Човечки џган е коалиционен партнер на сите власти во Македонија
Десетина мажишта, јуначишта големи, од мајка родени, фатиле еден човек во Охрида града го тепале, го тепале, го убиле бога во него. Го претепале на мртво име. Го ставиле на плочникот пред поштата во центарот на градот да испушти душа и со последниот здив да му прати вест на светот дека заедно со него е убиен и Охрид. Секоја година некој го убива Охрид. Му ја вади душата низ грклан. Немоќни и уплашени ги гледаме злосторствата во духовниот и културен центар на Македонија, во градот на Климент и Наум. Велат во Охрид има 365 цркви, за секој ден по една. Доволно да се помолиме за жртвите на насилството. Малку е за да се спасиме од група кукавици кои убиваат во глутница. Премалку да го испереме срамот.
„Немојте људи, немојте људи, ништа нисам урадио“, викал белграѓанецот Дејан Новаковиќ, 35-годишен татко на три деца, додека крвнички го тепале јуначиштата наши, а велат и српски. Како бе, Дејане, ништо не си направил. Си дошол во македонскиот Ерусалим на одмор и криво си погледнал, или поттурнал некого. Си ��газнал на пуштениот појас на нашиот башибозук што владее со Македонија. Си направил смртен грев. Доволно да бидеш линчуван.
Кога еден човек ќе умре, за него е мртов целиот свет. Кога еден човек ѕверски ќе биде убиен, кога ќе му се прекине животот насилно со ќотек, умира и дел од сите нас. Анатомијата на охридското злосторство ја покажува метастазата на македонското општество. Не дека нема убиства и злосторства насекаде низ светот, не дека насилството и потонатите бродови се наша специјалност, туку не' убива и сознанието дека нашиот гнилеж смрди и од друго место. Не е само од онаа страна на законот, туку и од оваа кај чуварите на законот, редот и мирот.
Сте ги виделе ли сите оние батки со бричени глави и дебели вратови како седат по кафулињата на македонските градови. Дремат како во холивудските вестерни на железничката станица со пиштоли на појас, чекајќи да го убијат младичот. Во филмовите победува правдата, а кај нас злото. Тие батки се страв и трепет. Тие се закон. Тој човечки шљам е коалиционен партнер на сите власти во Македонија рамно 20 години. Тие волови, често под заштита на полицијата и системот, управуваат со државата. Класичен башибозук, паралелна власт, без команда, криминална паравојска, која собира посебен данок. Арач на страв. Тешко на оној што ќе се судри со овие монструми кои ги изроди транзицијата, анархијата и, се разбира, власта. Тие се во градежната мафија, градат каде што сакаат и што сакаат, тие се главните концесионери на националните богатства, рекетари, обезбедувачи, заштитници на партиските митинзи и штабови. Знаат да облечат и костуми и да се шетаат како шифоњери покрај нашите политичари. Можете да ги видите редовно на телевизија во близина на највисоките македонски функционери. Тоа се оние типуси со некакви копчиња и жици во ушите, со златни синџири околу вратовите кои ја чуваат власта од народот. Шетаат низ парламентот, делат шлаканици на новинари, возат 200 на час низ градските улици со џипови кои имаат по неколку регистарски таблички, во зависност од потребата и добиената задача, прават акробации со мотори, глисери и скутери, газат луѓе, тепаат, убиваат... Никој не им може ништо. Тоа е најгнасниот нуспроизвод на македонската демократија. Преку цела година полнат со вреќи пари по дискотеките, коцкарниците, јавните куќи, кафулињата, плажите, ги контролираат наддавањата и разните лицитации, ги заштитуваат дилерите на дрога, трговците на бели робје, продаваат оружје, алкохол и историски артефакти. Пред избори цената им расте вртоглаво. Без нив нема избори. Тие ја бранат македонската демократија од граѓаните.
