Број 3613  петок, 24 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Спорт

„Оне“ шести играч на кошаркарската репрезентација

Телекомуникацискиот оператор и МКФ склучија тригодишен спонзорски договор

Наум Котевски

Телекомуникацискиот оператор ОНЕ е новиот официјален спонзор на кошаркарската репрезентација на Македонија, која на крајот на август годинава ќе учествува на Европското првенство во Литванија. Тригодишниот договор меѓу ОНЕ и Македонската кошаркарска федерација беше официјализиран в��ера во малата сала во „Борис Трајковски“.

„Привилегија е да се има партнер како ОНЕ. Со модерниот и интерактивен пристап што ќе ни го овозможи оваа компанија ќе задоволиме голем број симпатизери“, изјави претседателот на МКФ, Даниел Димевски.

Од ОНЕ велат дека договорот со МКФ потврдува дека овој телекомуникациски оператор знае да ги препознае вредностите и дека е лидер во општествената одговорност.

„Сакам да го изразам моето лично задоволство и задоволството на ОНЕ што ќе соработуваме кошаркарите. Тие ни беа прв пик на драфт. Сакавме со нив да се дружиме. Македонија едвај чека прилика кога ќе може да се радува. Кошаркарите се тие кои имаат квалитет да ја вратат насмевката“, изјави директорот на маркетинг во ОНЕ, Сашо Мацановски, попознат како Трендо.

Тој откри дека се снимаат спотови со кошаркарите и дека набргу ќе почне да функционира веб-страницата „Вклучисе.мк“, кој постојано ќе известува за сите случувања врзани со репрезентацијата.

„Спотовите ќе го разбијат митот дека кошаркарите глумат само фаули. Ќе видите ќе бидат одлични и на „платно“, во свој стил коментираше Трендо. Во август ќе се одржат и баскет турнири низ осум градови.

„Финалистите од тие турнири ќе можат да ги одмерат силите со репрезентативците“, додаде Трендо, кој заедно со репрезентативниот центар Перо Антиќ го промовираше новиот дрес со кој кошаркарите ќе настапат во Литванија. Трендо и Антиќ никогаш не биле заедно под обрачите, но покажаа совршена синхронизација при откривањето на дресот за „знајните јунаци“ пред тој да биде овековечен од фоторепортерите.

Инаку, Антиќ изрази задоволство што Македонската кошаркарска федерација прави се' за да се обезбедат потребните услови за кошаркарите пред стартот на европскиот шампионат.

„Уште од сега се создава одлична атмосфера. Знаеме дека ќе имаме огромна поддршка од навивачите. Нам ни останува да дадеме се на теренот и да се обидеме да ги израдуваме во Литванија“, потенцира играчот на Спартак Санкт Петербург.


#
Статијата е прочитана 360 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Вардар, сепак, останува прволигаш!
Тренерскиот софтвер „Мурињо“ продаден во 180 земји
Град Скопје со инфузија од 250.000 евра за црвено-црните
Славните личности во поход на Вимблдон
Ветеранката Дате-Крум и' извади душа на Венус
ФИА му ги крати крилјата на Ред бул
Илиевски на клупата на Бангладеш
Иванковиќ повторно кандидат за селектор

"""