Број 2944  вторник, 24 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

ВМРО-ДПМНЕ не триумфира како што најавуваше

Наспроти блескавите оцени, сепак, и десницата и левицата го почувствуваа горчливиот вкус

Оливера Војновска

Главните играчи на локалните избори - владејачката коалиција „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, и опозицискиот СДСМ завчеравечер искажаа задоволство и блескави оцени за постигнатите резултати. Но, има ли простор за еуфорија или можеби наспроти јавно искажаните импресии, и десницата, предводена од премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, и левицата го почувствуваа горчливиот вкус по затворањето на гласачките кутии. Политичките аналитичари се на мислење дека исходот од првата рунда е под големите очекувања на владејачката коалиција, а од друга страна, иако опозиционерите направиле минимално поместување од незавидната ситуација, сепак, се' уште се премногу слаби. Впрочем, уште кога во партиските штабови почнаа да пристигнуваат првите резултати, беше јасно дека власта не триумфира онака како што беше најавувано.

Професорот Јове Кекеновски е уверен дека „ВМРО-ДПМНЕ со агресивната медиумска кампања и со парите што ги вложи очекуваше дека ќе има барем двапати повеќе градоначалници во првиот круг“. Кекеновски смета дека голем пораз за СДСМ е тоа што ги изгубиле Штип, Гевгелија, скопските општини, а извесно е дека ќе бидат поразени и во Скопје. Тој нагласува дека битката за поголемите центри, како што се Охрид, Струга, Велес, допрва претстои. „Интересно е како и дали ќе функционира договорот на ВМРО-ДПМНЕ со ДУИ за меѓусебна поддршка“, посочува Кекеновски и прогнозира дека во вториот круг ќе биде доста неизвесно.

Професорката Билјана Ванковска смета дека гледано низ призмата на локалните избори, барем на прв поглед, се чини дека се случија мали, ама потенцијално важни поместувања.

„ВМРО-ДПМНЕ, несомнено, се' уште е на победничката позиција, но доби опомена во неколку средини на кои сметаше на сигурен позитивен исход (Куманово, Охрид). СДСМ, со оглед на состојбата во која се наоѓа, се изненади самата себе со овие успеси“, вели Ванковска. Споредено со минатите избори, таа забележува дека СДСМ покажува од��едени знаци на закрепнување.

„Но, имајќи предвид дека до одржување следни избори ќе мине многу време, останува да се види дали опозицијата ќе ги јакне својата кондиција и издржливоста, односно дали власта ќе умее да се справува со се' поголемиот товар на победата. Може лесно да се покаже дека победата на ВМРО-ДПМНЕ е Пирова и дека наскоро ќе мора да почне да испорачува, а не само да ветува, што ќе биде потешкиот дел од задачата“, додава Ванковска. Притоа, напомнува дека концентрацијата на власт значи и дека граѓаните сега ќе знаат на која адреса да се обраќаат кога ќе се соочат со проблемите.

Инаку, се смета дека за да се прогласи победа на локалните избори, покрај Скопје, битно е да се освојат уште девет центри: Тетово и Гостивар (кај Албанците), Охрид, Битола, Прилеп, Велес, Струмица, Штип и Куманово. Во 1996 година опозицијата ги доби Скопје, Тетово, Гостивар, Прилеп, Струмица, Штип и Куманово. Во 2000 година опозицијата победи во Скопје, Битола, Прилеп, Велес, Куманово и Штип. А во 2005 година под опозициска палка беа Скопје, Битола, Прилеп. Важен репер е и вкупниот број гласови по советнички листи, бидејќи во некои општини некогаш се прават и неприродни коалиции за градоначалници, а гласови носи и личноста на самиот кандидат.

