Рикер: Добрите избори се заслуга на граѓаните
„Овие избори, пред се', поминаа добро“, изјави вчера американскиот амбасадор во земјава, Филип Рикер, според кого кампањата беше спроведена во позитивна атмосфера и оти многу проблеми од минатиот јуни се надминати. „Заслугата е главно на властите, на ДИК, а голема заслуга секако имаат и граѓаните кои излегоа во голем број, разбирајќи колку се важни овие избори за нивната иднина“, изјави Рикер по објавувањето на прелиминарниот извештај на меѓународните монитори за изборите. Според него, сега треба да се свртиме кон вториот круг избори и да се сетиме дека тие се подеднакво важни за целосната слика за успешни и фер избори во Македонија. Американскиот амбасадор упати забелешка за заплашувањата на гласачите, а порача дека „на долги патеки властите ќе треба да се позанимаваат со гласачките листи и да ги решат“. (Т.Г.) |