Број 3374  петок, 03 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter

Славните пред објективите на полициските фотоапарати

Ништо ново ниту чудно кога се во прашање познатите ѕвезди и нивните декадентни навики

Бојан Шашевски

Деновиве, Парис Хилтон повторно се наоѓа пред ново обвинување – поседување кесе кокаин, за кое богатата наследничка упорно ја убедуваше полицијата дека се мастики за џвакање. Со средена фризура, вештачки веѓи и насмевка на лицето, русокосата во последните 4 години трипати позираше пред полицискиот апарат. Според многумина, ова е сосема добра рекламна кампања, а други, пак, мислат дека воопшто не е чудно доколку Хилтон платила да ја уапсат. Периодов беше актуелен и за Чарли Шин, приведен за физички напад над сопругата, а по непочитувањето на условната казна за пребрзо возење и консумирање дроги, Линдзи Лохан неколку недели ја топлеше затворската ќелија во Линвуд. Можеби најоригинален криминалец беше Рип Торн. Актерот кој во 1983 беше номиниран за „Оскар“, беше обвинет дека на 29 јануари влегол во прилично алкололизиран и вооружен во банката во близина на неговата куќа во Салсберија, Конектикат. Полицијата соопшти дека Торн, освен пиштолот, бил толку пијан, па мислел дека влегува во сопствениот дом. Тие ги нашле неговите чевли и шапка пред вратата на банката.

Познатите фаци отсекогаш милувале добра забава, оружје, љубовни излети, пијани возења и опојни супстанции. Еве неколку такви примери.

Секогаш контроверзниот Џон „Ози“ Озборн, поранешниот член на хеви метал бендот „Блек Сабат“, во повеќе наврати наидуваше на полициските лисици. Во 1982 во Сан Антонио, Тексас, само еден месец откако на концерт случајно му ја одгриза главата на лилјакот што беше фрлен на сцената, Ози, сосема пијан, облечен во фустанот на неговата девојка, уринираше врз споменикот во Аламо. Истата година се врати на местото, настапуваше и донираше 10.000 долари. Во 1984 беше приведен за нарушување на јавниот ред и мир при алкохолизирана состојба. На крајот од осумдесеттите, Озборн повторно во полиција – обид за давење на сопругата. Секако, обвиненијата беа отфрлени.

Кристијан Слејтер беше уапсен во декември 1994 година на аеродромот Џон Ф. Кенеди во Њујорк за поседување на оружје. По судскиот договор, на познатиот актер му беа доделени неколку денови социјална работа, која вклучуваше и грижа на деца беаздомици. Само една година по инцидентот, Слејтер повторно беше уапсен. Овојпат, за сексуално малтретирање – го фатил заедникот на една згодна жена додека се шетал по улица.

На единаесетгодиншна возраст почна да препродава наркотици – хероин и крек. Кога наполни 19 години, раперот Куртис Џејмс Џексон, денеска насекаде познат како „50 Сент“, беше уапсен за продажба на нелегални супстанции на еден полицаец. Откако му го пребараа домот, освен пронајдената дрога, Куртис беше обвинет и за поседување огнено оружје. Подоцна, во јули 2005 година, откако на еден настап го погодија со шише вода, раперот што годинава гостиваше во „Борис Трајковски“ не му ја мислеше многу, па скокна во публиката да го побара виновникот. Се „извлече“ и си доби две години условна казна за напад.

Компјутерскиот могул Бил Гејстс беше донесен пред полицискикот фотоапарат во декември 1977 година кога, како деветнаесетгодишно момче, беше фатен како со авотмобилот „лета“ со голема брзина, без да носи возачка дозвола во себе. Фотографијата е од Албикурки, Њу Мексико. Објавено е дека Гејтс е уапсен неколку пати за сообраќајни прекршоци, но не е нималку чудно што еден од најбогатите луѓе на светот секој пат се извлекуваше само со кауција.

Ал Пачино е приведен во 1961 година за поседување илегално оружје, но обвиненијата против него подоцна беа повлечени. Вешто презентирајќи ги актерските потенцијали, Пачино пред полицајците се изјасни дека бил на пат кон театарот каде имал свој удел, па пиштолот бил наменет за потребите на сценскиот настап. Полициската фотографија земена кога имаше само 21 година.

Полицијата на Мајами ја уапси Тара Патрик, низ светот позната како Кармен Електра, во ноември 1999 година под обвинение за гласна караница и тепачка во хотелската соба со нејзиниот маж, кошаркарот Денис Родман. Но, полицијата ги отфрли обвиненијата против ѕвездата на „Бејвоч“, бившата колешка на Памела Андерсон, откако ниту еден од сопружиците не сакаше да пристапи кон судска тужба. Судијата, сепак, нареди двојката да одржува соодветни 150 метри далечина еден од друг.

Дадли Мур го сликаа 1994 година откако чуварите на законот и редот го приведоа во своите простории поради физички напад над неговата девојка Никол Ротчајд. Според полициските досиеја, англискиот актер ја истепал Никол зад сцената на самото доделување на наградите „Оскар“. Ротчајлд го демантираше обвинението и набрзо среќниот пар се венчаше.

Френк Синатра го уапсија во Берген Каунтри, Њу Џерси, под обвиненија за заведување и неверство. Од ФБИ, неговиот животен надзорник, изјавија: „Во ноември 1938 година, откако му беше ветена раката на девојката и притоа се согласија на брак, Синатра имаше сексуални односи со подносителот на жалбата – немажена девојка со голема репутација“. Сепак, случајот не отиде на суд. Бирото продолжи да го прати Синатра, верувајќи дека е поврзан со активности на мафијата. И покрај двете илјади страници со нивни наводи за криминални дејности, легендарниот пејач и актер никогаш не беше осуден.

Актерката и активистка Џејн Фонда си доби својата полициска фотографија откако во 1970 година наводно удрила полицаец, кој се обидувал да ја уапси за претходни обвиненија за дрога. Кај Фонда беа пронајдени бројни шишенца со таблети, но подоцна е докажано дека се работи за витамини и легално-препишани лекови. Тужбата веднаш беше повлечена.








#
Статијата е прочитана 774 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Џамијата во Лажец повторно ги зовре страстите
Кои пратеници имаат интегритет
Призна и жали за прогонувањето на хомосексуалците
Слаб на ќерки
Стари коли веќе не се толку барана стока - цените ќе паѓаат
Убиство на Охрид
Словачки испит за македонската зрелост
Нацртани секси убавици
Ло��ист за една употреба
Атина бара објаснување од САД за Рикер
Груевски и Црвенковски се гледаат само на телевизија
Може ли некој да го замени Меркјури?
Булшитери
Утринско кафе со поглед на морската шир
МПМ подарува книги за училишни библиотеки
Кога сум гладен, тогаш сум опасен - гризам!
Вашиот партнер е ваша слика