Премиерот и лидер на десницата, Никола Груевски, завчера обраќајќи и' се на јавноста околу 1,30 часот по полноќ, оцени дека „граѓаните на изборите и' дале поддршка на политичката опција која во изминатите 2,5 години донесе многу промени и реформи во Република Македонија“. Груевски, зад кого стоеја сите министри од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, со доза триумфализам во гласот соопшти дека „ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ’За подобра Македонија‘ во првиот круг ја добија довербата на граѓаните во 23 општини, наспроти СДСМ, кој победи само во четири општини“. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ги доби градоначалничките фотелји во четири скопски општини - Аеродром, Ѓорче Петров, Бутел и Гази Баба, освои неколку поголеми центри Битола, Прилеп, Штип, како и неколку помали градови и се прогласи за победник на изборите. За одбележување е тоа што во оваа изборна рунда во некои поголеми општини се случи промена во однос на расположението на гласачите од пред четири години: Штип, Гевгелија, Делчево, Виница, Кочани, Пробиштип, кои беа под водство на СДСМ, сега ги доби ВМРО-ДПМНЕ.

Социјалдемократите беа пресреќни што повторно победиле во Струмица и во Куманово, а ги задржале и Вранештица и Дебарца. Тоа за нив е знак дека почнува да паѓа власта на ВМРО-ДПМНЕ. В.д. лидерот на СДСМ, Зоран Заев, завчера понесен од славеничката атмосфера во неговиот изборен штаб соопшти: „Имаме одлични резултати и како претседател на СДСМ можам да кажам дека, сепак, постои добра европска иднина за Република Македонија. Овие резултати на локалните избори се само најава за постепеното паѓање на актуелната власт“.

ВМРО-ДПМНЕ: Извојувавме убедлива победа

ВМРО-ДПМНЕ вчера изрази задоволство бидејќи извојувале убедлива победа на претседателските и на локалните избори. „Ние продолжуваме и во вториот круг како првопласирани и одиме на сигурна победа“, изјави Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната прес-конференција. Тој рече дека ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту која било друга политичка партија во овие дваесет години не остварила ваков добар резултат. „Мораме да го споделиме нашето задоволство за тоа што одреден број општини позитивно не' изненадија. Свесни сме дека граѓаните неколку пати ни ја даваат масовно нивната поддршка и за нас тоа претставува преземање голем товар да направиме се' што можеме да ги придвижиме процесите во позитивна насока за Македонија“, потенцира Димовски.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ победи во првиот круг во 25 општини, што е апсолутно најголема бројка во историјата на сите локални избори во државава. „СДСМ победи во четири општини. Во однос на советничките листи, ВМРО-ДПМНЕ победи во 55 општини, а СДСМ во 10 општини, што значи соодносот е 5,5 спрема 1“, рече Димовски. Тој додаде дека во Скопје, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски, во однос на неговиот противкандидат од СДСМ, Тито Петковски, има сооднос од 2 спрема 1 во гласови. (Д.Р.)

СДСМ: Остваривме успеси, но веруваме во подобри резултати

Претседателскиот кандидат Љубомир Фрчкоски изборите ги оцени како слободни и мирни. Според него, ваквата атмосфера секако ќе и' помогне на Македонија да го врати својот заслужен рејтинг на патот до евроатлантските интеграции. „Од политички аспект, изборите за претседател во првиот круг покажаа дека владината гласачка машина, и покрај падот на своето влијание, успеа да му овозможи предност на својот кандидат, кој е најслаб од сите седум претседателски кандидати. Што е поважно, таа таквата поддршка ја доби со програма на речиси целосно игнорирање на интеграцијата на државава во НАТО“, истакна вчера Фрчкоски. За вториот круг Фрчкоски најави дека ќе се обидат да ги реорганизираат гласовите на сите други кандидати кои имаат програма за брз влез во НАТО.

„СДСМ на овие избори оствари неколку успеси. Победивме во неколку града во првиот круг, водиме во многу општини, а има уште многу места каде што ќе биеме изедначена битка во вториот круг“, изјави партискиот лидер на СДСМ, Зоран Заев, на вчерашната прес-конференција. Тој потенцира дека СДСМ на локалните избори освоил околу 300 илјади гласа. Како посебно значен тој го нагласи резултатот од претседателските избори. (Д.Р.)

