Број 2944  вторник, 24 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

Александар Велики посилен од ефектот на Обама

Не се реализирала надежта во вториот круг да се најде Албанец

Од нашиот дописник
Тони Гламчевски

Нанси - Олеснувањето е главното чувство по првиот круг од претседателските и локалните избори, пишува франкофонскиот веб-весник „Курие де Балкан“, кој со големо внимание ги следи настаните на Балканот. Известувачот од Македонија нагласува дека не се реализирала надежта во вториот круг да се најде еден Албанец - Имер Селмани. За РФИ ова претставува неуспех за „Барак Обама од Македонија“. Што се однесува до кандидатот во водство Ѓорге Иванов, „Курие де Балкан“ забележува дека тој целосно се повлекол пред премиерот Никола Груевски, неговата изјава била дискретна за разлика од официјалното и „бескрајно“ обраќање на премиерот.

Сега албанското гласачко тело ќе треба да избере меѓу двајца Македонци и нивните гласови како и досега ќе бидат одлучувачки во вториот круг на претседателските избори. Според „Курие де Балкан“, остануваат отворени две можности: првата, дали Албанците ќе излезат на гласање и ако излезат, колкумина од нив ќе му ги дадат гласовите на кандидатот на СДСМ, Љубомир Фрчкоски.

Агенциски вести за резултатите од гласањето се пренесуваат речиси во сите Интернет-изданија на француските дневни и неделни весници и, според сите процени, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорге Иванов, е големиот фаворит за вториот круг од изборите. Тој и владејачката ВМРО-ДПМНЕ без проблеми ќе треба да ги победат социјалдемократите, на кои им недостигаат идеи.

Во сите извештаи се нагласува дека изборите биле успешен тест за европската иднина на Македонија и дека, за разлика од минатогодишните избори, тие поминале без инциденти. Француското меѓународно радио РФИ, нагласувајќи дека од првиот круг на овие избори излегла како голем победник владејачката ВМРО-ДПМНЕ, се осврнува и на предизборната кампања, која поминала во знакот на Александар Македонски. РФИ притоа нагласува дека Македонците уште долго време ќе чекаат пред вратата на ЕУ, а сеќавањата на славното минато на Александар Велики само ќе овозможат зајакнување на јавното мислење кај Македонците. Нешто што добро го сфатил премиерот Груевски, кој по враќањето на власт во 2006 има слаб биланс. Груевски беше избран со либерална програма и ветувања за странски инвестиции, кои се' уште се чекаат. Ефектот на Алексндар Велики е посилен од ефектот на Барак Обама, забележува РФИ.


Статијата е прочитана 1521 пати.

