Србите најстар народ во Европа
Бројната состојба на граѓаните на Србија на 30 јуни минатата година изнесуваше 7,3 милиони луѓе. Во студијата на Републичкиот завод за статистика од која е земен овој податок, се наведува дека природниот прираст во Србија и во 2009 година бил негативен. Имало повеќе починати лица од роден, и тоа за 33.701. Според истиот извор, толку жители има општината Ивањица. Минатата година од демографската карта на Србија е избришана една Ивањица и ако не се подобри оваа состојба, жителите во Србија ќе исчезнат за околу 218 години - два века плус полнолетство до крајот.
|