Македонија го нема Елиот Нес да ги ампутира овие метастази кои од ден на ден се' повеќе ја задушуваат. Елиот Нес и не може да се појави каде што нема големи лидери. Полицијата станува помошна служба на башибозукот. Батките со дебели вратови, кога ќе им се појави „нелојална“ конкуренција, и' фрлаат по некоја коска на полицијата, соопштувајќи и' податоци за новите криминалци конкуренти. Тоа, главно, се големите успеси на МВР и на реформите на судството и спречувањето на организираниот и на уличниот криминал. Законот на Дивиот Запад око за око, заб за заб, веќе не важи. Кај нас е око - за ништо, живот за - пет пари. Опасно паѓа цената на човечкиот живот во Македонија. Началник на полицијата во Скопје му го извади окото на својот братучед оти овој во последно време почнал многу да зборува и да аздисува. Тоа е оној началник од скопско Маџари што ги викал на сослушување пратениците по инцидентот во македонското Собрание. И сега Анкетната комисија ќе прави бла, бла, бла да открие зошто опозиционите пратеници малтретирале полицаец, или да открие што бара полицаецот со камера и пиштол во парламентот без да го повика никој. Јас тврдам дека ништо нема да открие Анкетната комисија за забошотување на случајот. Началникот бил суспендиран, ама се' уште работи. Братучедот го оќорави од ќотек. И никому ништо. Ете, затоа убиството во Охрид не може да се гледа како на немил настан и вообичаено злосторство во туристичките центри во светот. Тоа веќе не е обичен криминал и насилство. Тука станува збор за парализа на системот каде што мафијата владее со државата, каде што силеџиите стануваат помоќни од институциите на системот. Додека бричените глави и дебели вратови не исчезнат од македонските градови, додека не завладее правната држава, додека е тесна границата меѓу криминалот и полицијата, убиствата ќе стануваат се' повеќе наше хорор секојдневје. Власта е немоќна да го запре крвавиот данок на теророт. Спрег��та меѓу криминалци и некои агенции за обезбедување со луѓе од обезбедувањето на највисоките македонски политички лидери е јавна тајна. Нивните заеднички дружења и пијанења, заеднички акции и заеднички имоти и бизниси се веќе вообичаени на очиглед на целата јавност.
Братот на убиениот Дејан Новаковиќ во Охрид со солзи во очите изјави дека во Србија нема омраза кон Македонија и кон Охрид. Тоа е навистина достоинствен човечки гест при најголема тага и загуба. Но, во Македонија има бес и страв за ова што ни го прават. Има ли институции на системот на кои им е работа да ги заштитат граѓаните. Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, вели дека со безбедноста на граѓаните се' е в ред. § препорачувам да прошета малку низ македонските градови и да се распраша за батките со тркалезни глави. Иако мислам дека веќе добро знае кој и како управува со нив, па нејзината улога во борбата против овие чудовишта станува невозможна. Погодете зошто.
Неказнето злосторство е најголемо злосторство. Кога ќе слушнеме дека за линчот пред охридската пошта се казнети примерно убијците, еден мал дел од правдата ќе биде задоволена.
А кога ќе исчезнат бричените глави?! Е, тука веќе засегаме во анатомијата на злосторството во Охрид. За тоа се потребни длабоки хируршки резови без анестезија. Тоа многу боли, долго и по ампутирањето.
Ероле,ХРАБРО и чесно напишано.Стварно на ваквата појава некој мора да и стави крај.Оваа власт сигурно нема храброст и смелост за такво нешто бидејќи има еден куп примери каде што не реагирала.Секоја чест за написот.
Од: Ace od Avstralija
Датум: 03.09.2010 02:01:09
Erol, ja pretera brat. Ubistvo povrza so tvoi i vasi frustracii vo t.n.receniot Erusalim, Bravo !!!
Од: demokrat
Датум: 03.09.2010 02:26:40
Erole, bricenite glavi se samo obicni krtici, koi odvreme navreme zbudaluvaat onaka za djabe, cisto da se pokazat pred javnosta kolku je jaki, odnosno kolku se sitni. Kaj nas drzavata e nasilnikot. Ako taa saka red, ke go stvori za 24 casa. Nitu briceni, nitu bradosani nema da se vidat. Se pocnuva od vlasta. Taa se praktikuva so sila, taka ja zacna komusistite, taka e do den denes. Licno bev napadnat od obezbeduvanjeto na eden bifs makedonski pretsedatel (imeto neka bide tajna). Oblecen vo uniforma na ARM gi izvrsuvav svoite dovereni zadaci za svecenosta na Armijata. Odednas me zgrapcija bricenite glavi (srede kasarna), procenuvajki (onaka na slepo so nivnata potprosecna inteligencija) deka pretstavuvam zakana za bezbennosta na vrhovniot komandant.
