Иванов или Фрчкоски - ќе одлучат гласовите на елиминираните
За кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ гласале 343.374 избирачи, а за претендентот на СДСМ - 200.316
Катица Чангова
Ѓорге Иванов и Љубомир Фрчкоски се двајцата кандидати кои ќе се натпреваруваат за претседателската функција во вториот изборен круг што ќе се одржи на 5 април. Ова го објави претседателот на Државната изборна комисија, Александар Новакоски, на вчерашната прес-конференција. Тоа значи дека одлучуваат гласовите на елиминираните кандидати од првиот круг. Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, според првичните збирни резултати од гласањето, освои 343.374 гласа или 35,06 проценти и има предност од 143.000 гласа во однос на својот противник од опозицискиот СДСМ, кој ја доби довербата од 200.316 гласачи.
Стартот во битката за атрактивната фотелја на идниот татко на нацијата по две недели, како за Иванов, така и за Фрчкоски, е од нула гласови. Засега само може да се калкулира на која сметка ќе бидат испорачани околу 440.000 гласа од петтемина кандидати кои излегоа од игра. Новите изборни правила дефинираат дека изборите за шеф на држава ќе бидат успешни доколку гласаат 40 проценти од запишаните избирачи, односно 720.000 граѓани со право на глас. Со исполнување на цензусот, престижната позиција е достапна за кандидатот со повеќе освоени гласови.
Резултатите се добиени по електронски пат од 2.823 од вкупно 2.976 избирачки места, односно 94,86 проценти. На избирачките места со преброените гласови излегле 1.011.441 гласач, што значи дека одѕивот е 56,44 отсто. Бројот на неважечки гласачки ливчиња изнесува 31.943. Недостигаат податоци од 19 избирачки места кои не беа обработени. Тоа што завчера не се гласаше на 134 избирачки места во 32 општини со 12.556 гласачи поради временските неприлики со снегот, нема влијание на резултатот во освоените гласови за претседателските избори, информираа од ДИК. Извесно е дека по две седмици на овие локации ќе се гласа првиот круг за локалните избори, бидејќи резултатите се решавачки за советнички места.
Новакоски истакна дека на локалните избори што се одржаа истовремено со претседателските, 32 општини имаат градоначалник, во 45 ќе се трча втор круг, а за осум општини податоците не биле комплетно обработени. И за Скопје ќе се гласа уште еднаш по две недели, а граѓаните од скопските општини ќе се определуваат меѓу кандидатите Коце Трајановски од ВМРО-ДПМНЕ, кој освои 98.144 гласа, и претендентот на СДСМ и НСДП, Тито Петковски, за кого гласале 57.568 избирачи.
Од изборниот ринг за шеф на држава излегуваат петмина кандидати кои се тркаа за претседател. Изненадувачки голем е бројот гласови што на своите конта како трето пласиран и четврто пласиран ги прокнижија двајца кандидати, Имер Селмани од Нова демократија и независниот Љубе Бошкоски. Практично без никаква посебна инфраструктура Селмани ја доби довербата на 146.795 или 14,99 отсто, а Бошкоски ги има симпатиите на 145.638 или 14,87 проценти од гласачите. Дури тројца претседателски кандидати, Мируше Хоџа, Нано Ружин и Агрон Буџаку, севкупно обезбедија речиси ист број гласови колку што поединечно имаат Селмани и Бошкоски. За фаворитката на ДПА, Хоџа, првата жена која премиерно во Македонија се кандидираше за претседател гласаа 30.281 граѓани или 3,09 проценти, претендентот на ЛДП, Ружин, има 39.645 гласа или 4,05 отсто, додека кандидатот на Демократската унија за интеграција, Буџаку, има 73.567 или 7,51 процент.
Колку за споредба, на вонредните претседателски избори во април 2004 година, актуелниот шеф на државата, Бранко Црвенковски, во првиот круг како кандидат на коалицијата „За Македонија заедно“ имаше 385.300 гласа и мала предност во однос на Сашко Кедев од ВМРО-ДПМНЕ, кој ја доби довербата од 309.131 гласач.
