Број 3374  петок, 03 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter

Фидел Кастро

Призна и жали за прогонувањето на хомосексуалците

На бившиот претседател на Куба му е жал што своевремено ги прогонувал хомосексуалците. Фидел Кастро, згора на тоа, ја презеде одговорноста за прогонувањето на хомосексуалците по кубанската револуција. „Ако некој треба да е одговорен, тоа сигурно сум јас. Нема да ја префрлувам одговорноста на другите“, изјави Кастро за „Ла Хорнада“, еден од водечките весници во Мексико.

По револуцијата во 1959 година, власта тргна во акција, со која, покрај останатото, сакаше целосно да се ослободи од хомосексуалците, зашто сметаше дека се производ на капиталистичкото општество. Во 1960-тите и 1970-тите многу кубански хомосексуалци добија отказ, завршија во затвор без судење или во „работните логори за превоспитување“.

Кастро сега изјави дека е против геј-заедниците потчинети на „големите неправди“, кои произлегоа од традиционалната дискриминација на хомосексуалците на Куба и на која некогаш беа изложени Црнците и жените. Неговото оправдување, сепак, тргнува со фактот дека во тоа време имал полни раце работа со големи нешта, особено заканите на САД и најавувањата за атентат, па не стигнал да се позанимава со проблематиката на хомосексуалците. На Куба хомосексуалноста беше конечно декриминализирана во 1979 година. Денес се зборува за легализација на геј-браковите, а државното здравство на осигурениците им плаќа и за промена на полот.


#
Статијата е прочитана 944 пати.

Испрати коментар

Од: mene
Датум: 03.09.2010 10:48:57
Bravo,samokriticnost da se vidi vo komunistickite redovi e ogromen cekor napred

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Џамијата во Лажец повторно ги зовре страстите
Кои пратеници имаат интегритет
Слаб на ќерки
Стари коли веќе не се толку барана стока - цените ќе паѓаат
Убиство на Охрид
Словачки испит за македонската зрелост
Нацртани секси убавици
Лобист за една употреба
Атина бара о��јаснување од САД за Рикер
Груевски и Црвенковски се гледаат само на телевизија
Може ли некој да го замени Меркјури?
Булшитери
Утринско кафе со поглед на морската шир
МПМ подарува книги за училишни библиотеки
Славните пред објективите на полициските фотоапарати
Кога сум гладен, тогаш сум опасен - гризам!
Вашиот партнер е ваша слика