Статијата е прочитана 3811 пати.

Испрати коментар

Од: девичанецот
Датум: 23.03.2009 21:26:41
Сепак, најслатко се смее, тој последен што се смее.
Од: miki maus
Датум: 24.03.2009 00:15:35
25 gradonacalnici vo prv krug.ne znam dali e mala pobeda nasproti 4
Од: struzanec
Датум: 24.03.2009 00:16:54
E bogami "ВМРО-ДПМНЕ не триумфира како што најавуваше"???????Kako ne koga tie osvoija 24 opstini vo 1 krug a SDSM samo 4???Ogromna e razlikata i ocigledna,i malo dete moze da zabelezi.I gradovi kako na pr: Kocani koi sto odsekogas bile bastioni na SDSM padna!Jas velam,neka se zadumaat gospodata od SDSM kade gresat,zosto vaka imame najslaba opozicija od koga postoi nezavisna Makedonija,a ne da brojat kolku glasa izgubil Grujo
Од: Makedonec vo EU
Датум: 24.03.2009 00:18:09
Nesomneno e deka VMRO pobedi. Prasanje e KOGO? Dali go pobedi SDSM - ili gi pobedi nadezite za integriranje na FYROM vo normalniot svet, kade dzeparlakot na tretooddelencite e povisok od platite na FYROM-skite inzeneri i doktori.
Од: Vmro nasa sudbina
Датум: 24.03.2009 00:18:34
25 gradonacalnicki mesta za vmro dpmne a 4 za sdsm e pobeda za sdsm? sdsm treba da se frli vo vardar so vakvi rezultati! Gorge Ivanov i Ljube Boskoski dvajca vmrovci osvija 500 000 glasovi a sdsm nsdp i ldp so frckoski 200 000 i sto napravile?
Од: mene
Датум: 24.03.2009 00:18:39
Tipicno komunisticko napisano .I vo porazot da si proglasite pobeda i da go terate narodot da se raduva .Kade vi e doblesta da napisete deka i sdsm pred izborite prognozirase golema pobeda i pocetok na krajot na ovaa nedovetna vlada. Tuku polesno vi e da se fakate za vmro dpmne ama veke i toa ne vi pominuva i ako vo najskoro vreme ne go promenite stilot na pisuvanje i baranje na greski ne gledam so sto bi go promenile mislenjeto na narodot
Од: Сергеј - http://www.otpor.net.tf
Датум: 24.03.2009 00:21:28
Лично мислам дека одуката на СДСМ да настапи самостојно на овие избори беше „машка“ одлука. Сигурно не е едноставно една партија која изгубила на два претходни изборни циклуси да реши сама да се соочи со една премоќна коалиција и при тоа ште да успее да им ја загорчи идилата. Затоа, честитките се за опозицијата, а не за власта.
Од: Струмица
Датум: 24.03.2009 00:22:47
Заев 21.446 Бонева 14.198 Дали Заев украде 8 милиони евра кажа народот. Оваа влада не ја бидува за работа и подобровање на економската ситуација, но затоа и давам чиста 10тка за правење сценарија против опозицијата, за пропаганда, за лажење, за трошење, за заплашување, за тепање на народот..... Секој народ добива таква власт каква што заслужува.
Од: mitko_viktorija australia
Датум: 24.03.2009 00:24:30
pozdrav do graganite na mojata zemja, steta sto ne osetile sto e kvaliteten zivot vo SILNA DRZAVA koja besprekorno funkcionira, kade pola od lugeto ne znaat koj im e premier, a koja partija na vlast, samo se razmisluva kade ke se odi na odmor, kako ke se trosi nedelnata plata, kade ke se izleze vo restoran. Steta za segasnite generacii vo Makedonija na koi im e unistena moznosta za kvaliteten zivot.
Од: MKD
Датум: 24.03.2009 00:42:24