Тогаш имаше четворица кандидати за претседател, а своите сили покрај Црвенковски и Кедев ги одмеруваа и двајца кандидати од албанскиот политички блок. Гзим Острени од ДУИ и ПДП обезбеди 134.048 гласа, а за Зуди Џелили од ДПА се изјаснија 78.269 граѓани. Освоените гласови во проценти беа: Бранко Црвенковски 42,49 отсто, Сашко Кедев 34,09 отсто, Гзим Острени 14,78 отсто, а Зуди Џелили 8,63 проценти од важечките гласови. Државната изборна комисија, која ја водеше Стево Пендаровски, дојде до резултатите врз основа на 1.690.900 обработени гласови од вкупно 1.695.103 запишани избирачи во Единствениот список, односно 99,75 отсто. Поточно, пресметките во бројки се темелат од изборите на 2.954 од вкупно 2.973 гласачки места. На избори пред пет години излегоа 934.640 или 55,14 проценти од вкупниот број запишани избирачи, што е убедливо најнискиот одѕив од 1990 година.
Narodot kaza - ubavo mu e so segasnata vlast. Ostanuva samo uste receptot za uspeh da im se prodade na Svajcarija, Svedska i Danska :))))))))
Од: miki maus
Датум: 24.03.2009 00:11:22
ce odluci narodot i ivanov ce bide noviot pretsedatel
Од: cao
Датум: 24.03.2009 01:03:09
samo uste trajanov vi fali za gradonacalnik.samo nikako da svatam za od levata ili desnata strana na vardar birate gradonacalnik.e skopje e makedonijo sto bese sto stana
Од: bt
Датум: 24.03.2009 01:04:37
onaj so dva zbora neznaj da svrzi ke ni bidi pretsedatel bravo!!!!
A Makedonija ke stani najgolemata komunisticka zemja so to so ke se vrati ednoumieto a Gruevski ke bidi vtor Fidel Kastro. A VMRO-vcite vikaat po SDSM komunjari haha
Steta so Boskoski ne vleze vo vtor krug so Frcko
Од: Marx
Датум: 24.03.2009 01:19:02
Ako moze nekoj pri zdrav razum i svest da glasa za Ivanov togas i zasluzuva da nema idnina. I nemoj posle da kukate, ke srkate toa sto ste nadrobile. Steta za graganite sto ke padnat "kolateralna steta,"bas steta!
Од: Iskra
Датум: 24.03.2009 01:31:31
Narodot ubo veli "Prvo skokni pa posle reci op", taka i so kandidatite za pretsedatel vo vtoriot krug. Nisto ne se znae kakvi kombinatorki ke ima no edno sakam da kazam: Bravo za G-dinot Selmani-Makedonskiot Obama, koj gi osvoi simpatiite na glasacite, i Bravo za G-dinot Boskovski koj sosema sam mnogu pametno i mudro sosema sam si ja odraboti kampanjata.
Од: make
Датум: 24.03.2009 02:19:50
Bravo narode ke izbereme pretsedatel gospodinot Ivanov e pravilniot izbor na gruevski ke ni ja e.. majkata na site ke ne vrati uste samo 100 godini nanazad.Mnogu pameten covek koga ke treba da pregovara za imeto so grcite toj ke poplace pa mozebi taka ke pomogne na nasata drzava.
Од: demokrat
Датум: 24.03.2009 02:52:29
Lani SDSM imase 232.000 glasovi ako ne se lazam, a ovaa godina "jakiot kandidat Frcko" edvaj sobra 200.000...!
Од: Trajko Kimov Negotino
Датум: 24.03.2009 03:43:20
Kade je onoj sto mnogu krsi noze: samo narodot mu gi skrsi i dvete noze na najgolemiot ugovarac sto nema perde na ustata Ljubomir Frckovski. Neka go fakaat vozot za Srbia.
