Број 2944  вторник, 24 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

„Мост“: Изборите според меѓународните стандарди

Граѓанската асоцијација изборите ги оцени дека биле спроведени во мирна атмосфера

Граѓанската асоцијација „Мост“ изборите ги оцени дека биле спроведени во мирна атмосфера и во најголем дел според меѓународните стандарди. Сепак, од „Мост“ укажаа на одредени неправилности за време на изборниот процес.

„Забележани се неправилности во спроведувањето на гласачката процедура, случаи на семејно и групно гласање, но не беа евидентирани никакви инциденти во и околу избирачките места“, изјави извршниот директор на „Мост“, Дарко Алексов, на вчерашната прес-конференција. Тој укажа дека набљудувачите на „Мост“ регистрирале пропусти во работењето со избирачките списоци, нарушена тајност на гласање и делење листови со инструкции како и за кого да се гласа. Регистрирано е и гласање без употреба на УВ-ламба и безбоен спреј и неадекватна идентификација на гласачите. Алексов додаде дека поради неповолните временски услови, гласањето воопшто не почнало на 92 гласачки места на кои „Мост“ имала свои набљудувачи.

Според резултатите на „Мост“, најмногу гласови добил Ѓорге Иванов, кој освоил 34,8 отсто од гласовите, Љубомир Фрчкоски има 20,1 отсто, Имер Селмани 15,2, додека Љубе Бошкоски 14,8. За Агрон Буџаку гласале 7,9 отсто, за Нано Ружин 3,9 и за Мируше Хоџа 3,4 проценти. Алексов нагласи дека добиените податоци се со 95-процентна сигурност и со маргина на грешка не повеќе од три отсто.

Во однос на изборот на градоначалник за Скопје, за Коце Трајановски се изјасниле 46,14 отсто, за Тито Петковски 27,38, за Шефкет Зеколи 10,72, а за Аргтим Нагавци 5,77. Мирјана Начевска освоила 3,62 отсто, Лазар Еленовски 2,72, Драги Колчаковски 1,24 и Страшо Ангеловски 1,09. Јанко Бачев добил 0,52 отсто, Душко Поповски 0,50, а Трпе Груевски има 0,30 проценти од гласачите.

Прелиминарните податоци на „Мост“ покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ освои 19 советнички места, СДСМ 11, ДУИ пет, ЛДП и Нова демократија по три, ВМРО-НП две, а Сојузот на Титови леви сили и независниот кандидат Мила Искреновиќ добиле по едно советничко место. (Ж.Х.З.)


Статијата е прочитана 155 пати.

Испрати коментар

Од: komentator
Датум: 24.03.2009 09:46:35
Gospoda od "most"..se iznakazavte za nepravilnosti ..da toa e vo red..ama nikoj od vas ne spomna ono najvazno a toa e deka na sekoe glasanje ..izbiracki spisok e se pogolem a gradanite na Makedonija se poveke i poveke APSTINIRAAT od glasanje... Toa e fakt koj najpoveke zagrizuva i ja odslikuva situacijata vo zemjata...Po..pat uste da dodam onie nasi nabljuduvaci koi celo vreme na izbornite mesta samo nesto ckrtaat vo svoite tefteri ..idniot pat da se oblecat soodvetno na sveceniot cin na glasanjeto i na rakav stavat lenta od koja partija se akreditirani..zosto vaka na nas ..gradanite glasaci poveke ni licat na "voajeri " koi ne deprimiraat...!!!

Најди! во Утрински
На прво место
Иванов или Фрчкоски - ќе одлучат гласовите на елиминираните
Бошкоски ќе формира партија?
Дамјановски го освои Куманово
Рикер- Добрите избори се заслуга на граѓаните
Македонија ја разбра и ја спроведе пораката од ЕУ
Трајановски и Петковски во трка за првата фотелја на Скопје
Селмани успешен во претседателските, но локално изгуби од ДУИ
ВМРО-ДПМНЕ не триумфира како што најавуваше
Груевски ја засилува својата политичка моќ
ОДИХР
Александар Велики посилен од ефектот на Барак Обама