I pokraj toa sto so vakvi ocajni i rezultati,rakovodstvoto na SDSM smeta deka e pobednik na izborite (se taka neka pobeduvaat),obicnite clenovi i simpatizeri na ovaa partija priznavaat deka pretrpele uste eden katastrofalen poraz i prosto se gnevni na laznoeuforicnite izjavi na Emilijanco kolku mnogu bile jaki.SDSM edno zaborava.Na celo na VMRO e Nikola Gruevski,a ne nekoj kako BC koj namesto da gi resava problemite na graganite za sto go glasaa vo 2002 g. si se skrasi vo pretsedatelskata fotelja i gi ostavi zeskite kosteni na svoite pajtasi.VMRO za vodac ima covek koj ne e kako Zaev,koj dodeka negovata partija bezmalku gubi nasekade,se veseli so muzika i lepi pari na romite i e daleku od tamu kade sto treba da bide vo tie traorni momenti za partijata na koja e pretsedatel,pa makar i da e v.d.Ete toa e lidersipot na SDSM.Pa SDSM-ovci ke se svestite li,ili uste ke go cekate BC da Vi se vrati
Од: Никола
Датум: 24.03.2009 00:49:05
Јасно е дека постои извесно намалување на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ и извесно зголемување на СДСМ. Тоа треба да биде повод за власта да се преиспита себеси.
Од: Објективно гледање
Датум: 24.03.2009 01:00:24
Со сигурност може да се каже дека доколку овие избори беа на есен, а не 7-8 месеци по парламентарните избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе доживееше тешок пораз! Наскоро луѓето ќе согледаат дека уште еднаш беа измамени со офанзивната пропаганда и силните „лопати“ при поставувањето на камен-темелниците на објекти кои нема да се градат во мандатот на оваа влада!
Од: Iskra
Датум: 24.03.2009 01:52:50
Sepak smetam deka narodecov e toj sto go dava posledniot zbor, mu se dopagalo toa nekomu od partite ili ne. Primer za toa se glasovite koj gi dobi G-dinot Selmani i G-dinot Boskovski.Tamu kaj sto e pobedenikot i gubitnikot vo nekoja opstina veruvajte bez razlika kolku da se trudat partiite da gi zadrzat ili postavat, nema da mozat ako kandidatite se dobro oceneti od glasackoto telo, sto objektivno se slucuva i sega na ovie izbori. Nekoj koj bil siguren deka ke pobedi - izgubi, znaci ne go bival, a onoj sto pobedil povtorno znaci pokazal rezultati.Taka treba i ponatamu da se odvivaat izbori bilo kakvi bile, no treba vreme nasiot narod toa da go sfati, a toa zavisi od mnogu faktori, a pred se od sopstvenoto ubeduvanje i trezveno razmisluvanje za sebe i za drzavata.
Од: Bitolcanka
Датум: 24.03.2009 02:15:37
Stvarno VMRO ne pobede kako sto ocekuvavme,mislevme deka podeleno VMRO(Lube Boskovski)ke im pomozi na komunarite,ali i taka bea deklasirani!Sega vo naredniot krug pokraj site glasovi od Albancite mozat da pobarat i pomos od Grcija za da ja nadomestat razlikata hahahhaaha
Од: do site GRUEVCI koj mislat deka pobedile.KOJA POBEDA??? Pa dpmne - Gruevski sam ne bi go pobedil ni Amdi Bajram. Kazete im fala na koaliciskite partii
Датум: 24.03.2009 03:28:09
