствен проблем е што се нацртани. Да се потсетиме на неколкуте најсекси анимирани хероини.


Бети Буп

Бети Буп настана од перото на аниматорот Макс Флајшер во 30-тите години на минатиот век. Како што вели самиот, Бети, всушност, е спојка меѓу Хелен Кејн и Клер Боу, популарните актери од ерата на немиот филм. Бети се сметаше за најпознат секс-симбол во анимираниот свет се' до 1978 година кога на нејзиното место се смести предизвикувачката Џесика Ребит. Инаку, цртаните филмови за Бети Буп се преполни со добра музика, суптилни елементи на темата врзана за големата депресија, но и за безгрижната сексуалност. Токму поради сексуалните инсинуации, Бети е прв анимиран лик што падна на испитот наречен цензура, поради што нејзините автори мораа малку да ја намалат нејзината сексуалност. Облечена во мало црно фустанче со подврски, Бети стануваше се' попопуларна како вистински анимиран лик што за првпат ја прикажува женственоста и до денес стекна легендарна популарност и цела армија ��божаватели низ целиот свет. Таа отиде во пензија со полни 58 години, а последен пат од филмското платно им намигнуваше на гледачите токму во филмот „Кој му го смести на зајачето Роџер“.



Принцезата Јасмина

Принцезата Јасмина ја смисли аниматорот на Дизни, Џон Маскер, кој доби многу тешка задача. Како што е познато, во филмовите на Дизни има јунаци, главни и споредни, и тешко е да се реши кој е понежен и помил. Токму затоа овој лик мораше да биде поинаков. За почеток, Јасмина беше првата убавица на Дизни што не потекнува од Европа, а, исто така, е секси. Јасмина е ќерка на султанот, а неа ја запознаваме токму во моментот кога татко и' донесува закон, според кој, мора да го одбере принцот за кој ќе се омажи. Но, таа е слободоумна и се' што сака е малку слобода, токму како и сите нејзини врснички. Јасмина е многу упорна, желна за авантури и истрајна во целта да го помине целиот свет. Иако изгледа предизвикувачки, нејзиниот карактер, всушност, е почетокот на нејзината привлечност. Првпат во филмовите на Дизни гледаме лик со предизвикувачка женска фигура. Со оглед на тоа дека потекнува од измислениот арапски град Аграбах, авторите сметаа дека единствено логично е нејзиниот костум да потсетува на ориентална танчерка, а таквиот стил само и' ја зголемува сексуалноста.



Туранџ Лила

Таа излезе од фабриката на бруталниот хумор на Мет Гронинџ. За разлика од неугледните ликови, во неговиот популарен проект „Симпсонови“ во Футурам тој исфрли предизвикувачка хероина. Се разбира, се' не може да е толку совршено и токму затоа Гронинџ и' нацрта на Лила само едно око, што, да бидеме искрени, и' ја намалува можноста за кокетирање. Без оглед на тоа што нејзините колеги од почеток мислеа дека станува збор за суштество од вселената, Лила е многу повеќе секси од остатокот на интересниот екипаж на бродот „Планет експрес“. Освен тоа, таа е и капетанка, а нејзината енергичност и сила само и' ја зголемуваат привлечноста. Иако по неа постојано трчка нејзината тајна симпатија Фру, со својата сексуалност Лила, сепак, се ослободи од стегите на неподносливо самобендисаниот капетан Зап Бренитан.



Доктор Аки Рос

„Последна фантазија“ не е само една од првите игри туку и прва сериозна адаптација на компјутерска игра, а воедно и една од ретките добро прифатени филмови што ги поместија границите на можното благодарение на импресивна анимација. Дотогаш не беше забележано тоа на филмското платно. Тоа најдобро се забележува во ликот на главната хероина, докторката Аки Рос. Аки е брилијантна млада научничка задолжена за пронаоѓање решение во борбата против вселенската инвазија, а со тоа е и многу секси. Пред речиси 10 години неверојатна компјутерска анимнација направи сензуалноста на младата научничка да излегува од секое нејзино движење нагласено со нејзината припиена униформа. За гледачите желни за голотија, авторите за Аки измислија имагинарна фотосесија за насловната страница за списанието за мажите „Го“ за кое таа ги покажа своите атрибути во скудно бикини.



Џесика Ребит

Откако нејзината долга нога излезе од завесите на сцената во зачадениот ноќен клуб, Џесика Ребит застана на врвот каде што тогаш беа сместени најсекси кралиците од анимираните филмови. Својот деби-настап на сцена го создаде во Земекисовиот спој од филм и анимација. Се разбира, станува збор за римејк на делото „Кој му го смести на зајакот Роџер“ каде што на насловниот лик му задава грижи неговата предизвикувачки облечена сопруга со огнено црвена коса и со сомнителен морал. Иако беше вистинска ноќна мора да се сними филмот, тој донесе извонреден финансиски успех, најмногу поради фактот што беше скретница во спојувањето на живите актери заедно со цртаните, а додатниот шарм му го дадоа многуте референци од класиката на анимирани филмови. Вака првпат на ист екран се најдоа Мики Маус, Бети Буп и Душко Долгоушко.






#
Статијата е прочитана 1124 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Џамијата во Лажец повторно ги зовре страстите
Кои пратеници имаат интегритет
Призна и жали за прогонувањето на хомосексуалците
Слаб на ќерки
Стари коли веќе не се толку барана стока - цените ќе паѓаат
Убиство на Охрид
Словачки испит за македонската зрелост
Лобист за една употреба
Атина бара објаснување од САД за Рикер
Груевски и Црвенковски се гледаат само на телевизија
Може ли некој да го замени Меркјури?
Булшитери
Утринско кафе со поглед на морската шир
МПМ подарува книги за училишни библиотеки
Славните пред објективите на полициските фотоапарати
Кога сум гладен, тогаш сум опасен - гризам!
Вашиот партнер е ваша слика