Од: Бане
Датум: 03.09.2010 03:05:07
Вистина,жална вистина.Затоа и јас со семејството сум на Јужнава хемисфера веќе 15 години.Не се знае кој прв започна,иако јас добро се сеќавам на зачетоците(Хард Пок,Аце циганот,БВРО-вски и СДСМ митинзи)ама злото е тука.Ако те нема,барем ПОЧИВАЈ ВО МИР,Македонска демократијо.
Од: Пара
Датум: 03.09.2010 03:15:50
Точно до болка, до очај, до хистеричен страв од излегување надвор, за нашите деца и внуци. Вистина што ја гази последната ронка на човечко достоинство и верба во демократијата и подобро утре.
Од: Ljubotan -Trade Name!
Датум: 03.09.2010 04:19:21
Brabo Erol!Ova e najubava observacija za Makedonija i Makedonskiot Mentalitet`.Vo Makedonija moram da te, POPRAVAM NIKOGAS NEMALO BASI- BOZDUH, Ako Turcija bese Basi Bozduh, ne ce bese 500 godini kakj nas..Do 1999 god Vladel Zakon,a ne Basi Bozduh,Basibozduh bese Zakon.-Bezakonitos e Denesna Republika Makedonija! Kade e Taa ,,Sveto" Klimentovska Crkva,da se pomoli vo Ohrid i napravi : Molistvenije ,za pokoj na Dusa ,i za toa sto se sluci vo gradot na Sv,Kliment i Num?
Од: francuz
Датум: 03.09.2010 08:09:07
posle svadba tapani nema.nova katastrofa vo Aerodrom trojca mrtvi.cikago bi mozel vo 40-te godini da ni pozavidi.vobilo koja druga ponapredna drzava dosega ovie"primarni ministerstva"te.nivnite eksponenti ke dadea ostavka od moralen cin,a kaj nas aber nemaat:mvr,obrazovanie,zdavstvo i tn.i tn
Од: Makedonec vo EU
Датум: 03.09.2010 08:37:17
Ne e loso vo FYROM da se zabranat karate filmovi. Balkanskite mozocinja takvite filmovi gi sfakjaat preseriozno. Jaka vi dusa so takvo ministerce za vnatresni. A toj za zdravstvo e posebna prikazna. Od sumski borec za covekovi prava ete kakvo zdravstvo biduva. Ne za dzabe lugjeto vo civiliziration svet ucat fakulteti....
Од: ohrid
Датум: 03.09.2010 08:55:28
vekovnoto prasanje, koj vladee so ohrid ? Sekogas nekoj vladeel so ohrid. Nazalost nikogas uspesno, Jas, ne se sekavam ,deka vo dalecnoto minato a za segasnosta da i ne zboruvam nekoj od ohrid odgovaral za dejstvija od oblasta na organiziraniot kriminal .
Од: ivana
Датум: 03.09.2010 09:01:40
ako ostana ne kaznet ciganot od obezbeduvanjeto na mijalkov ,a pregazi covek na partizanska ,sto ocekuva ovoj narod deka goca i grujo moze da stavat red vo policijata kade se vraboteni samo delikventi i luge bez potrebnoto obrazovanie za vo policija,ZALNO za narodot vo makedonija iza demokratijata.
Од: Гоце Делчев, Питу Гули
Датум: 03.09.2010 09:05:33
Kako i sekogas...maestralno napisano....Direktno vo srzta
Од: Браво
Датум: 03.09.2010 09:10:25
Ме трогна со текстов. Се гледа колку си бил изнервиран од целата оваа ситуација. Исто бев и јас. До срце ме заболе веста за србинот бидејќи добро знам што се случува во Охрид. И тоа поготово во Охрид. Често во текстот ја спомнуваш цела Македонија како терен за диви кучиња од тој калибар, но Охрид е епицентарот. Охрид е мајка на локални силеџии и пример за град во кој царуваат бандити. Луѓе, да беше Охрид во Германија до сега ќе беше број 1 туристичка дестинација во Европа.
И нема да се искорени проблемот уште долго. Тоа е долготраен процес кој Македонија нема намера очигледно ни да го почне. За греота сме.