Gruevci treba da PLACAT a ne da slavat. Neka si go poglednat rejtingot pa potoa neka se raduvaat. Tvrdea deka imaat rejting nad 32% a fakt e deka LAZEA jer so takov rejting trebase uste vo prviot krug sve pred sebe da zgazat pa sega neka si go vidat tocniot rejtingot i neka se zaprasaat dali e toa rejtingot SAMO na DPMNE ili i na site koaliciski partii so niv?! Koga bi bile sami kako sto SDSM imase smelost skoro SAMI da vlezat vo izborna trka E TOGAS ke si go vidat rejtingot. Toa dokazuva deka DPMNE NEMA nikakov rejting. Tie se slepuvaat so koalicijata i NE DAJ boze samo 2-3 od niv da go napustat Gruevski on e gotov. I ne samo toa tuku ovie izbori DOKAZAA deka na Gruevski vozot veke mu trgna nadolu i deka e samo prasanje na vreme koga ke tresne dolu. A za onoj pogore sto vika deka zaedno so Ljube demek dvajca vmrovci osvoile 500 iljadi glasa epa DOBRO ke bese isto taka da gi izvadis glasovite od koalicijata pa da se preracunas KOLKU vmrovski glasovi ke imase a tek isto i bez Ljube.
Од: canada
Датум: 24.03.2009 04:24:34
Deka SDSM treba da se menuva od temel se gleda od avion,ama deka VMRO_DPMNE e mnogu silna partija i ne e kiznaj kolku tocno. Ne e silata vo toa kolku opstini ke dobijat tuku kako ke go sprovedat toa sto go zboruvaat na site mitinzi pred glasajneto.Ili Vas vo Makedonija toa ne vi e vazno.Vazno e da ste od VMRO-DPMNE koga se na vlast za i vie da ste ili da ste od SDSM koga tie ke dojdat.Mnogu zalno posto nasata zemja koja ne izbrka od nea a bara nasa podrska ne funkcionira kako drzava.Na ovie izbori site ste gubitnici i pokraj site pofalbi.Samo ne ste svesni za toa.
Од: aleksandar,nyc
Датум: 24.03.2009 05:43:06
zaev sega pripazi,ne ke ima koj da te amnestira.
Од: sale
Датум: 24.03.2009 08:03:49
Вие и овие вашите имате ли поим што кажувате. Се топело влијанието на ВМРО а СДС се помрднал од дното. ВМРО си ги задржа сите градоначалници и им превзеде неколку на СДС. Само напред и незнам до каде ќе тоне СДС со ваквиот став поразите да си ги смета за победи
Од: Branko M
Датум: 24.03.2009 08:16:01
G-dja Vojnovska, Vije kade ziveete? Sakate da kazete deka osvojena, "zadrzana" Strumica e toa so sto treba SDS da se gordee i fali. Duri imame takva "opozicija" i vakvi "nezavisni" novinari VMRO ke vladee. Gi nema nigde, Bucko, Sekerinska i ostanatite vidni clenovi na opozicijata, i mesto da pisuvate za borbata sto se vodi vnatre vo SDS i negovoto skoro cepenje na uste dve partii, Vije ni frlate sol vo oci i raskazuvate bajki.
Од: Goran
Датум: 24.03.2009 08:20:11
Rezultatite se tragicni i pokazuvaat katastrofalno spustanje na kriteriumite vo politikata, odnosno dokazuvaat deka e polesno da se stane gradonacalnik ili minister nego da se dobie vrabotuvanje vo nekoja firma! SDSM mozese da napravi presvrt, no i tie lugje sto kolku-tolku vredea gi marginaliziraa(N.Popovski, Sekerinska,Buckovski,Spasov, Jordanovski...). Na neizziveanite i nesposobni decista i selancinja od VMRO im se sprotivstavuvaat so Sema, Makraduli i Emilijan...!? E pa sega, neka ne vodat uste najmalku 4 godini Gjorcev, Ilija Dimovski zvani Patec, A. Nikoloski, Ivica Konevski, Mile Janakieski i ostanatite karikaturi cij edinstven kvalitet e glasno i ritmicno rakopleskanje na Liderot!!!
Од: PRIJATEL NA [UTRACITE
Датум: 24.03.2009 08:45:17
