Гласањето покажа дека ВМРО-ДПМНЕ се' уште триумфира, но и дека има знаци на разочарување кај граѓаните
Соња Крамарска
Завчерашното гласање за избор на претседател на државата и за градоначалници и советници на општините покажа дека конзервативната десница предводена од ВМРО-ДПМНЕ се' уште триумфира на политичката сцена во Македонија, но дека веќе се покажуваат првите знаци на опаѓање на довербата на граѓаните кон неа.
Првичните резултати од изборите покажаа дека кандидатот во претседателската трка од ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорге Иванов, има освоено 343 илјади гласа наспроти опозицискиот кандидат Љубомир Фрчкоски со 200 илјади гласа. Тоа, споредено со минатогодишните вонредни парламентарни избори на кои владината коалиција однесе победа со 481 илјада гласа, а опозициската освои 233 илјади, покажува кусок на гласови и кај двата блока, но кај ВМРО-ДПМНЕ кусокот изнесува 140 илјади гласа, а кај СДСМ и партнерите 33 илјади гласа.
Останува допрва да се прават анализи дали овој кусок на гласови на контото на ВМРО-ДПМНЕ е предизвикан од појавата на Љубе Бошкоски на овие избори, кој патем освои токму 145 илјади гласа, или пак е во прашање нешто посериозно со промена на перцепцијата на граѓаните кон владеењето на Владата на премиерот Никола Груевски.
Првите реакции по завчерашните избори се и дека во албанскиот блок партијата ДУИ, која цели шест години доминираше меѓу населението, претрпе голем пораз од Имер Селмани, кандидат за претседател од партијата Нова демократија, која е фракција на ДПА на Мендух Тачи. Селмани во претседателската трка освои 146 илјади гласа наспроти Агрон Буџаку од ДУИ, кој освои 73 илјади гласа, што се помалку од 126 илјади гласа на ДУИ на ланските парламентарни избори.
Очигледно е дека односот меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во Владата го зеде својот данок и ДУИ го губи приматот на главна политичка партија во албанскиот камп, што ќе значи дека лидерот Али Ахмети или ќе треба да го менува курсот на својата партија или ќе се соочи со непријатни прашања.
И неколку други трендови можат да се забележат по затворањето на гласачките кутии и пребр��јувањето на гласовите во неделата вечерта на 22 март. Првиот е дека, и покрај очекувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе оствари двојна и трикратна предност во однос на ривалската левица, резултатот од претседателската трка покажа дека нивните очекувања, сепак, биле преголеми. Тоа го наметнува прашањето и за предизборните анкети кои покажуваа двојна и тројна предност на Ѓорге Иванов во однос на Љубомир Фрчкоски, а сега првпат по неколку изборни циклуси се покажаа како непрецизни.
Друг тренд што е забележлив на овие избори е вртоглавото тонење на ДПА. Оваа партија на минатогодишните избори освои 81 илјада гласа, но сега нивната кандидатка за претседател Мируше Хоџа освои околу 40 илјади гласа. Несомнено е дека во албанскиот политички камп се јавува нова сила во партијата Нова демократија на Имер Селмани, со која треба да сметаат и албанските лидери, но и македонските, бидејќи прават коалиции со овие партии.
Пред одржувањето на изборите, ВМРО-ДПМНЕ во своите симулации му даваше на Бошкоски до 50 илјади гласа, но тој ги изненади. Вчера Бошкоски триумфално соопшти дека ќе биде фактор на одлучување во втората рунда гласање за претседател.
Иако е извесна победата на Ѓорге Иванов во вториот круг од гласањето на 5 април и засилувањето на политичката моќ на Груевски, комбинаториките веќе стапија на сцена. Клучните прашања се кому ќе му ги подарат своите гласови Љубе Бошкоски и Имер Селмани, чиј вкупен мираз е околу 280 илјади гласа. И дали граѓаните што гласаа за нив, во втората рунда ќе излезат на гласачките места или, пак, ќе останат дома. Првите прогнози се дека Селмани ќе се приклони кон својот пријател Груевски, додека пак гласовите на Бошкоски може да останат надвор од атарот на десницата или да не доживеат политичка завршница.