Од: kole
Датум: 03.09.2010 09:30:48
За жал ова е реалната слика на Македонија денес..........колку ли само БЕЛИ БУМБАРИ, Тања Бумбарката и нејзините пајташи ќе поделат за безбедносната состојба во македонија???????????//
Од: b
Датум: 03.09.2010 09:44:22
Браво Ерол! Но ќе има ли некој ова да го прочита, а уште повеќе да го разбере во нашава Македонија
Од: od mene
Датум: 03.09.2010 09:57:38
Se gleda kolku ima volja da se otkrijat ubijcite - ni iminjata ne im gi pisuvaat po vesnicive...
Samo na toj srbinot sto bega go pisuvaat - a normalno e deka izbegal - ako bil baran od interpol i scotland yard...
Odlicen napis Erol - za zal tie dibecite veke se drzat vo race i ne znam dali ke mozeme ikogas da se otarasime od niv..
Од: terezija - na silata SAMO so SILA se odgovara i nikako poinaku...Iako "debelovratestite"po priroda se SHUPLIVOGLAVI -sepak ne mi smeta da se spushtam na nivno "nivo"...
Датум: 03.09.2010 10:04:30
Ne da boliii...?! Boli, boli do neprebol. A najmnogu od se' boli vistinata. So samoto iznesuvanje na istata, potsvesno nanesuvate(me) bolka i na drugite. A deneshnoto Vashe pisanie me "dotolchi"... Iako moram da priznaam moj prijatele deka se osekam blizok do Vas, mislam na ista 'branova dolzina' sme... Zatoa i si zemam sloboda javno da Ve pofalam a voedno i 'prozivam' ;celiot text e 100% poln pogodok - makar shto jas bi sakal pokraj 95% od iznesenoto i barem 5% REZIME, shto ponatamu i KAKO protiv ova zlo..??! No, svesen sum za Vashata 'polozba' (javna i odgovorna lichnost..) so ogled na profesijata koja ja obavuvate (moram da priznaam - krajno profesionalno) i imam razbiranje za Vas...Pred nekoj den, na moite kritiki kon vlasta i nejz.part. Policija izvesen Jugoslav zabeleza deka, ubavo e koga pokraj svest i razum da se ima i m....a(?!) Jas ne mislam deka Vie gi nemate G-dine Erol,naprotiv-samo shto Vie "morate" suspenzer da nosite..?! Jas ne! I natamu drzam do tezata:klinot so klin
Од: srebre
Датум: 03.09.2010 10:21:05
se prasuva erolima li zakon i vlast sto ce gi zapre ovie...pa tie se delo od vlasta ili potocno raka na vlasta zatoa i taka se ponasat..........a to sto om go zemat lebot na iljadnici ohridjani nee vazno pa sega i nie makedoncite imame strav da odime vo ohrid a za srbi ce bide i ona kako so bugarite do lani imase po nekoj bugarin vo ihrid sega ic..........
Од: Читател
Датум: 03.09.2010 10:34:13
До Аце од Австралија. Абе Аце црни Аце како бе Ерол претерал. Уште не се исушило мастилото, од неговиот текст а синока во најурбаната македонска населба Аеродром на очиглед на граганите полицијата и криминалците се скараа околу поделба на поленот. Резултат: тројца мртви
Од: Али Кемал
Датум: 03.09.2010 10:43:02
Господине Ризаов ,да ви се позлати раката за писаниево!Навистина болно,но објективно и точно. Во сршта погодено ова наше искривено и без морални вредност општество.Само многу ми е жал што во нашава „ Мајка„ живее народ многу наивен и толерантен и народ кој е задоволен и со трошките паднати под столот од „шветската маса„ на хотелот „Македонија -банана држава„
Од: skopjanec
Датум: 03.09.2010 11:07:08
Briceni glavi, debili imase i vo Srbija. No po ubistvoto na Cincic, na bricenite glavi im dojde krajot. Treba li i kaj nas takvo nesto da se sluci pa posle toa da se prevzeme akcija na likvidacija na debilite.
Од: Mane
Датум: 03.09.2010 11:26:28
Чудна работа! Секогаш кога ВМРО е на власт, разни битанги и бричени глави ја тероризираат македонија. Последен пример е вчерашново убиство во нас. Аеродром.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 03.09.2010 12:08:51
Текстов овој пат е ,,прва лига,, и немам коментар за напишаното.Требаше да се чуе и гласот како на локалната самоуправа преку соопштение да ќе се справат со ваквиот вид криминал,па се до централната власт која треба да понуди помош во справување со криминалците.Исто така требаше да се чуе и гласот на осудата и на обичниот Охриѓанец.А не како во Н.Македонија охридски кафанџија да вели ,,кој ги викал Србите,сами дошле сами ќе си одат,,
Од: Oskar
Датум: 03.09.2010 12:15:04
Gospodine Rizaov, sekoj Vas tekst e dokaz deka Vie ste najdobriot novinar vo RM, BRAVO.
