Број 3613  петок, 24 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Спорт

Ветеранката Дате-Крум и' извади душа на Венус

На Американката и' требаа три сета и 14 гема за победа над 40-годишната Јапонка во второто коло на Вимблдон

Не и' се случува често на Венус Вилијамс да си има мака со 40-годишна противничка, која, згора на тоа, 14 години нема победа на Вимблдон. Но, петкратната шампионка мораше да ги извади и последните атоми од својата сила за да ја елиминира Јапонката Кимико Дате-Крум со 6-7, 6-3, 8-6 во второто коло на Гренд-слемот в�� Лондон.

Кога тенисерките излегуваа на покриениот Централен терен додека дождот истураше врз клубот „Ол Ингланд“, повеќето присутни на трибините очекуваа Дате-Крум да се врати во соблекувалната за помалку од еден час. Никој не ни помислуваше дека ќе присуствува на борба до последниот здив, уште помалку на неверојатните почетни 23 минути, во кои Јапонката поведе со 5-1, а Венус не освои ниту еден свој сервис! Изгледаше како двете да си ги замениле улогите, бидејќи кој би рекол дека може така да игра тенисерката што дебитира на тревата на Вимблдон во далечната 1989 година, кога 36 натпреварувачки во годинашниот костур на турнирот не биле ни родени.

„Таа играше неверојатно денеска“, призна 31-годишната Вилијамс, која е 23. носителка како последица на петмесечната пауза поради повредата на стомачните мускули. „Многу сериозно се обидував да победам, дури и при 1-5 во првиот сет, па и при 2-6 во тај-брејкот“.

Американката врескаше во очај како животно во решавачкиот сет, кога Дате-Крум одбрани дури шест брејк-топки во четвртиот гем. Јапонската „самурајка“ ја одржуваше тензијата и во наредните девет гема пред најстариот учесник на овогодишниот турнир во двете конкуренции во сингл конечно да потклекне по два часа и 56 минути игра.

„Добро се борев денеска. Се разбира, јас сум многу, многу разочарана“, изјави Дате-Крум, која стигна до полуфиналето во 1996 година, по што направи 12-годишна пауза во овој спорт. „Беше многу густо. Најважно е дека знам оти можам да се борам со Венус. Таа е петкратна шампионка тука. Таа е голем играч. Според тоа, ова беше многу, многу добар меч“.

Резултати од второто коло, жени: Звонарева (2., Русија) - Веснина (Русија) 6-1, 7-6 (5); Первак (Русија) - Парментие (Франција) 6-2, 1-6, 6-3; Винчи (29., Италија) - Марино (Канада) 7-6 (3), 6-2; Азаренка (4., Белорусија) - Бенешова (Чешка) 6-0, 6-3; Санчез (Шпанија) - Никулеску (Романија) 6-0, 6-3; В. Вилијамс (23., САД) - Дате-Крум (Јапонија) 6-7 (6), 6-3, 8-6 итн.

Второ коло, мажи: Симон (15., Франција) - Села (Израел) 7-6 (3), 6-4, 7-5; Монфис (9., Франција) - Жемља (Словенија) 4-6, 6-3, 6-3, 7-6 (7); Хасе (Холандија) - Вердаско (21., Шпанија) 6-3, 6-4, 4-6, 6-2; Мари (4., В. Британија) - Камке (Германија) 6-3, 6-3, 7-5; Милер (Луксембург) - Раониќ (31., Канада) 2-3 предадено; Богомолов (САД) - Чела (25., Аргентина) 6-0, 6-3, 6-4; Болели (Италија) - Вавринка (14., Швајцарија) 7-6 (5), 6-3, 7-6 (5); Надал (1., Шпанија) - Свитинг (САД) 6-3, 6-2, 6-4; Фиш (10., САД) - Истомин (Узбекистан) 7-6 (6), 6-4, 6-4; Гаске (17., Франција) - Куницин (Русија) 6-1, 6-4, 6-4; Бердих (6., Чешка) - Бенето (Франција) 6-1, 6-4, 6-2 итн.


#
Статијата е прочитана 302 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
„Оне“ шести играч на кошаркарската репрезентација
Вардар, сепак, останува прволигаш!
Тренерскиот софтвер „Мурињо“ продаден во 180 земји
Град Скопје со инфузија од 250.000 евра за црвено-црните
Славните личности во поход на Вимблдон
ФИА му ги крати крилјата на Ред бул
Илиевски на клупата на Бангладеш
Иванковиќ повторно кандидат за селектор

"""