Муслиманите на утринска молитва во центарот на Атина
Илјадници муслимански верници вчера на отворено на плоштадот Котциа во Атина се собраа за утринската молитва по завршувањето на постите за Рамазан Бајрам. Церемонијата ја извршија неколку имами, а меѓу верниците беше присутен и амбасадорот на Иран во Атина.
Тие, какошто беше речено во утринската емисија на телевизиј��та "Мега", се радуваат и се благодарни што годинава општината им дозволила да ја извршат молитвата на отворен простор, за разлика од претходните години кога молитвата била извршена во затворени простори, како олимпискиот стадион ОАКА. Веќе подолго време во Атина се шпекулира дека муслиманите доселеници може да почнат со погласни барања за изградба на џамија во градот. Во Атина живеат околу 700.000 муслимани од различни националности, но нема ниту џамија ниту муслимански гробишта. (М.П.)
|