И во белгиски цркви силувани малолетници
БРИСЕЛ - Вознемирувачки детали за, наводно, сексуална злоупотреба на малолетници од римокатолички свештеници во Белгија се обелоденети од официјален иследник на црквата. Петер Адријаенсенс изјави дека неговата комисија пронашла случаи на злоупотреба во речиси секоја дијацеза, и 13 наводни жртви извршиле самоубиство. Две тре��ини од жртвите биле машки деца, повеќето од нив на возраст под 15 години, но, исто така, и 100 девојчиња биле цел на напади, открива тој. Уште додава дека нема докази за систематично прикривање на случаите од страна на црквата. Бискупите еволуирале во нивните ставови откако соработувале со комисијата, и изгледа не ги сфатиле импликациите на нивните поранешни одлуки, наведува иследникот.
Белгија годинава беше потресена од откритијата за злоупотреба. Во април бискупот од Бриж, Рогер Вангилуве, поднесе оставка и призна дека сексуално злоупотребувал момче пред и откако станал бискуп. Адријаенсенс проговори 10 недели откако досиејата на комисијата беа запленети од полицијата која истражуваше случај за сексуална злоупотреба од свештено лице. Тој тогаш ја затвори комисијата, обвинувајќи ги обвинителите дека го искористиле како „мамец“.
Апелациониот суд во четвртокот донесе одлука дека полициските рации биле незаконски и запленетите документи не можат да бидат употребени од страна на обвинителите. Католичката црква во Белгија в понеделник треба да обелодени како може да бидат продолжени истрагите на комисијата. (Би-Би-Си)
|