Број 3379  сабота, 11 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Свет

Пасторот од Флорида нема да го пали Коранот!

Да го запалеа Коранот, тоа ќе беше почеток на уништувањето на Америка, предупредија лидери на муслиманите

Религиозните и политички лидери низ муслиманскиот свет ја поздравија одлуката на малата американска црква да ги суспендира плановите за палење копии од нивната света книга, но некои посочија дека штетат�� е веќе направена. Отецот Тери Џонс од црквата во Гејнсвил, Флорида, предизвика меѓународен бес кога обелодени дека ќе го запали Коранот на годишнината од 11-септемвриските напади, што беше причина стотици (според некои извори и илјадници) лути демонстранти во Авганистан и во Пакистан да палат американски знамиња и да извикуваат „Смрт за христијаните“. Неговата одлука да го откаже планот, донесена во текот на ноќта кога голем број луѓе во Азија спиеја, беше дочекана со олеснување.

„Прекинат планот за палење на Коранот! Преовлада разумот“, им кажа лидерот на малезиската опозиција, Анвар Ибрахим, на своите следбеници на социјалната мрежа „Твитер“. „Фален Алах. Нашиот повик е: промовирајте мир и правда“. Меѓутоа, свештеникот Русли Хасби им кажа на 1.000 верници што присуствуваа на петочната утринска молитва во Индонезија, најнаселената муслиманска земја во светот, дека Џонс веќе „го повредил срцето на муслиманскиот свет“. „Ако го истуркаше планот, тоа ќе беше еднакво на војна“, изјави индонезискиот свештеник во крајбрежниот град Локсеумаве. „Војна што ќе ги обединеше муслиманите низ цел��от свет“.

Еден демонстрант е застрелан во протестот на илјадници Авганистанци, кои фрлаа со камења врз мала база на НАТО во североисточниот дел на Авганистан. Во Авганистан локалните официјални лица проценија дека околу 4.000 луѓе учествуваа во четврточните демонстрации во Махмуд Раки, главен град на провинцијата Каписа. Портпаролот на НАТО, Џејмс Џаџ, изјави дека станувало збор за 500 до 700 демонстранти. Свештеник во провинцијата Балкх изјави дека ако се спроведеше планот за палење на Коранот, ќе имаше демонстрации в понеделник во главниот на провинцијата Мазар и Шариф. Во градот има стационирани сили на НАТО.

Во централниот пакистански град Мултан околу 200 луѓе излегоа на улиците и го запалија американското знаме. „Ако го запалеа Коранот, тоа ќе беше почеток на уништувањето на Америка“, пишуваше на еден транспарент на англиски јазик, што го држеа демонстрантите, кои извикуваа „Долу Америка!“. (АП)


#
Статијата е прочитана 779 пати.

Испрати коментар

Од: imam
Датум: 11.09.2010 13:08:58
Amerika za prv pat pocustvuva strav od muslimanive e nema igranje so niv
Од: ?!
Датум: 11.09.2010 14:43:57
Ти ,кој се декларираш како имам,илјада од сто не си,немој така да потпалуваш.Кому му пречи денес што преовладува разумот?!Народе!Се знае кога немаш работа треба нешто да правиш,ама пак и да се експериментира со вакви теми,и да се прави игра и забава е недолично.Полека но сигурно привршува фазата на успешниот одпор,и имунолошкиот систем кој произлегува од книгата која сакаше да се пали.Затоа и најшашавиот кога ќе ја увиде оваа работа,експериментот треба да го исфрли во ѓубрето на историјата,како механизам за провоцирање.Кој сака преку провокација да си направи повод,знак е дека нема сигурно алиби за целта кон која стреми.На крајот на краиштата Тери Џонс,не е Америка,како што ти,имаму далеку си од примерокот во чие име говориш.

Најди! во Утрински
Свет
За интеграција е потребно знаење на јазикот
9/11 Девет години потоа
Терористот пристигнал од Ингушетија
И во белгиски цркви силувани малолетници
Баросо плаќа новинари за да му го поправат имиџот
Солун викендов под полициска опсада
Закана за шведскиот јазик во Финска
Муслиманите на утринска молитва во центарот на Атина
ОН предложија „дијалог меѓу страните“
Србите најстар народ во Европа
Напредок во судството за членство во ЕУ
На улица 40.000 англиски п��лицајци