Можам да сватам да мали нешта некогаш чинат задоволство но тоа е во секојдневниот живот но ако на избори во првиот круг загубиш со 23 напрема 4 на локални и140.000 гласови разлика на преседателски атоа го прогласиш за успех тогаш мора да нее нешто во ред со перцепцијата за успех или просто речено е мазохизам.Исто така СДСМ најавува бојкот на вториот круг за да пропаднат преседателските избори ( Бучковски на А2 ) со апстинирање на членството Со ова се покажува колку е губитничка позицијата на СДСМ.Посебно развеселува инвентивниот потпарол на СДСМ кој докажува да славна Дебарца е поважна од Битола.
Од: zabegan.
Датум: 24.03.2009 08:47:23
Сакале нејќеле едно мора да ни биде јасно ВМЛЕТО однесе убедлива победа во првиот круг.Како зошто треба да се размисли малку опозициата.А на народот како ќе му биде нека муа мисли што ќе си бараш и ќе си најдеш.СО сила може да се земи а не да се даде така да народот така одлучил и така нека биде.
Од: sirma
Датум: 24.03.2009 08:59:48
lele uste malku pa ke izleze deka vmro dpmne izgubi a sds vodi bog da cuva
Од: n.n
Датум: 24.03.2009 09:11:57
Odzemete gi glasovite na turcite na 6 romski partii na srbite i na bosnjacite ke vidite sto ostana za Gruevski
Од: btw
Датум: 24.03.2009 09:18:50
Da rezultatot e poveke od odlicen na opozicijata, osvoia duri 4 opstini, a vmro-dpmne osvoi 25 pa sega videte kolku e odlicen vo sporedba so vmro-dpmne, so znaci razlikata e 6,25:1 hahaha. Pa Makedonski narode dali gledate kako Ve lazat, sdsm vikat deka irezultatot e odlicen a gubat so 6:1 i vikaat deka e odlicen. Ako e odlicen rezultatot togas i vo vtoriot krug da osvoite uste tolku opstini i da ne placite poke, pa koga ke imate uste 4 opstini od koi 2 se sela bez kucina kiznaj kako ke vikate zamisli ke imate 8 opstini. Sdsm osvestise od spletkite i lagite sto gi plasiras na makedonskiot narod zatoa sto uste dolgo ke bidete na marginite na politickata scena vo Makedonija, ili pak za 4 godini nema i da bidete nekoj biten politicki faktor. Ajde tog
Од: citatelka 2
Датум: 24.03.2009 09:24:28
Што на народот бре дал МКД твојот Груевски, ај еднаш само наброј, не туку тропај! Дал на сопартијците, дал лажна слика на патриотизам, дал леб и игри, потрошил огромни пари на себе-рекламирање, има Фамилија зад себе.... , не го даваме името, но зошто драги мои, за да не остават уште некоја година да си ги наполниме џебовите, а вие наши сограѓани бидете и понатаму сиромашни и останете така! Ама името не го даваме!!!!!! И ДА Горан, имаш право 100%.
Од: Strana Gledano
Датум: 24.03.2009 09:54:35
Ova pracanjevo komentari e kako bolest! Ne mozish da se vozdrzish dodeka gi citash komentarite. Cacko vikashe ushte ve lazat Komunistine! Pobedata na VMRO e ocigledna, ne zatoa shto se tie mnogu dobri, nego zatoa shto SDSM bile mnogu poloshi, a nikako da im dojde pamet barem da bidat dobra opozicija i da rabotat za narodot i ovaa drzava, edinstvo vo nacionalnite interesi i sekogash protiv neprijatelot, nema dodvoruvanje na nikogo na smetka na nashata drzava, toa odma obicniot gradjanin go procituva i go kaznuva!
Од: Sofre
Датум: 24.03.2009 10:30:49
Кога во вашиот текст велите „Но, има ли простор за еуфорија или можеби наспроти јавно искажаните импресии, и десницата, предводена од премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, и левицата го почувствуваа горчливиот вкус по затворањето на гласачките кутии“, би сакал да ви поставам едно прашање: Кој е лидерот на левицата?! Коректно е кога го именувате лидерот на десницата, да го наведете и лидерот на левицата, бидејќи вака звучиме еднорако, налик на еднооко. Ваквиот контекст е она што го открива профилот на авторот на текстот.