Од: dedo dimo
Датум: 24.03.2009 06:12:13
Na vistina Makedonskiot narod e za zalenje .Pa koj mu dava 14%glasovi na Frchkovski ,se prashuvam dali vie glasate so um-odnosno so glavata ili so peticite . Bre zalen narod zarem li ovaj zalutan ikriminalec za presedatel ,ne se ponizuvajte tolku pa ova go nema ni vo AFRIKA .
Од: Tomce
Датум: 24.03.2009 08:24:13
Frle-nisto ne te spasuva.Furiozno ke zagubis vo 2 krug-za zal na vasite simpatizeri!!!
Од: sandra
Датум: 24.03.2009 08:26:42
So porazot na BONEVA, zapocna samounistuvanjeto na DPMNE. Sega "damata" moze da se vrati da sadi cuski i frenki zato sto tamu i e mestoto. A za vozvrat, ke dobie VIP subvencija od Vladata zatoa sto go dala svojot glas za zemjodelcite. Sega e na red IVANOV da go vratime vo kabinetot na "puemieot", da mu bide sovetnik, a toj za vozvrat da go zamoli d-r Novotni da mu drzi besplatni seansi za nadminuvanje na tremata. Za toa vreme, SITE ZA FRCKO!!!. Covekot e FACA i KAPACITET dostoen da ne pretstavuva pred svetot!!!
Од: zhika
Датум: 24.03.2009 08:35:34
Ushte ne e krajot, na Grujo mu treba ushte Ustavniot Sud da go zeme pod svoe. Otreznuvanjeto kje dojde mnogu brgu. So pari pred kampanja se se mozhe, ama kje dojde April, Maj, Juni. Ne deka SDSM ili nekoj drug sega mozhe neshto. Tie i taka se tapa za ekonomija, ama ova shto go pravi VMRETO kje se vrati kako golem bumerang. Pak kje se najde nacin Albancite da bidat krivi vo povtornata katarza na Makedonija. Sega site vo gluvceska dupka zatoa sto e na red strahovladata na VMRO koja nema dobro da zavrsi, zatoa sto sekoe ednoumie ima brilijanten pocetok i strasen zavrsetok.
Од: joco
Датум: 24.03.2009 08:37:08
Erol i kompanijata sega sto ke pisuvat!Dali ke pisuvat protiv narodot!Morate da smenite nesto zasto vesnikot mora da bide neutralen!Ova e uste eden katastrofalen poraz na vasite puleni sdsm!
Од: Trajko
Датум: 24.03.2009 08:51:50
So gospod napomosh.Shto ni imat prorecheno narechnicite na trechata vecher,toa ke se sluchi na Makedonija.Mozebi na narodot umot ke mu doi no kasno da ne e.
Од: neopredelen
Датум: 24.03.2009 08:54:27
Samo edno znam:G-dinot Ivanov ne e ni 30% onoj demokrat sto bese na site seminari, simpoziumi, koj proklamirase razumno i demokratsko odnesuvanje i koj sekogas se istaknuvase nad negovite neistomislenici, Greota sto ovoj Gujo mu ja zatvori ustata, Ako e pameten AKO bide pretsedatel ke mu go svrti grbot i ke raboti za interesite na site, ako ne ostanuva POSLUSNIK.a takov NE NI TREBA. Prets, treba da e LIDER, siguren vo svoite stavovi, chovek koj ke go vodi narodot.Vakov Ivanov ne ni treba.
Од: pedagog
Датум: 24.03.2009 09:00:01
Od tie prokletnici sto samo znaat da ponizuvaat,omalovazuvaat,da se ismeejuvaat na se sto e podobro od niv ne mozeme da se pretstavime kako narod sto se pocituva samiot sebesi.Zatoa sosedite ne sopnuvaat na sekoj cekor.SRAM davi e!Gjorgji Ivanov zasluzuva da bide pretsedatel na MAKEDONIJA!
