Број 3613  петок, 24 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Спорт

ФИА му ги крати крилјата на Ред бул

Новите правила за моторите и за дифузерите како да се стокмени за тимот на Хорнер, но тој не е загрижен

Шефот на Ред бул рејсинг, Кристијан Хорнер, е убеден дека новата техничка директива од Меѓународната автомобилистичка федерација (ФИА) нема да има големо влијание врз неговиот тим. Фантастичниот почеток на сезоната за Ред бул би можел да се најде на испит почнувајќи од трката за Големата награда на Европа викендов во Валенсија, а имајќи ја предвид последната одлука на техничкиот делегат на ФИА, Чарли Вајтинг. Пред ова гран-при, како и во преостанатиот дел од сезоната, забранета е секаква измена во т.н. мапирање на моторот меѓу квалификациите и трката. Сугестијата е дека Ред бул во квалификациите сезонава користел екстремно нагодување, какво што е согорувањето повеќе гориво заради подобрување на перформансите, по што моторот за самата трка се нагодувал на посигурно ниво. Тимот ги освои сите седум пол-позиции сезонава, од кои само Себастијан Фетел шест, но и покрај неговите пет победи, таа изразита доминација не се преслика за време на трките.

Уште поважно, од Британското гран-при во Силверстоун ќе бидат забранети и дифузерите. Тоа е уште еден дел за подобрување на перформансите што го користи жешкиот воздух од испусните гасови кога возачот не забрзува.

И покрај тоа што многумина сметаат дека промените во правилата се направени за да го забават Ред бул, Хорнер не мисли така.

„Се сомневам дека тоа ќе влијае врз нас повеќе или помалку отколку врз кој и да е друг тим“, вели Хорнер.

Имајќи го дизајнерскиот гуру Адријан Њуи во својот табор, може да се очекува дека Ред бул до трката во Велика Британија ќе најде начин за да го надмине секој потенцијален хендикеп.

Уште една причина за загриженост за Ред бул и за Хорнер сезонава беше нивната борба со системот КЕРС. На почетокот од годината системот што овозможува дополнителни 80 коњски сили во текот на 6,6 секунди по круг воопшто не работеше. Оттогаш наваму тој функционираше непостојано во едниот или во другиот нивен болид, но фрустрацијата од тоа ја покрива фактот дека Фетел води во шампионатот со предност од дури 60 бода, а тимот има 69 поени повеќе од најблискиот гонител во конкуренцијата на конструкторите. Во последната трка во Канада, во која доминираа влажни околности, Хорнер призна дека тимот „не ризикувал премногу“, но и додаде дека КЕРС им бил на располагање кога им било потребно.

Хорнер е уверен дека тимот напредува, додавајќи: „Тоа е се' уште нешто на кое напорно работиме. Фактот дека бевме во можност да го употребуваме системот за време на трка сам по себе значи напредок во однос на периодот од пред два месеца.


#
Статијата е прочитана 470 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
„Оне“ шести играч на кошаркарската репрезентација
Вардар, сепак, останува прволигаш!
Тренерскиот софтвер „Мурињо“ продаден во 180 земји
Град Скопје со инфузија од 250.000 евра за црвено-црните
Славните личности во поход на Вимблдон
Ветеранката Дате-Крум и' извади душа на Венус
Илиевски на клупата на Бангладеш
Иванковиќ повторно кандидат за селектор

"""