Од: sedi madro
Датум: 24.03.2009 10:38:46
Би им укажал на сите читатели (очигледно симпатизери на ДПМНЕ) кои коментираа дека партијата на власт победила значително во однос на СДСМ дека г. Бошкоски и г. Селмани заедно освоија скоро 300,000 гласови и дека тие гласови се, всушност, одлеани од гласачкото тело на ДПМНЕ и на албанскиот политички блок. Самиот факт што околу 150,000 гласачи (кои, најверојатно, традиционално гласале за ДПМНЕ) се определија за г. Бошкоски а не за г. Иванов треба да е доволен за Груевски, ДПМНЕ, па и сите нивни симпатизери да стават прст на чело и добро да размислат што се случува и каде им оди државата (се надевам само дека од мислењето нема многу да ги здоболи главата)...
Од: Mene
Датум: 24.03.2009 10:50:48
SDSM Pak na vlast,kako sto bi otpeale Eurythmics "Sweet Dreams".Ima vreme decki pak ce se vratite za edno.........mnogu godini
Од: makedonka
Датум: 24.03.2009 11:38:21
Jas ne mozam da se iznacudam na ovie luge. Ajde da se prasame kako ziveeme denes. Kolku pati ni se kacija cenite na hranata, telefonot, kirijata, smetkite za struja voda, a vie na izbori zboruvate. Kakvi izbori kakva vlada be luge. Denes sme najsiromasni od bilo koga, a vie mi falete vlada a ja kritikuvate opozicijata. Za zivotot na narodot e vinovna vlasta a ne opozicijata. Zatoa mislite pred donesete odluka. Ke bideme patrioti so prazen dzeb. Ajde svestete se veke ednas ako ne za nas samite, togas za nasite deca.
Од: lenin 7 sekretari na skoj
Датум: 24.03.2009 11:47:26
Tocno e deka pobedi vmro no kako? Cenata na eden glas stigna i do 100 evra. Dali ima nekoj maz vo vmro da kaze kolku pari potrosivte za kampanjata? Ili toa ne e vazno vaznoe da se pobedi! Go nacekavte ovoj kutar narod pa go rabotite kako bavca. Alal neka vi e ama ke vi se vrati i toa mnogu brzo samo sto so vas i nie ke mora da go plakame cehot!
Од: piter od Germany
Датум: 24.03.2009 12:11:21
Гледано низ бројки, владејачката коалиција ``За подобра Македонија`` на изборите за градоначалници завчера освоија над 490.000 гласови, а на изборите за советнички листи, таа бројка изнесува 385.000 гласови, а имаше ``потфрлање`` кај претседателските избори кој освоија 40 иљади за советничките и 150 иљади зад градоначалничките, но треба да се земе фактот дека ова ке се поправи во вториот круг со гласовите на Љубе и Имер...
Од: Toni Suva Reka
Датум: 24.03.2009 12:29:42
Samo vremeto ke kazi za kratkorocntata vizijana na Grujo ke izlezi na videlina naskoro, Edinstvenoto mogu dobro za opozicijat e deka VMRO potrosi poveke od palniranaoto od budjetot za samo reklamiranje i na svoite koalicioni partneri, zatoa sto ne racunase na mnogu jaka opozicija. Toa gi kazuvaat statistikite i nema beganje deka imame pari na konto koga bevne vo vojna 2002. Sega za Crni Grujo e problemot kako da ja odrzuva taa glasacka masinerija posle izbori,goga site ke si go baraat obekanoto!! na site sto si obetil qa glasaat za toa treba da im dades plati ,penzii, subvencii i ost, a pari nema, nema vo bdjetot zardi sto se ptrosi se sto minata vlast ostavi. Industrijata bankrupt nema porast na GDP!!!! nema pari ni za glasovi!!!! Da zivee BUkefal, Hunzite i GRUJO i posekao MK vo unija so Zimbabve