Испрати коментар

Од: cao
Датум: 24.03.2009 00:45:27
dobro e sto pretsedatelskiot kandidat od vmro,so svojata,neizjava,samo uste enas pokazal deka ke bide obicna marionetka na fam.gruevski.a dobro e sto zaborava deka budnoto oko na evropa gleda se.pa vo toj stil ni i prakaat i zaklucocite-deka uste dolgo vreme kecekame pred vratata na evropa ama zatoa so dignat patriotski moral.napred narode potomski na aleksandar makedonski..
Од: nekoj
Датум: 24.03.2009 01:27:05
Ova e glupost. Amerikancite ne izbiraa crnec tuku COVEK, so ideji, programa...licnost kakva nie mozeme samo da sonuvame.
Од: Iznenaduvanje
Датум: 24.03.2009 01:27:29
Prosto e neverojatno kako vlasta, koja sto ima katastrofalni rezultati, kako vo vnatresnata, taka i vo nadvoresnata politika, moze da zabelezi pobeda na lokalnite i pretsedatelskite izbori!? Ocigledno mnogu ludje mislat deka se uste moze da se sluci nekoe cudo, osobeno po ogromniot broj kamen-temelnici sto se postavija neposredno pred izborite i po silnoto perenje na mozocite vo poslednite tri godini! Medjutoa, treba da se ima predvid i faktot sto rasklatenaata opozicija e seuste vo komatozna situacija!
Од: miki
Датум: 24.03.2009 04:14:54
od koga francuzite se sekiraat za makedonija oni si go pokazaa pravoto lice vo bukurest, a selmani ne e obama.Obama stoi pod amerikansko zname, a Selmani pod albansko,a saka da bide pretsedatel na makedonija,i uste nesto selmani pukase po istiot narod sto saka da go izberat za pretsedatel.
Од: Branko
Датум: 24.03.2009 05:05:09
Do site kako "Cao" Gospodine sto ima loso da si ja sakas nacijata i drzavata.Zarem cenata za vlez vo EU I Nato treba da bide da se smeni imeto na drzavata i nacijata????Pa koja drzava vleze vo nato i EU so takvo baranje???.Na Makedonija voopsto ne i treba EU I Nato so takvi nedemokratski baranja.Kade e tuka demokratijata???.Neli gledate kolku se dvolicni vo primerot na blokiranjeto na Slovenija na Hrvatska site davaat napor Slovenija da popusti Zosto??? Hrvbatite se Katolicka zemja.Zosto Nikoj ne izleze javno od rakovoditelite i od EU i Nato da kaze deka grcija ne moze nekomu(Makedonija)da i nametnuva takvi baranja i javno da se kaze vo sto e problemot so grcija.Problemot ke bide resen koga grcija ke go vrati okupiraniot del na Makedonija.So toa ke se resi i Makedonskoto nacionalno prasanje.Najzalno e sto takvi raboti(Promena na imeto)se slusa i od takanarecenite naucnici znaci tie i samite ne si go znaat ili si go negiraat postoenjeto.Negiranjeto na Makedonskiot narod ne e od vcera .
Од: Големиот црв
Датум: 24.03.2009 07:50:23
Александар Велики е посилен не од ефектот на Обама, туку од ефектот на домашното предавство застапен од Фрчко и Љубе заедно.
Од: Македонија-З
Датум: 24.03.2009 10:27:01
Што мислеа французите дека некој може да го победи Александар Великиот Македонски,па бил тој да е Обама...Македонци мои доста е не чекајте некој да ви оправи државата,па било тоа да е ЕУ...за својата земја за подобар живот треба сами да се избориме...Македонија била секогаш поробена,па оттаму има народ кои е роб,но робовите веке треба да си го изберат својот водач,својот СПАРТАК да ги води..На Македонците им е потребен тој,не ЕУ ни НАТО....Инаку на дпмне им посакувам успех во нивното владеење,на сдс им посакувам и понатака да бидат кукавици и предавници на својот народ,а на народот им посакувам да си го најдат својот ВОДАЧ..Да живее Македонското име,да живее Македонија!
Од: dedo dimo
Датум: 24.03.2009 11:02:53
Ovie luge kako ovaj novinarot preteruvaat ili ne znaat da razmislat .Aleksandar beshe cral vojskovodec koj sakashe cel svet da go osvoi -odnosno da go ubedi da ziveat site vo edna mirna zemja na svetot .Toj se zalagashe siteravnopravno da ziveat i site svoj religii i adeti da si gi zadrzat isto kako i svojot lichen jazik .Aleksandar e Genij koj retko se raga i se dokaza pred siot togashen svet .Teshko e Obama da se sporeduva so Aleksandar a i toa e glupavo .Aleksandar vladeeshe pred 2300godini Obama e ushte ne dokazan za ova vreme - treba da se dokazi .
Од: do dedo Dimo
Датум: 24.03.2009 11:25:13
Mislam deka ne treba da se potpisuvas kako dedo Dimo bidejki spored vremeto koe go upotrebuvas koga pisuvas za Aleksandar proizleguva deka si negov vrsnik i cvedok na tie vreminja. Znaci treba da se potpisuvas kako pra-pra-pra-pra....dedo Dimo. Vtoro: cuden nacin na ubeduvanje imal Aleksandar. Tie sto ne se ubeduvale ostanuvale pokusi za glava. A takvi bile ne eden ili dvajca. Ako se zeme brojot na ziteli togas i denes nivniot broj verojatno bi bil adekvaten na denesni milioni lugje.
Од: Archelay
Датум: 24.03.2009 13:20:11
Toa (R)adio (F)rans (I)nternational e del od opstata euforija sto vladee vo svetot vo bitkata za opstanokot na lagite.Jas sum eden od tie sto so decenii ja sledam nivnata programa i kako zaklucok-sega mi e jasno zosto vakvo nesto deneska im se slucuva na Francuzite a ne daj boze toa da im prodolzi.Vo toj stil ja osporuvaat i makedonskata pripadnost na Aleksandar Makedonski pa duri i se ismejuvaat ako nekoj toa i dokumentirano go dokaze.Za sreka,trkaloto na vistinata i ponatamu nemilosrdno se vrti.A toa sto izrazuvaat zagrizenist deka zaradi toa sme bile uste po daleku od vratite na EU im preporacuvam da si gi podgotvuvaat svoite seuste ne rodeni vnuci da si go ucat arapskiot jazik namesto nivniot koj e vo izumiranje
Од: Od Canada
Датум: 24.03.2009 18:46:10
Do Dedo Dimo: Абе дедо Димо, тебе ама ич не те учеле на школо. Ти зборуваш исто како за Исус Христ. Да не имаш некоја икона на од Аце ис се молиш на него.

Најди! во Утрински
На прво место
Иванов или Фрчкоски - ќе одлучат гласовите на елиминираните
Бошкоски ќе формира партија?
Дамјановски го освои Куманово
Рикер- Добрите избори се заслуга на граѓаните
Македонија ја разбра и ја спроведе пораката од ЕУ
Трајановски и Петковски во трка за првата фотелја на Скопје
Селмани успешен во претседателските, но локално изгуби од ДУИ
ВМРО-ДПМНЕ не триумфира како што најавуваше
Груевски ја засилува својата политичка моќ
ОДИХР
„Мост“- Изборите според меѓународните стандарди