Од: Nikola - Germanija
Датум: 24.03.2009 09:32:07
Mi se gadi od pretstavata "Kosmodiskokratot" Ivanov,koj ja sporeduva MK so Kafeana,da stane pretsedatel.No,me tesi moeto ubeduvanje,deka i koj da pobedi,kompromis so Grcija mora i ke ima.Ne deka go sakam toa,tuku od prosta pricina sto ne postoj teorija deka GR ke otstapuva od segasnata pozicija i vremeto nemilosrdno raboti protiv MK.Toa go znae i vladata.Mozebi taa i ovoj pat ke triumfira,no narodot godinava ceka rezultati-barem vizna liberalizacija("vl").No na zapadot mu se zdodevi veke od Gruevski,i ne isklucuvam "vl" da poceka podobri vreminja.Vpecatlivo e deka pod SDSM MK mnogu pobrzo cekorese na evroatlantskite integracii i MK sekogas koga DPMNE e vlast fundamentalno se tresi i se doveduva vo prasanje na opstanok!Frckoski,nasproti Ivanov,e covek so svoe "JAS" i e najdobar garant za kontrola na vladinata rabota i ke predizvkuva opstestvena diskusija.Nema postoj li takva diskusija,vo toa opstestvo nema napredok!Od Rejtinzi i preimenuvani objekti ne se ranat decata na Makedonija!Poz
Од: bmw
Датум: 24.03.2009 09:32:55
znaci so ivanov izolacia za mk nema idnina za nas
Од: Za demokrat
Датум: 24.03.2009 09:35:27
На 5 април граганите ке дадат глас и ке си ја запечатат судбината.Се` е во наши раце ,борбата меѓу партиите беше за локалните избори, но за претседател навистина ни треба човек со свои ставови и политичко искуство.Огледало на државата.А demokrat си се побркал нешто ,Сдсм имаше 230000 иљади гласови заедно со коалицијата Нсдп ,Лдп ,а сега самостојно 200000 гласови, вежбај математика ,Вмро на минатогодишните имаше скоро 480000 иљади гласови, а на годинешниве скоро 350000,Во математика постои операција плус и минус, потрудисе малку,тешко е ама корисно.
Од: Tode - Sydney
Датум: 24.03.2009 09:46:49
Me raduva sto gospodinot profesor dobi 143.000 glasovi poveke od Frckovski.
Se somnevam za vo vtoriot krug da ne se povtori
istoto koga se kandidira Petkovski(vodese so 180.000
glasovi, a bitkata ja dobi pokojniot pretsedatel Trajkovski.
Од: За Za Demokrat
Датум: 24.03.2009 10:18:41
Еве една математика и за тебе. Ако сдсм имала 230.000 гласови со лдп (сега има 200.000) и лдп т.е. Нано има околу 40.000. Проста математика, сдсм не мрднала ни педа напред (освен дополнителни 10.000 гласови ако ти ве прават среќни). Ако вмро имало 480.000, сега има 350.000, и плус гласовите што се одлеаја на Бошковски т.е. 150.000, значи повторно ништо не е сменето. Искрено, јас неможам да ја видам таа победа и будење што го прокламира сдс(м). НЕзнам за тебе!!!!
Од: nemir
Датум: 24.03.2009 10:49:26
Na site im e polna ustata so narodot.
Ama neka ne zaboravat deka skoro polovinata od narodot ne izleze na glasanje, a od drugata polovina sto izleze, 35 % osvoeni glasovi ne mu dava na nikogo pravo da zboruva vo ime na narodot.
Од: Goran
Датум: 24.03.2009 11:08:42
Eve be "za demokrat" - jas ke ti razjasnam: glasav za Ljube, ama ni na son nema da glasam za Ivanov vo vtor krug! Tvojata vesela matematika proagja samo kaj takvite kako tebe sto vo ogromen broj gi zaposednaa funkciite vo drzavata,a do preklani imaa slika od Branko C. vo novcanik. Od komunjarite vo SDSM ima imalo i polosi - komunjarite vo VMRO!!!