Од: Pero Kavadarci
Датум: 24.03.2009 13:46:27
25 opstini vo prv krug, ne nam dali ne e triumfalno,i vo site pogolemi opstini so ostanaa vode vmro. Ne znam koja novinarka bese so napisa dek bese slab odzivot vo tikvesijata na miting ja pokaniv da dojde na proslavata sto bese vo kavadarci pa ne znam dali bese posto ne ja vidov ama pak ke ima proslava pa bi sakal da dojde da proslavime zaedno inaku odzivot na izlezenos vo kavadarci bese 68% najvisoka do sega vo kavadarci pozz
Од: dejan
Датум: 24.03.2009 14:57:48
25 gradonacalnici ama kade, jas kolku sto znam i ohrid izjavi gruevski deka go dobile a iskoci deka sdsm vodat tamu kako i za mnogu drugi mesta . Krajot go krasi deloto.
Од: Tревопасец храбар
Датум: 24.03.2009 15:58:25
ВМРО ДПМНЕ на советнички листи на ниво на република Македонија има освоено 385000 гласови а СДСМ 305000.СДСМ настапи сам без ниедна друга партија а ВМРО со околу 20 сателити од партии од кои само од турската околу 30000 гласови.
Од: Teodora
Датум: 24.03.2009 16:09:13
Jas ne sum od Strumica,ne ziveam vo Strumica,no koga tamu Zaev poobeduva,i koga Vladata besramno go apsi a glasnogovornickata na VMRO-DPMNE vo Sobranieto se nafrla na sekoj predlog od SDSM,a gi izgubi izborite vo nejzina Strumica,dava na znaenje deka Vladata na narodot mu prireduva parada-apsenja samo za da gi ponizi uspesnite lugej koi se od druga politicka opcija.A so nevideno zadovolstvo toa go pravi so istaknatite clenovi na SDSM.Ova gragjanite na RM trebaubavo da go apsolviraat i da pomislat pred da zaokruzat nekoe ime vo vtoriot krug na glasanjeto-zasto sekoe koe doagja od Vlasta e klonirano od nea,a taa se vide sto pravi.
Од: СуисајдМесаја
Датум: 24.03.2009 16:12:43
Po se izgleda najkiselo kje se smee Gruevski po 2 nedeli.
Од: T.A.
Датум: 24.03.2009 16:49:36
Nikoj nisto ne najavil, samo mozebi se nad, i opravdano. Ova e golema pobeda na VMROi ogormen poraz na SDSM. Tolku velicenje na samo 2 pobedi, na smetka na mnogute drugi. I, pred javnosta da velis deka si pobedil, a drugiot izgubil. Zalno, no i gledam psihopatoloski bolesti kaj nekoj. Zatoa, porazeniot neka se pomire so sudbinata, i ako po tretpat ne ja nauci lekcijata, nema pomos. Neka se soocat so realnosta, i neka pocnat da dejstvuvaat veke ednas pozitivno, za dobroto na Makedonija.Za malata iskra nadez videna pred izbori, neka se zablagodarat na Maliot brat Ljube. A, pustite zelbi za nasilni promeni na vlast vo Septemvri, e toa sega narodot nema da go dozvoli. Nikogas.

Најди! во Утрински
На прво место
Иванов или Фрчкоски - ќе одлучат гласовите на елиминираните
Бошкоски ќе формира партија?
Дамјановски го освои Куманово
Рикер- Добрите избори се заслуга на граѓаните
Македонија ја разбра и ја спроведе пораката од ЕУ
Трајановски и Петковски во трка за првата фотелја на Скопје
Селмани успешен во претседателските, но локално изгуби од ДУИ
Груевски ја засилува својата политичка моќ
ОДИХР
Александар Велики посилен од ефектот на Барак Обама
„Мост“- Изборите според меѓународните стандарди