PS, Ispustivte da gi spomnete obesenite krstovi vo nivnite koli koj se prepoznatliv nivni dekor.
Од: Феличита
Датум: 03.09.2010 13:36:52
Како ќе помогне централната власт? Ќе однесе три вреќи песок?
Од: perica
Датум: 03.09.2010 15:00:51
Uste poaktuelno po sinokesnite ubistva,kade sto bukvalno dilerite, ludjeto od najbliskoto obezbeduvanje i policajcite sedele na ista masa.
A Eliot Nes nema da se pojavi , ke go cekame kako Godo.
Од: marjan.pp
Датум: 04.09.2010 01:28:17
erole, prosti im na ,,bricenite glavi''tie se deca bez majcina ljubov----ostanale siraci uste na poragjanje??????
Од: Ohrigjanka
Датум: 04.09.2010 02:49:37
Братот на трагично починатиот српски турист Дејан Новаковиќ, Ненад, синоќа пристигна во Охрид. Тој запали свеќа на местото каде се случи немилиот настан по што оствари средба со градоначалникот на Охрид, Александар Петрески и претставници на градскиот Совет. На средбата било разговарано за процедурата која треба да се заврши околу преземањето на телото на Дејан Новаковиќ, во што ќе помогнат службите на општината, која ќе ги покрие сите трошоци.
- Општина Охрид се става на располагање на семејството на трагично починатиот турист од Србија и ќе формира мини координативно тело кое ќе помогне да се завршат сите формалности во институциите за да може блиските да го преземат телото на Дејан и да го однесат во Србија. –изјави по средбата градоначалникот Петрески.
-Ќе биде одржана средба со претставници на семејството на починатиот српски турист на која сакаме да покажеме дека Охрид е нешто друго и дека градот не го сочинуваат десетина-петнаесет силеџии кои ги прават проблемите во Охрид,
Од: bren
Датум: 04.09.2010 06:06:24
bravo za reporterot sto se osmelil tolku emocionalno da ja iskaze vistinata
steta za anarhijata vo makedonsakoto opstestvo
ne znaeme kako da mu dokazeme na svetot kolku sme primitivni i losi i bezpomosni
Од: pola VE pola BT
Датум: 04.09.2010 07:54:07
Odlicen tekst g. Rizaov.Ja opisavte cela situacija onakva kakva e.Veruvajte nekolku godini vo Ohrid odam samo ako imam potreba i se zadrzuvam dovolno vreme za da ja zavrsam rabotata.Lani bev ednas a ovaa godina i poretko.Ve pozdravuvam i samo napred
Од: Sfingata progovori
Датум: 04.09.2010 08:31:15
Do bolka tocen opisi i vistinska diskripcija na sostojbata vo Makedonija.Tocno e deka ovie "debelovrati djelati"se plod na tranzicijata, anarhijata, no pred se na vlasta, koja e vo intimen dil so niv i obilno gi koristi nivnite zlocinecki uslugi za zaplasuvanje na narodot i licno bogatenje na vlstodrscite. Me iritirase do bes onaa bescustvitelna izjava na Jankulovska posle trojnoto ubistvo vo Aerodrum , koga so bezosecajno lice na "kamena sfinga" gi izdeklamira vece nauceni frazi,deka bezbednosnata situacija ni bila stabilna i deka policijata temelno go analizira slucajot!? A nejzin visok sluzbenik od MVR i badjanak na sefot na obezbeduvanjeto na"Vozdot"ruca vo restoran so ozloglaseni dileri i e zrtva na prestrelkata. pa toa bese slucaj samo vo Srbija za vreme na Milosevic koga vlasta gi producirase onie "zemunski klanovi" onie Legii, Arkani ,Zverovi i sl. otpadnici, bidejci obilno gi koristese nivnite uslugi.Dali i ovaa vlas gi koristi iskustvata na rezimotna Slobo?
Од: sheherezad
Датум: 04.09.2010 09:12:37
Gospodine Rizov, sekoja cest, odsekogas se voshituvam na Vasite pisanija, dodeka go citav tekstot placev....