Број 3379  сабота, 11 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Свет

За интеграција е потребно знаење на јазикот

Германската влада даде зелено светло за Програмата за интеграција, која ги поврзува и ги систематизира различните мерки за интеграција што ги преземаат сојузот, покраините и општините. Најважно е познавањето на јазикот.

Министерот за внатрешни работи, Томас де Мезие, при претставувањето на Програмата за интеграција в�� Берлин рече дека во Германија има од 10 до 15 проценти странци, кои немаат волја за интегрирање.

„Што значи тоа? Тоа значи да не се сака да се учествува во мерките за интегрирање, внатрешно оградување, желба за комуникација само меѓу себе, отфрлање на германската држава и комбинација од сето тоа“, рече Де Мезие.

Според министерот, 6,2 проценти од Германците го напуштаат училиштето предвреме, додека кај странците процентот на лица кои не го завршуваат образованието е 15 отсто. Најважен елемент при интегрирањето е и натаму - познавањето на јазикот.

„Најважно од се' е - јазик, јазик и јазик! И тоа колку порано, толку подобро! Тоа почнува со констатирање на степенот на познавање на јазикот во градинка, пред прво одделение и за време на основното образование. Toa е најважно за да се надминат дефицитите навреме“, вели министерот за внатрешни работи. Според Де Мезие, во Германија 1,1 милион странци не го зборуваат доволно германскиот јазик. (Дојче веле)


#
Статијата е прочитана 826 пати.

Испрати коментар

Од: Alek
Датум: 11.09.2010 19:44:13
Нека дојдат во Македонија, овде по рамковен ќе ги вработиме во државните институции иако не го познаваат македонскиот јазик.

Најди! во Утрински
Свет
9/11 Девет години потоа
Пасторот од Флорида нема да го пали Коранот!
Терористот пристигнал од Ингушетија
И во белгиски цркви силувани малолетници
Баросо плаќа новинари за да му го поправат имиџот
Солун викендов под полициска опсада
Закана за шведскиот јазик во Финска
Муслиманите на утринска молитва во центарот на Атина
ОН предложија „дијалог меѓу страните“
Србите најстар народ во Европа
Напредок во судството за членство во ЕУ
На улица 40.000 англиски полицајци