Број 3613  петок, 24 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Спорт

Тренерскиот софтвер „Мурињо“ продаден во 180 земји

„Мурињовата тактичка плоча“ е името на компјутерската програма што го разби португалската компанија „Форвард Грин“ за помош на тренерите при работа со фудбалските екипи.

Станува збор за софтвер базиран на тактичките замисли на тренерот на Реал, Жозе Мурињо, кој на сонародниците со предлози и идеи им помогна да го лансираат производот на пазарот.

Од компанијата потврдија дека софтверот досега е продаден во 180 земји, меѓу кои Русија, Јапонија, Кина, Канада, Малезија, Либија.

„Во Шпанија многу добро се продава на подрачјето на Мадрид и на Барселона“, изјави еден од службениците во компанијата, Педро Араујо, кој не сакаше да ги открие имињата на корисниците.

Инаку, главната задача на програмата е да ги потхранува и организира податоците од техничко-тактичката важност за тренерот. Способен е да планира тренинзи и мечеви истовремено, истражувајќи тактички варијации при прекин на играта, а исто така е неизмерна помошта во анализата на играта на противникот. Мурињо конкретно им сугерираше на програмерите да уфрлат можност за организација во поставувањето при прекините. Компанијата продолжува да ја развива програмата.

Ривер Плата Чекор поблиску до испаЃање во втора лига

Најславниот аргентински клуб Ривер Плата доживеа нов срам. Поразен е во првиот меч од доигрувањето за опстанок во првата лига. Досегашниот второлигаш Белграно славеше на свој терен во првиот меч со 2:0, со што дојде до огромна предност пред реваншот на буеносаирискиот „Мунументал“. Наместо 50.000 гледачи колку што собира овој стадион, реваншот од трибините нема да го следи никој. Причина за тоа е прекинот од 20 минути на почетокот на вториот дел на натпреварот одигран во средата.

Имено, неколку гостински хулигани, од кои еден беше со маска на лицето, втрча на терен спуштајќи се низ високата ограда за да се пресмета со своите миленици. Ги нападнаа навивачите играчите на Ривер само вербално и со туркање, навредувајќи ги поради нивните срамни настапи. Редарите реагираа брзо, а ситуацијата се обиде да ја смири капитенот на Ривер - бившиот аргентински репрезентативец Матиас Алмеида (37).

Во 110-годишната историја на Ривер Плата ниту еден нејзин состав не испаднал во втората лига. Последната титула беше освоена 2008 година и оттогаш се' тргна надолу.

Прв пат по Пеле, Сантош победник на Купот Либертадорес

Фудбалерите на бразилскиот Сантос се победници на Купот Либертадорес - јужноамериканската верзија на Лигата на шампиони, откако во Сао Паоло славеа над уругвајскиот Пењарол со 2:1.

Со оглед на тоа што првиот меч во Монтевидео заврши реми без голови, играчите на славниот Рамаљо дојдоа до третиот јужноамерикански трофеј во клупската историја, прв по славните денови на Пеле во 1962 и 1963 година.

Домаќините поведоа со голот на Нејмар во 47 минута (негов шести гол сезонава во ова натпреварување), а на 2:0 во 69. минута зголеми десниот дефанзивец Данило (уште една 19 годишна надеж) по асистенција на искусниот играч од средниот ред Елано. Сантос самиот си ја искомплицира ситуацијата откако Дурвала во 80. минута си постигна автогол. Сепак, победата беше сочувана.

Инаку, мечот заврши со тепачка на теренот. Уругвајците (во пет наврати јужноамерикански прваци - последен пат 1987 година) не го поднесоа спортски поразот и ја предизвикаа тепачката во која покрај фудбалерите учествуваа и некои навивачи на домашната екипа.

“Така реагираат оние кои не знаат да губат“, изјави Нејмар по мечот.

Гаел Клиши блиску до Ливерпул

Дефанзивецот на Арсенал, Гаел Клиши, е пред вратите на Ливерпул. Неговите преговори за обнова на договорот со „топчиите“ тотално се закочија поради различните ставови на двете страни. Инаку, Клиши е желба на менаџерот на „црвените“ Кени Далглиш.

Гасперини доаЃа или Леонардо останува во Интер

Првиот човек на Интер, Масимо Морати, призна дека разговарал со тренерот на Џенова, Џан Пјетро Гаспарини, но потсети дека Леонардо се' уште е тренер на клубот.

„Точно е дека сум се сретнал со Гасперини, а можеби и ќе го ангажирам зашто се работи за посветен професионалец, кој одлично ја водеше Џенова во последните години. Сепак, не сум донел конечна одлука. Мора да ве потсетам дека Леонардо уште е тренер на Интер и ако тој моментно размислува за добрата понуда што ја добил од друг клуб, би можело да го повикам и да му кажам да остане во Интер, со кого се' уште има договор“, изјави Морати.


#
Статијата е прочитана 774 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
„Оне“ шести играч на кошаркарската репрезентација
Вардар, сепак, останува прволигаш!
Град Скопје со инфузија од 250.000 евра за црвено-црните
Славните личности во поход на Вимблдон
Ветеранката Дате-Крум и' извади душа на Венус
ФИА му ги крати крилјата на Ред бул
Илиевски на клупата на Бангладеш
Иванковиќ повторно кандидат за селектор

"""