Непосредно пред одржувањето на првиот круг од изборите, кандидатот на ДУИ, Агрон Буџаку, во ТВ-дебатата на А1 телевизија рече дека е природно да гласа за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорге Иванов, бидејќи се коалициски партнери, но не пропушти да додаде дека наклонетоста на ДУИ кон вмровскиот кандидат е условена со поставување Албанец за претседател на Македонија на следните избори.
Инаку, како индикатор за тоа кои се можните политички правци на движење на земјата по овие избори може да послужи изјавата на Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ дадена во еуфоријата по победата во првиот круг, во која тој рече дека „победила политиката што нема да го менува името на Македонија“.
Но, речиси истовремено со триумфалистичките пораки на ВМРО-ДПМНЕ, НАТО од Брисел прати порака до Македонија дека тоа е опасна позиција и дека македонскиот премиер Никола Груевски и грчкиот премиер Костас Караманлис се најнезгодната комбинација на личности од аспект на проблемот со името.
Иванов може и ќе стане претседател, но реално, политичкаѕта моќ на Груевски не се зголемува, напротив, вртоглаво тоне: каква ќе биде неговата моќ ако опозицијата ја врати довербата кај речиси половината од гласачкото тело? Груески ќе има проблем со легитимитетот, за моќта и да не зборуваме.
Од: miki maus
Датум: 24.03.2009 00:18:28
pretsedatel i preku 50 opstini e golema brojka.ne gledam kade padja gruevski i vmro.mislam deka se vo podem
Од: xxx
Датум: 24.03.2009 00:23:03
Ako Boskovski se prikloni kon Gruevski togas i toj ke me razocara.Zasega edinstveno vo nego veruvam.Vreme e zabeganiot da se trgne od politickata scena i da mozeme mirno da ziveeme za da ne go plakame i danokot za vozduhot sto go diseme.....Za replikite ne mi e gajle toa e moe mislenje.
Од: Честита диктатура
Датум: 24.03.2009 01:15:36
Овие избори без какво било сомнение ќе придонесат за натамошно зајакнување на диктатурата што владејачката партија ја практикуваше и досега. Опозицијата, но, исто така и интелектуалците имаат историска одговорност да го оневозможат враќањето на тоталитаризмот во државата! Добро би било да се размисли за издавање на независен весник, а по можност и основање на ТВ во кои интелектуалците би можеле слободно да ги изнесуваат своите критички забелешки на политиката на владата!
Од: Odgovor do Gruevski
Датум: 24.03.2009 01:42:09
Ovaa e strategijata na Gruevski vo izbori!!
1.Mnogu politicki partii predvodeni od DPMNE,mnogu dobro mobilizirani,podrzani od silnata propagandna masinerija na vladata!
2.Masovnite partiski vrabotuvanja,i posle i pred izbori,se vo direktna kontrola i ucena ako ne glasaat za DPMNE,se znae sto ke se slucuva so niv!
3.Potiknuvanje na nezavisni kandidati vo opstinite kade sdsm e posilna od DPMNE zaedno so 20 parti koaliconeri ili slicni iminja na partijata i kandidatite so sdsm!!
4.Vladata celata svoja investicijska programa ja planira i zapocnuva da ja izvrsi pred izbori!!
5.Prasanjeto za imeto,demagogijata sto se prodava do neobrazovanite makodonski glasaci,za nepromena na imeto,a istovremeno ke vlezeme vo NATO i EU!!
SDSM>Predlog do Crvenkovski:treba i toj da se angazira vo izborite,isto kako i Grujo sto napravese kampanja za svoite!Ovie izbori ne bea parlamentarni da sa angazira Grujo.Ako e taka,togas i Brane mora da se vkluci minimum vo vtoriot krug,da go mobilizira do max clens
Од: negotino
Датум: 24.03.2009 01:56:35
da i pistoli i dozvoli na svoite neranimajkovci
Од: ace djole francija
Датум: 24.03.2009 02:16:47
hahahha vidi koja sporedba ja pravat
a so ne napravete sporedba so gradonacalnicite
Од: miki
Датум: 24.03.2009 04:06:09
nemoj da bladate komunjari pa sdsm go pikna boskovski nevin vo hag,negovite glasovi se vmrovski,vo vtoriot krug rezultatot ke bide 3:1 za Ivanov.