Од: jas
Датум: 24.03.2009 11:10:02
Eve Vi malku matematika za vtoriot krug i od mene
Za Frckovski 200000 glasovi od priot krug , plus tie na Boskovski 145000,plus tie na Nano 40000 plus tie na Selmani 146000 .Seto sobrano e okolu 530000 glasovi .
A kutriot Ivanov ke si gi ima samo negovite 343000 plus na Bugjaku 73000 i nisto poveke.Da vi gi racunam kolku ke bidat za Gole "kosmodisk" ili sami ke si preracunate...Makedonija ne e glupava , znae deka ako izbere poslushnik za pretsedatel ne i' gini krajot!!!
Од: rampe,prilep
Датум: 24.03.2009 11:27:35
јас тврдам и цврсто сум убеден дека и на овие избори народот македонски гласаше против СДСМ,кој уште долго нема да им прости за нивните лаги и за нивното неработење во периодот од 2002 до 2006 год,кога СДСМ тотално го изгуби својот идентитет и својата партиска идеолошка матрица.Убеден сум и тврдам дека уште долго СДСМ нема да се врати на власт,а особено не со враќањето на Бранко Црвенковски,кој е главниот виновник за падот на рејтингот на СДСМ
Од: matematika
Датум: 24.03.2009 12:14:45
Teoretski, razlikata e +0.07% vo korist na opozicijata, da pobedi vo vtoriot krug. No za nekoja nedela ce vidime prava matematika. No bi sakal Ovca od EU da mi pojasni dali znae ili se pravi lud - Kolkav e rasizmot vo Svajcarija, Svedska i Danska? Gi fali na cel glas. Ne e prashanje dali ima ili ne rasizam, tuku kolkav e?
Од: glasac
Датум: 24.03.2009 13:28:36
Jas kako i mnogu drugi istomislenici 145637 na broj koi glasavme za Ljube patriot makedonski siguren sum deka nema ama voopsto da glasame za poltronot na Gruevski koj nema svoe JAS ie mnogu nesposeben pozdrav
Од: Od Ohrid
Датум: 24.03.2009 14:15:57
prodolzenie treto
vo razgovorite za ,,imeto,, treba da se koristi primerot na izrael, kuvajt, avganistan, ceska, moldova, germanija i polno drugi drzavi koi ne se prostiraat na celata teritorija... problemot se resava so opisniot del na imeto.
Од: dejan
Датум: 24.03.2009 14:56:08
Mmmm mnogu nadez za VMRO ama ke im iscezne zaboravaat deka selmani i boskovski imaat zaedno 300 iljadi glasovi , nema kaj da begate a pogotovo koga ke izleze nedovetnion na duel. Togas prasanje ke bide dali i 100 iljadi ke zeme.
Од: sasi
Датум: 24.03.2009 15:07:35
Najgolemiot del od glasackoto telo za Boskovski nema da gi dade glasovite za Ivanov vo vtoriot krug - toa treba na site da im e jasno
Од: До „dedo dimo“
Датум: 24.03.2009 16:07:49
Дедо Димо,склероза а,склероза?Пуста старост,ама држи се.Знам дека нема лек за таа болест,ама сепак не губи надеж.
Од: СуисајдМесаја
Датум: 24.03.2009 16:10:20
Jas da sum kako Dzole pak kje pojdam kaj Mlekarite da gi prokolnam do 7mo koleno
Од: Бежанец
Датум: 24.03.2009 16:22:12
ДПМНЕ-вци, да го оставевте тој изгубениот со кого 24/7 мора да има професионална екипа за да му кажува што треба да прави и каде да оди, и при сето тоа пак е најизгубен падобранец, да гооставевте сам да си ја води кампањата како Брат Љубе, да не бевте на власт како што не е Љубе за да ја затрупате Македонија со рекламно ѓубре, ако освоеше повеќе од 3% ќе беше за во Гинис. Надевајте се дека за таков шупоглавец ќе гласаат тие што гласаа за Брат Љубе. Комуњари пребоени сте само за функција сите вие во ДПМНЕ, новоседелци.