Од: jimmy1
Датум: 24.03.2009 04:53:56
Ne gledam nisto deka e zasiluva mocta, a i da e zasiluva ne me cudi nisto koga site se slepci i vo lagite mu veruvaat. Veruvav deka i vo VMRO ima luge so napredni idei, no sega svativ deka site se slepci, se slepec do slepec.
Од: koki
Датум: 24.03.2009 07:52:16
Шти си дробеше Македонскиот народ, тоа нек си срка, наздравје да му е под водство на Грујо и Фамилијата... сега станавме Зимбабве во Европа... Наздравје Македонијо!!!
Од: Goran
Датум: 24.03.2009 08:33:47
Se soglasuvam so "cestita diktatura". Vreme e onie 10% pameten i svesen narod da se aktivira i preku razni formi (vesnici, tv, internet...) poleka da pocnuva da sozdava klima vo drzavava deka e nedozvolivo da ne vodat deca sto nisto ne napravile vo zivotot,a ne pak drzava da vodat - sakame da ne vodat najsposobnite t.e. elitata! Dosta ni e vekje od Vlatko Gjorcev, Ilija Dimovski, Vele Samak, Mile Janakieski, Igor Sema, Jani Makraduli, Emilijan Stankovic....!!!!!!!!
Од: македонец
Датум: 24.03.2009 09:00:26
ДО МИКИ
абе мики и 5:1 да биде мислиш ли ти дека ке осетиш несто подобро дека нешто се случува?
ако ти се толку типува оди во кладилница . ова се избори човече !!!!!!!!!!
Од: pozy
Датум: 24.03.2009 10:20:11
abe luge koga ke se svestite deka ovie sustestva i likovi koi glumat opozicija se za na gjubriste, kolku pobrzo se izgubat od javnosta tolku pobrzo ke ima konstruktivna opozicija i nekakov politicki balans, se dotogas ke si vladee VMRO i toa na raat, zasto fakt e deka lugeto rabotat, kolku toa i da ne vi se dopaga, nivnata rabota e vidliva i transparentna...
Од: dbreak
Датум: 24.03.2009 10:31:23
Ne samo shto tone Grujo, tuku tone sose cela pomosh od 30 partii shto se vo koalicija so nego. Ako beshe MAZ ke izeleshe SAM na izbori pa da se vidime. Kazuvashe prikazni za mali deca deka sam ke odi na izborite pa eden nedela potoa da koalicira so 30 partii. Seka ke kuka i moli kaj DUI da go podrzat, ke im veti 2014 Pretsedatel od Albanska nacionalnost (sho nema da moze da im ispolni), i posle godina toj ke ja kidne, a nie ke mu ja mislime so Goran, Gorgi ili Gore
Од: antula
Датум: 24.03.2009 11:20:04
Vo sekoja zdrava drzava za da funkcionira pozicijata treba da ima jaka opozicija. Ovde kaj nas ovie vo pozicija sakaat da ja snema opozicijata za da vovedat totalitarizam pa toa e celta na Gruevski neli,a ovie od opozicijata nikako da se potrudat da ja oporavat partijata se istite se vrtat. Im ukazuvam na ljugjevo sto navivaat za VMRO deka ova ne e fudbalski natprevar pa moive ili tvoive ke pobedat .
Se raboti za idninata nasa i nasite deca a vaka kako sto e nema da ima idnina.Ne se palete na patriotizam toa e nadminata rabota,ne zivejte od denes za utre, na kraj Gruevski i kompanija nema fala da vi kazat, odete napred vo civilizacija a ne nazad vo izolacija.
Од: Трпе
Датум: 24.03.2009 15:38:02
Ништо,друго не ни останува,осим на господа да се молиме.Радувајте се на диктатурата на мистер Рејтинг,кој живее само за својата популарност.